Само бело злато, жолтото ми е некако кичесто, а и за повозрасни, а среброто менува бои Најмногу што ме нервира е кога ќе видам жени изнаредени со десет златни прстени, па алки, па обетки, ланчиња да не речам ко што или пак злато и сребро истовремено. Ако веќе се решам да носам злато, тоа би било само едно парче и дискретно.
Никако жолто злато. Бело злато немам и нема да коментирам дали би го носела. Ако ми се допаѓа моделот, зошто да не. Не знам. На сребро сум фан. Старо сребро мислам дека е одличен аксесорис. Сакам такви алки потемнети од старост, со плетенки низ нив и слично.
Сребро никако не носам, некако евтино ми е не бе зајбавам, алергична сум. Злато сакам и бело и жолто, ама не ги мешам, зависно што парче е накитот и која боја се каменчињата. Ама обавезно нешто со каменчиња да е или ќе го враќа маж ми
Жолтото злато ми е некако кич многу ретко сум носела.затоа пак среброто го обожавам бидејки убаво изгледа,поефтино е и со добро одржување не потемнува
Ни тоа ни тоа. Ама веќе кога би морала да бирам-сребро. Златото ме асоцира на нешто кичесто, вештачко, дури и циганско некако.
Сребро скоро никогаш не сум носела, претежно имам златен накит. Преферирам бело злато, а ми се допаѓа и накит изработен од бело и жолто злато. Имам една таква алка со бели и жолти плочки од баба ми. Златен накит не носам многу често, некако пресериозно ми делува. Имам време за такви работи, сега почесто носам бижутерија или евентуално лажни бисери
секогаш сум сакала злато,друго ретко носам... а многу би сакала да имам бурма од жолто-бело злато а ваков би сакала да ми е вереничкиот прстен...