Море сега како што му рипна цената на златото, како си ги собирам тие округлите привезочињата со букви и оние трите - вера, надеж, љубов (крвче, сидро и срценце), охохо, се чувствувам ко права богаташка...
Сакам злато. Многу. И јас и дечко ми носиме злато. Имам на десната рака 2 прстена, и една алка и една нараквица. Кога би имала малку повеке вишок пари би си купила уште една нараквица. Имам и еден куп златни обетки но не ги носам бидејки ми ги иритираат ушите.
За преку ден, на школо најчесто носам сребрени обетки имам многу и секогаш ги менувам, понекогаш носам и сребрено ланче, зависи..сребрен накит имам повеќе и повеќе преферирам да го носам , ама не викам дека не носам ни злато, сакам злато и бело и жолто (само да не е многу накинџурено да се осеќам ко теткица) знам да го вметнам во некои комбинации и најчесто носам златни обетки и ланчиња и тоа само за излегување а не секој ден.
Јас си носам и злато и сребро, можеби малку повеќе сребро бидејќи среброто одговара на се Имам и бело злато кое повеќе ми се допаѓа од жолтото дека денес ретко може да се најде убаво жолто злато , злато кое ќе биде оригинално и нема многу да свети и да мава на жолта боја ..мразам такво светкаво бидејќи тоа не е направено од чисто злато во него стават бакар за да свети повеќе
Не носам ниту злато ниту сребро, а имам прилично многу обетки, белегзии, ланчиња и од злато и од сребро. Помеѓу тие две го бирам златото пошто е повредно!
Спојлер Zlato, srebro, dukati za njih ces se prodati idi, idi, uzmi sve uzmi sve i gubi se Па повеќе злато, али жолто. А иначе не носам, само ко помала менѓушки. Сега планирам да си купам прстенче.
Сребро и бело злато ,жолтото не го сакам. Сметам дека ми дава претерано кичест изглед и прави да изгледам постаро . А белото и среброто ми се така прекрасни и софистицирани ...За секоја пригода!
Дефинитивно го бирам среброто. Не можам да замислам златен прстен или обетки на мене. Евентуално белото злато, тоа е ок. Но жолтото не ми се допаѓа.