Дефинитивно повеќе сум за среброто, а од злато сакам исклучиво бело злато иначе највеќе сакам бижутерија и таа највеќе ја носам
Дефинитивно и јас сум за сребро а веќе ако мора злато тоа да биде бело злато. Ич не ми се свиѓа златото дали оти е жолто некако ич не убава боја ми е. Сепак зависи до вкусот
Да, носам злато, обожавам бело злато а и носам бело злато, ланче,обетки. Според мене, белото злато ми е понежно,поубаво некако за разлика од жолтото злато.Додека сребро ретко носам.
Колку ми е одбивно жолтото злато аууу бело злато Помина ерата на жолтилото од пред некои 5 години ако не се лажам .
И јас како и повеќето најмногу го сакам белото злато. Жолтото злато ми е некако одбивно, не ми се допаѓа и не го носам. Среброто ми е сосема ок и често носам сребро, исто така и бижутерија.
Еве неколку слики од жолто злато ,бело злато тоа е втората слика ,па послем мешано бело со жолто злато и ова последното е сребрено...сите се преубави........
Бело злато дефинитивно, мразам злато па такво жолто. Одвратно ми е.. селски некако. За моите години. За постари океј ми е злато. Ама повеќе сакам сребро, бело злато поженствено ми е
кога треба да бирам помеѓу злато и сребро би избрала злато, но најмногу ги сакам комбинациите со жолто и бело злато заедно.
Ми се допаѓа накитот изработен од сребрно, но не толку колку златото. Не сакам ни исклучиво жолто, ниту пак исклучиво бело злато. Многу ги сакам комбинациите од бело и жолто, така не ми изгледаат многу кичесто. Воопшто не ми се допаѓа кога гледам многу злато наредено на рацете, посебно прстени и тоа од жолто злато, затоа носам само по еден прстен на двете раце во комбинација од бело и жолто, па така мислам дека не изгледа воопшто пренатрупано и не би редела повеќе...
Нема потреба да пишувам, постов како од мене да е напишан. Никогаш не носам жолто злато едноставно не го сакам. Белото ми е ок, ама и тоа ретко го носам. А имаме доста особено од порано што ни подарувале како помали, а сега веќе сите се известени дека воопшто не сакам злато па и не добивам такви поклони. Деновиве другарките разгледуваат по златариве алки, прстенчиња за матура што ќе им купат поблиските единствено јас си стојам понастарана. Една па ми вика ти не знаеш што е вредно.. баш она најде да ми кажува со кичестите 5 златни прстени на рака, а рокерски стил.. ај молим ти измешани стилови и она не знае каде е И мене среброто ми се допаѓа, филиграни да ! Ама сепак јас повеќе се радувам на квалитетен накит бижутерија најсериозно . За мене е повреден и порадо го носам, ако златото има материјална вредност мене ми е битно колку нештото за мене лично вреди
Бело злато,и сребро... Жолто злато не,ептееен онака со некоја златна комбинација може да се вклопи... Но како и да е,белото злато е далеку поубаво,барем за мене. Прееубави.
Дефинитивно злато! И тоа бело. Имам една преубава алка искомбинирана од бело и жолто злато и многу сакам да ја носам. Сега како млада повеќе носам бижутерија, ама имам убав златен накит затоа што уште од мала сите поблиски роднини тоа ми имаат купувано за роденден и понекогаш го носам.
Aх овој проблем со матура го имав и јас Сите поканети роднини ме прашуваа и што сакаш подарок? Злато сакаш што најмногу ланче, прстенче, бразлетна што сакаш? И јас ваква На крај ја натерав мајка ми да им каже на сите дека не сакам злато и точка. На повеќето зборовите им беа ако де нека си го чува, златото вреди. И што ако чувам 10 прстенчиња дома кога нема да ги носам? Сум рекла не носам прстени златни и точка! А за некој месец се надевам ќе правам веселба за магистерска, пак ли ќе ги имам тие проблеми со луѓе неќам злато за подарок Многу другарки носам златни прстени со камче и стално ги прашуваа а вие верени сте? Доволно е во животот да имам само 2 прстени. Би сакала едниот да е од Тифани&Ко (пуста "скромна" желба де )
Леле Росоњерка истиот проблем го имав и јас !!! Накит носам , ама бижутерија. Злато и сребро не сакам..едноставно не ми одговара со стилот и немам носено откатко имав 5 годинки. И за матура и моите ми купија прстен и поблиските роднини кога запнаа прстен та прстен. А јас таква , ама јас сакам преса за матура (баш тој период ми се скрши старата) Ми се изнасмеаа за мојата желба и на крај пак ми купија прстен. Навистина многу ми се допадна прстенот , го носев вечерта за матурата, ама ми е криво што ми е подарок од личности коишто ми се многу блиски и да точно е дека ќе ми остане спомен , ама јас пак сакам нешто што ќе си го носам секој ден... Ајде можеби кога ќе бидам постара и поозбилна ќе ми одговара со стилот, ама сега за сега стои во кутија заедно со другиот накит кој е златен или сребрен.