Прашањево ми е оффтопик ама ме интересира дали може да се носи злато и сребро заедно? Имам слушнато дека предизвикувале рак- не знам колку е точно. Иначе секако не одговараат да ги носиш двете заедно, но не знам дали е точно тоа во врска со ракот. Р.S. јас сум за бело злато
Прв пат слушам вакво нешто. Јас мислам дека може да се носи каква врска има тоа со ракот? Ама можно е незнам. И мене повеќе ми се свиѓа белото злато, иако сите златни прстени што ги имам се од жолто злато
Ги сакам белите метали.Значи бело злато,платина и сребро,особено филигран.Прекрасни работи се изработуваат,само за жал се помалку луѓе кај нас се занимаваат со тој занает.Маана на среброто му е што многу повеќе треба да се тинтра и пази,да не го фати оној зелен слој на него,ама па за убав накит,вреди. Жолто злато не сакам и никогаш не сум сакала,нити па носела.Баба ми само ме трупаше порано со таков наикт,дури и се лутеше ако не го носам...додека да и објаснам да не троши пари за џабе помина многу време.
Боже , живи глупости кој црни рак.Може да се носат, само што многу кичерајско би изгледало. И да не бидам офф, повеке сум за злато али исклучиво бело, жолтото многу ми изгледа кич па посебно кога ке видам некоја девојка наредена на сите прсти со златни прстени или едно две три ланчина на врат Без навреда, само мој вкус.А среброто ми е ок попрефинето, само што јас не го сакам да го носам на мене.
Одсекогаш сум сакала бело злато и сребро,викав нема да носам жолто ама еве во последно време си носам жолто златно ланче(од мајка ми) со крст со циркони и многу си го сакам. На рака носам бело злато нараквица и бел прстен. Дали е кичерајско или не не ми е гајле битно мене ми е убаво По природа сум таква,сакам да си се китам Само се лепам по излози со накит Е сега бурма и веренички прстен сакам бело злато .
пред неколку години носев алка од жолто злато и една другарка ми рече што убава алка, извади ја пред да ти ја извадат со сила, а може и да настрадаш заради неа. последниве години носам бижутерија, а пред неколку години носев прстени од жолто злато и еден од бело-од мајка ми за матура, ама ги извадив од мене кога требаше да патуваме за Србија и се одвикнав а кога дознав дека сечат прсти , вратови повредуваат за тој пуст златен накит, на памет не ми пага да носам ни обетки, ни алка, прстен-сето тоа е резултат на сиромаштијата во земјава што владее и не сакам да си го ризикувам животот заради тоа.
повеќе сакам злато.. ама имам едно ланче што ми го купи дечкоми сребрено и многу си го сакам стално го носам
Злато.. голем љубител на златото сум, повеќе го обожавам жолтото , бидејки поседувам повеке работи..и белото злато ми е примамливо.. па во план сум да земам прстен од бело злато. Инаку ни едно златно парче не ми е само жолто злату, туку во комбинација со бело ми е.. и преубаво изгледа.. мислам според мене, се разбира.
Многу сакам розово злато. Немам многу работи но омилено нешто ми е часовник од розово злато. Златото само по себе е многу елегантно но затоа потешко се комбинира така да преферирам бело злато или пак стандардно сребро.