зависи до убавината на накитот ако е убаво би купила и нешто жолто ама повеке преферирам бело злато и сребро
Бело злато или сребро. Жолтото не ми се допаѓа да го носам како ланче или белезика,прстен и ушници може некако да помине. Инаку моментално сум заљубена во мојата сребрена белезика,луѓе појма немате колку е нежна и прекрасна.
Барав некоја тема поврзана со ланчиња и злато-сребро и само на оваа наидов. Знаете ли колку вреди среброто и дали може да се менува.Имам 1 ланче и прстен ми ги даде баба ми одамна, ама не ми се свиѓаат па сакам да ги заменам или да ги продадам па да си купам нешто.Може ли во некоја златара да се смени, и колку вреди среброто по грам, дали само по грам го ценат и како оди тоа?
јас пред некое време барав нешто и најдов прстен(од баба ми) од античко сребро се убав ама пукнат на неколку места и го однесов да ми кажат колку вреди и да го заменам за нешто друго или да ми дадат пари и продавачкава ми вели тежи грам и нешто и одби некој грам од каменот и пресметува и ми вика околу 100 денари чини ова и јас целата прашалници како е возможно и ми рече дека среброто не вредело многу па да ти кажам ддека нема да можеш да земеш нешто многу убаво секако ако не доплатиш позз па пиши што си направила ако појдеш во некоја продавница
Да ,се цени по грам но откупната цена на среброто е многу мала,поточно не ти се исплаќа да го дадеш само колку да го немаш дома.
Злато во зима и сребро на лето. Инаку и Луничка ви пиша погоре откупната цена на среброто е никаква, па подобро да го чувате отколку да го даете џабе.
Знае ли некој колку чинат сребрените ланчиниња без додатоци (крстови, срциња и др.) во Скопје, и каде ги има по најдостапни цени? Поздрав!
@Betthany цената на среброто можеш да jа провериш онлајн, за да кога купуваш не те излажат. Од мое искуство, наjефтини сребрени работи имам купувано низ стара чаршиjа, таму имаш многу избор и плус ако знаеш да се ценкаш ќе можеш и поефтино да поминеш.
Фала,ќе проверам во чаршија, а дали случајно знаеш како се движат цените за сребро во Рубин Кармин-ГТЦ?