Повеќе сакам злато, и жолто и бело. Додуша, порано носев само сребро, ама сега со тек на време ( и години )златото ми е ептен по мерак. Имам една убава комбинација ланче, алка и прстенчиња, и супер ми прилегаат. Сребро носам краток период, обично летно време. Ама брзо ми се смачува, и пак се враќам на „светлуцавото“
Од жолто злато, само бурма признавам. Мајка ми на пример носи многу злато, и прстени има еден куп, и долго ланче со голем привезок, како да ограбила златара изгледа... Јас ништо не носам, и повеќе никогаш не би купила зошто никогаш нема и да носам. Бело злато и сребро е друга приказна. Би ги носела како секојдневен накит без проблем. И онака сега често носам бижутерија со сребрена боја, таман ми е.