Феминки, дали некоја од вас живее во Злетово и дали го посетила?Јас сакам да одам, па пишете ми што интересно има да се види таму.
злетово не живеам таму ама имам поминувано мн пати покрај него. нз што те интересира? а минувам покрај него затоа што за да стасаш до Лесновскиот Манастир мора од таму. кажи што те интересира ако знам ќе ти кажам
злетово Освен рибникот ѓто убаво има да се види. Црква некоја, некој музеј да не има . И уште колку возење има од Пробиштип, јас со автобус би одела.
има 3 манастири, Лесновскиот Манастир, Манастирот Св. Спиридон и Марена. а во близина на Лесновскиот манастир има и музеј. ако не се лажам мислам дека има 2 рибника не е еден. за со автобус нз. ние со кола тргнуваме од кочани и за 45 мин стасуваме до Лесновскиот манастир. а Лесновскиот манастир е преубав, ќе те остави ваква . верувај ми. кога одиш за злетово обавезно посети го и Лесновскиот манастир. побарај на гугл и ќе видиш слики Спојлер еве ти и слика од манастирот
за манастирот знам, сум гледала слики на фб и сум чула дека во злетово е многу ефтино за цени за кафиња, храна
Статива душо Злетово е стара населба, поголемо село ,а Пробиштип е тоа руднички град што си слушнала Инаку во злетово нема ни каде да се напиеш кафе и тоа си го чула за пробиштип, таму едвај има некоја кафеана она за пастрамајлии и маалска продавничка http://mk.wikipedia.org/wiki/Злетово еве од кога постои злетово
аха и? која е разликата, овде се збори за Злетово а не за товојот пол исто е дали си машко, женско, Фифи...поентата ми беше дека информаците ти се неточни. ии да на ЖЕНСКИ форум си така да не чуди се ако ти се обратиме во женски род
И ја за малце ќе ти пишев у женски род во друга тема,ама за малце се корегирав. Туку,Злетово е село кое го третираат као општина во близина на Пробиштип.Вреди да се посети рибникот,манастирок Св.Спиридон,и од водичката таму да не заборавиш да се напиеш. Онака,као село,нема некој незнам ноќен живот,нормално,има една кафеанка,да,не е баш најнајуредена ама специјалитет им се пастрамајлиите. Вреди да се посети оној дедото што прави глинени садови,и обавезно некој да си купиш,прекрасни се за готвење,и за декорација. Друго-нема. Спојлер Освен реката,нели.
^ Злетово е село,ама го нарекуваат општина Злетово како Злетово..шо би се видело таму.Има во близина рибник,ништо посебно,ништо фасцинантно.Маси и столови само..ни од блиску не може да се спореди како,на пример Гиновци. Вреди да се посети Лесновскиот манастир.Убавини,секако и пештерите кои се во близина. Ако планирате есенска или пролетна посета,добро се наоблечете Охх Пробиштип,мој роден крају Како да те претставам тебе..мирно,мало место,топли луѓе.. А шо би виделе? Сега актуелен ни е новиот пазар,па повелете да пазариме
Сум била во Пробиштип. Структурата му ја знам на градот. Пастрмајлии прават ли и каде? Јас сум поминала кај ресторанот Кај Чомбе и само тој го знам. И слаткарница некоја има ли тука во центарот? На рекламите што се “Истражи ја Македонија„ видов некој ресторан, ама по тоа што го кажуваа сфатив како да е дел од комплексот Лесновски манастир или грешка е ?
Ако мислиш на рекламата за хотелот „Кратис“ во Кратово, точно, го даваат Лесновскиот манастир (не знам по која логика ). Инаку, јас колку што знам слаткарница има на плоштадот. На излегување сум била во Црешово топче и во Сан Нико (и двата хотели имаат летна бавча, обично преку лето овде излегуваат).
Црква видов дека имате Пресвета Богородица. Друго што има убаво да се види, интересно во Пробиштип и Злетово?
А кажете ми ако знете Злетово и Пробиштип имаат ли често автобуси?Во смисла да шетам во Злетово,па потоа да отидам до Пробиштип и назад патот за дома после. Да ги видам двата града во еден ден.
Злетово не е град.Тоа е поголемо село.За да посетиш се што е интересно мислам еден ден не е доволен, посебно со автобус и сам а не со група како екскурзија . Лесновскиот Манастир обавезно да го посетиш.Од Злетово до таму нема автобус единствено такси(150ден) За до рибникот и манастирот Свети Спиридон пак ке ти треба превоз.Можеш и браната Кнежево да ја посетиш но е прилично одалечена од Злетово околу 45 минути со кола, а инаку вреди да се види . За Пробиштип единствено нешто што е интересно е Аква Паркот.Но сега е зима и не знам дали работи. Сега градот се реновира има нови продавници,(од кои една на Дуќи Дасо )слаткарницата Младост, Плоштадот , Домот на културата.Има ноќен живот.Само што градот е доста сиромашен, и младите ретко излегуваат. Инаку имаш прекрасна глетка од Споменикот како што овде го нарекуваат највисокото место од градот. Лесново е прекрсно приквечерината,кога се гледаат многу светла од околните градови дури и Штип . Ќе ти се допадене единствено ако си љубител на природата. Вреди да се посети верувај.