Знам дека од 2006 Злетово е село, а мислев да отидам до Злетово, да видам рибникот, манастирот еден или два колку се, и од тука со автобус ако имаат често до Пробиштип. Да го видам и Пробиштип, иако сум била пред 2 год.
Го посетив Пробиштип. Автобуската е убава, модерна, убави клупи, канти за ѓубре. Сендвичари и слаткари ефтини, само продавачките ми се видоа така намќори, нељубезни. Од трговскиот плоштадот изгледа убаво кога се гледа одозгора. Има на многу места билборди “Македонија вечна“.
Каде поточно се наоѓа манастирот св. Спиридон во однос на Пробиштип или Лесновскиот? Пробав да го лоцирам на викимапиа, ама не успеав.
Во 7:00 часот наутро има автобуска линија од Пробиштип за Злетово, и за враќање во 14:30 со Руле турс. А со такси, околу 150 денари е. Искрено, не би ти препорачала да го посетиш Злетово. Напразно губење време и пари. Освен две кафеани, една улица и 'плоштад' еден на еден нема никаква знаменитост за видување. Има 'рибник' ( ни од блиску не е како што звучи) кој се наоѓа над Злетово, накај браната Кнежево. Подобро искористи го денот максимално за уживање во Лесново. Прекрасен манастир, природа и тишина. Воедно, ќе ги посетиш и пештерите. Местово е типично место за семеен одмор, излет како сакаш. Затоа, ти го препорачувам за посетување со добро друштво, пиво и скара. Инаку, цената на такси од Пробиштип до Лесново е 250 денари.
Тоа е Тања, треба добра реклама само. Се надевам дека нема да се разочараш кога ќе го видиш во живо. Инаку не знам од каде си, но ако сакаш да ја прошеташ Источна Македонија, ти ја препорачувам Куклица.
А колку е далеку рибникот од центарот на Злетово? Читав и за црквите во Злетово. Зар толку нема што да се види?
Тања, искрено нема. Сигурна сум дека ќе се разочараш од тоа што ќе видиш/нема да видиш. Злетово е поранешно село, од пред некоја година преименувано во општина. Освен работите што претходно ги споменав, нема некоја знаменитост. Баш сега на википедија разгледав за црквите. Во Злетово има една, централна, за другиве се чудам.. Инаку, кога веќе си решена да одиш, добро би било тоа да биде на 2 август, по повод Илинденското востание. Во центарот на Злетово има прослава, и баш има многу народ, тезги и сл. А да ти одговорам на прашањето, со кола од Злетово до рибникот е 10/15 минути возење.
Во рибниот ресторан Злетовица имам идено многу пати, природата е волшебна, воздухот чист, преубаво за релаксација, рибата е свежа, услугата не е на највисоко ниво, ама сепак е добро.