Преферирам бело злато, минимално. Досега немам носено жолто злато освен кога ми беа за прв пат дупнати ушите.
Ако би бирала меѓу злато и сребрно тогаш злато но бело злато ..Жолтото ми е некако ,чудно што ти јас знам..И никогаш не сум носела жолто злато..Пред година дена дечко ми ми даде ланче кое е многу значајно за него и од тогаш не го имам симнато од врат..Жолто злато е и само тоа е на мене
Двете. Најмногу ми се допаѓаат среброто и белото злато, иако имам и неколку парчиња жолто злато. Имам сребрено ланче и обетки кои ги носам постојано .
Знае ли некој по која цена иде откупот на злато? И каде низ центаров на Скопје освен во чаршија откупуваат злато...
Не сум забележала некој да носи злато, и јас имам златно ланче преубаво со убав превезок срце големко ама не го носам пошо никој не носи, а сребро повеќе носат