1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Злобата и зависта кај луѓето

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ана на мама, 9 февруари 2019.

  1. Ана на мама

    Ана на мама Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема па сакам да отворам дискусија и да слушнам мислење.
    Последно време имам чувство дека злобата и зависта се главни карактерни црти. Зошто ? Што ќе добијат со тоа што ти прават "сопки" и ти создаваат проблеми. Која е таа сатисфакција некому да нанесеш штета или да направиш проблем? Дали штетата и злобата ќе ги усреќи ?
     
    На Tanjamm, honest girl, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    64.657
    Пол:
    Женски
    Многу едноставно луѓето не сакаат да постои некој поуспешен од нив. Повеќе се релаксирани кога они секогаш се први, и поуспешни од другите. Таквите луѓе се за сожалување, не можат да се помират со фактот дека има подобри од нив и затоа им е полесно да нанесат штета. Ако почнеш да се жалиш ќе ти даваат само неискрено сочуство, а всушнот во себе се исполнети. Со тоа што нанесуваат штета се посреќни, зошто они кога се неисполнети и несреќни во својот живот, друг да биде среќен и исполнет.
     
    На kikkki, Justicija, Tanjamm и 16 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Личното незадоволство и несреќа создаваат негативни особини што продуцираат деструктивно однесување кое најмногу им штети на оние што не научиле дека треба да работат на себе за да се реализираат. Животот не е копирање на другиот. Треба да се натпреваруваме со себе и да создадеме најдобра верзија од објективни критики.
     
    На ines.h, SnowWhite8, Tanjamm и 7 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.123
    Допаѓања:
    14.354
    Пол:
    Женски
    Злобата и зависта на луѓето, најчесто им се враќа на глава ( го тврдам ова со факт,баш сега ми се случи последно да ме клеветат кај директорите и на крај им се врати на глава,имаат црвен картон-казна пред отказ).
    Карма ис а биџ.
    Бранете се себеси.
    Работете на себеси.
    Правилно користење на својата енергија.
    Игнор еден најголем и враќање со позитива само.
    Тешко е но успева.
    Не размисувам за такви луѓе, ги имам околу мене,како и сите што ги имаме. Најчесто се луѓе кои имаат комплекси, со ниска или многу висока самодоверба. Несреќни се со себе и со својот живот, не превземаат никаква акција за својот сопствен живот. Реметат други и си ги лечат комплекисте преку други наметнувајќи им подли и зли работи.
     
    На Justicija, Tanjamm, Adorabela и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Пробувам да ги разберам таквите но не можам воопшто, на сите ни е познато и сите ги имаме околу себе, не знам од каде црпат енергија да бидат толку злобни и завидливи.
    Јас секојдневно сум со такви луѓе околу себе, што дури и по погледот и самата фаца им се приметува дека не ни можат да ме гледаат од што толку ме мразат и ми завидуваат, но јас секогаш викам како е Господ никој не, он се гледа и знае кој што мисли па нека враќа на секого според тоа.

    И напротив пред нив секогаш сум расположена и си ја бркам работата воопшто не се замарам со нив, иако често у минување им ги слушам коментарите но не обрнувам внимание, нив тоа многу повеќе ги боли и потешко им е.

    Нека цркнат од љубомора !!!
     
    На Sofice и lasthope им се допаѓа ова.
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Јас никако не можам да разберам зошто наместо да бидеш среќен што успеал некој и да ти биде инспирација, ти му завидуваш и ќе пукнеш во кожата зашо он успеал. Зошто? Злобните луѓе ги сметам за луѓе кои се со многу мало самопознавање и ги напаѓаат другите. И мислам дека никогаш нема да бидат среќни иако мислат дека ако му наштетат на некој ќе бидат среќни, не тоа не е точно. Така да луѓето кои завидуваат и се злобни немаат живот не знаат што е убавината и чувството кога душата ти е исполнета и коа си среќен.
     
    На Animali, Amellie13, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Злобни и завидливи брзо ги решавам. Најчесто со тие што се дружам ја споделувам и среќата, убавите работи што се случуваат. Со оние што незнаат искрено да се израдуваат кога јас сум среќна и сакаат да слушаат само кога ми е тешко и демек ме тешат, го преќинувам дружењето. Секогаш сакам да слушам убави работи, се радувам кога некој/а ќе ја сподели среќата. Не сакам негативни луѓе ми ја црпат енергијата...
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Ги имало, ги има и секогаш ќе го има кај народот.
    Мрзам завидни луѓе кои бидејќи си поуспешен од нив ти копаат гроб смеејќи ти се во лице.Земи создај си, најлесно е да си завиден.
     
    На PaLaVa, hermosa, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Злобата и зависта не можат да го сочинуваат целиот карактер на една личност, туку тие само претставуваат еден фрагмент од комплексниот и широк спектар на човековото однесување.

    Ако за одреден поединец речеме дека е злобен и љубоморен, тоа значи дека тие карактеристики биле почесто манифестирани од негова страна.

    Инаку, злобата и љубомората претставуваат секундарни чувства, од аспект на психологијата, што значи дека се формираат по пат на социјалното живеење на човекот, насочени се кон други луѓе и истите предизвикуваат желба да се спротиставиме на одреден апсект кој е присутен во нашиот живот.

    Човекот по природа е себично и нарцисоидно суштество, така што овие емоции ги сметам за сосема нормални, па дури и здрави психолошки реакции во одредени моменти.

    Меѓутоа, она што човекот го прави погрешно, е што својата љубомора кон друго лице не ја претвора во мотивација за самиот себеси да се подобри, туку ја претвора во нерационална омраза од која не произлегува ништо продуктивно или позитивно за него.

    Така, злобата и зависта не ги прави луѓето среќни, туку тие само креираат една психолошка илузија дека си помагаат на себеси со тоа што завидуваат и мразат некого, па дури и преземаат одредени дејствија со цел директно да наштетат на личноста за која сметаат дека е подобра од нив.
     
    На kikkki, poenta, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Јас мислам дека луѓето сами по себе не се полни со завист и злоба и не се ситат на туѓиот неуспех без никаква причина. Верувам дека најголемиот дел од нив се жртва на некое недобронамерно дело, можеби несреќно детство, или пак некаква траума од минатото. Затоа што човекот се раѓа чист како солза, а се останато учи во животот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Злoбaтa и љубoмoрaтa не се пoгубни сaмo кoгa се усмерени дa нaштетaт некoму или кoгa не се мoтивaцијa зa сaм дa се пoдoбриш туку еднoстaвнo тлеaт вo тебе и тивкo те уништувaaт. Не се здрaви ни кoгa се нaјчестa причинa дa се мoтивирaш и успееш вo нештo. Не требa тие дa се пoттик зa твoјoт успех. А честo се, луѓетo честo дoкaжувaaт нештo некoму, се нaтпревaрувaaт сo други, кoпирaaт, сaкaaт штo друг имa без дa рaзмислaт штo нив реaлнo им требa. И oбичнo дoбивaaт oти oчигледнo интензитетoт нa oвие чувствa е гoлем и тoa ги вoди нaпред. Ќе речеш -пa штo? Вaжнo е декa успеaле, небитнo кaкo се мoтивирaле. Oк aмa пo пaтoт дo успехoт oделе oтруени сo негaтивa и aкo не гo прoменaт нaчинoт нa мoтивирaње верoјaтнo и ќе прoдoлжaт тaкa и никoгaш немa дa се зaдoвoлни. Или кoгa ќе стигнaт дo oнa штo зaмислиле ќе мислaт декa сите други се злoбни и зaвидувaaт нa негoвиoт успех. Истo кaкo тoј некoгaш. Круг.
     
    На kikkki, poenta, macka91 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Злоба и зависта секаде се присутни кај повеќето од нас,сите некако зборите за трети лица а ниеден не се става себеси во таа категорија,ако сакате да се лажеме сите сме цвеќиња за мирисање,јас сум злобна и љубоморна со тие луѓе што се такви,како викаат клин со клин се избива,ако осетам дека сакаат да ми наштетат сигурно нема да им кажам ви благодарам,ке се борам во моите можности да бидам над нив.
    Некогаш не се замарам со такви личности,секој со својата психологија.
     
    На moon1 и PaLaVa им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Искрено луѓето кои се крвно поврзани со мене освен мајками и таткоми и сестрами, секогаш имаат некоја слоба на некој мој успех или завист незнам зошто е тоа така а некои луѓе кој што ги познавам 2 3 месеци повеке ме подржуваат и кога ке успеам нешто или ке си купам кога ке се пофалам ми викаат браво, честитки а тетки вујни стрини само аха и сменам маабет.
     
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    Како што кажаа погоре злобата и зависта најпрво произлегуваат од личното незадоволство. Обично луѓето со преголемо его и што секогаш сакаат да се центар пажња не сакаат подобри од нив во нешто, во своја близина. Нив ги храни туѓата несреќа, туѓото страдање само да знаат дека се подобри и повредни од некого. И нема врска дали тие нивни карактеристики произлегле од лошо искуство или од друга причина, тоа во никој случај не ги оправдува нивните постапки.

    Јас сум опкружена со такви луѓе што мислев дека ми се пријатели и верувајте таквите луѓе се многу добри манипулатори. Долго време бев понижувана, ме болеше нивното однесување, ме направија да се чувствувам дека воопшто не сум битна, подолу од г*мно, дека не сум благодарна за нив што сум ги имала, што ме трпеле и не заслужувам пријатели во животот. Моето страдање ги хранеше и сеуште ги храни, и не само моето туку секое.

    Скоро сфатив дека се љубоморни на мојата среќна врска и завидуваат, а имаа направено да мислам дека јас сум никоја и ништо за тие да ми љубомореле. Тие пречесто се караат и дури ги изневеруваат нивните дечковци, а мене ми велат дека сум се преценувала со мојата врска дека не е како нивните токсични врски.

    И многу е тешко да се тргниш од такви луѓе бидејќи насекаде ги има. Не се правам светица јас, и јас имам правено грешки и сум учела од нив, но едно знам дека никогаш намерно не сум помислила да направам лошо на некого што не ми згрешил.

    Свесна сум дека се уште имам ниска самодоверба и тие имаат голем удел во тоа. Сеуште ми е тешко да стекнам нови пријатели бидејќи не знам ни како. Тој што се изгорил од такви луѓе добро знае како е. Остава траги на душа цел живот.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Bridget генерално се согласувам со твоето мислење.

    Од твојот опис за луѓето кои преку злобата и љубомората ја пронаоѓаат нивната мотивација да постигнуваат успеси во животот, добив одреден впечаток дека во овој случај истовремено и нарцисоидност е во прашање.

    Односно, нарцисоидноста сама по себе претставува абнормално однесување и карактерно нарушување, а злобата и љубомората се само дел од целокупната манифестација;

    Имено, не секој кој почувствувал љубомора е нарцисоидна личност, но луѓето кои се нарцисоидни, верувам дека чувствуваат завист многу повеќе од обичните луѓе и мислат дека останатите им љубоморат поради нивната нереална перцепција за себе.

    Токму поради тоа, тие се приморани цел свој живот да го поминат докажувајќи се на другите луѓе (за да ја одржуваат илузијата дека тие се најдобри), да ја сфаќаат околината во која живеат како константен натпревар (бидејќи во текот на својот живот евентуално ќе се сретнат со луѓе кои ќе бидат подобри од нив од одреден аспект), да имитираат некој друг за кој мислат дека е подобар од нив (бидејќи веруваат дека тие ќе завршат подобра работа и ќе ја надминат таа личност), итн.

    Тоа што го напишав во мојот првичен пост, сугерира на фактот дека психолозите предвидуваат два вида на љубомора: malicious envy and benign envy;

    Од една страна, malicious envy претставува една болна сила која ја уништува личноста и нејзиниот ум, посакувајќи страдање на личноста на која и љубомори.

    Но од друга страна, benign envy претставува ден вид позитивна мотивациска сила што предизвикува човекот да се стреми да биде подобар.

    И кога станува збор за benign envy, дефинитивно си во право со тоа што кажа дека дури и кога љубоморните личности постигнуваат успеси, тоа не е позитивен метод за мотивација и дека никогаш нема да бидат задоволни.

    Меѓутоа, верувам дека ова е само еден аспект кој настанува поради тоа што луѓето не го употребуваат овој вид на љубомора на правилен начин.

    Клучниот фактор кај benign envy, според мене, е лицето да ја преиначи својата љубомора во восхит и позитивен впечаток за лицето на кое претходно му љубоморело. Така лицето ќе се стреми да постигне успех без притоа да се чувствува огорчено и негативно.

    Од друга страна, лицата кои се посебични (или нарцисоидни) никогаш нема да сакаат да прифатат дека некој е подобар од нив, а уште помалку да му се восхитуваат. И поради тоа можеби тие лица ќе постигнат успех, но тоа нема да го направат на правилен начин, односно настанува ситуацијата која ти навистина реално и прецизно ја опиша.
     
    На BoneMachine и Bridget им се допаѓа ова.
  16. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    И многу е битно луѓето на кои им оди добро во животот и се движат во нагорна линија, како го пренесуваат тој успех на околината.
    Злобно е и да се храниш на туѓиот неуспех. Има луѓе кои летаат во облаци, се фалат до бескрај и индиректно во лице им плескаат на помалку успешните од нив дека се поспособни.
    Колку и да си добра душа, таквото арогантно однесување и потценување ќе те натера да осетиш љубомора и одбивност кон таа личност.
    И уште нешто за успешниве што сум го осетила и на своја кожа. Човек кој успеал надвор, ретко помага на некој кој е нов во местото и сеуште не може да се снајде. Злоба и љубомора дека ако му покаже полесен пат, ќе постигне повеќе од него и ќе го престигне неговиот успех. Ете такви сме, ем успешни ем себични и злобни.
    И после како да се радувам на таква нечива среќа (која прашање е и дали ја има или ја глумат за инает на другите)?!
     
    На Briar Rose, Nausicaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.348
    Пол:
    Женски
    Не постои безгрешен човек.И добриот човек прави грешки и чувствува блага завист кон некого,но за разлика од злобниот,признава дека оди предалеку,се кае и се поправа.
    Злобните луѓе мислат дека напакостувањето на другите ќе ги направи среќни.Или едноставно,уживаат во тоа да нанесуваат штета и болка.Тоа им е како дрога.
    Некои луѓе биле повредени од злобни личности,па и тие самите станале злобни.И не знаат како да се вратат на правилниот пат.Или пак,не можат.
    Нема враќање од убиство.Нема враќање од силување.
    И ред други нешта...
    Човекот може да си го врати назад доброто во себе само ако нема отидено предалеку.
    Опкружена сум со злобни и завидливи,па и со токсични луѓе кои ми нанеле и/или се уште ми нанесуваат болка.И јас не сум светица,но никогаш не би им ги направила оние нешта кои тие ми ги направија мене.
    Светов слабо реагира на неправди,па затоа злобниците триумфираат.Кога добрите луѓе би се дружиле со цел да го шират доброто,светов би бил многу подобро и поубаво место за живеење.
    Тоа нема да биде лесно,но подобро ќе биде да се делува отколку да се седи и да се кука.
     
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Злобата е најлоша карактеристика кај човекот, ама зависта е неизбежна (во нормално мерки).
    Сосема е нормално да завидуваш ако некој има нешто, не е добро ако се обидеш да му го одземеш тоа. Додека зависта се користи како мотивација и ако те предизвикува да направиш нешто добро за себе, тогаш знае да биде корисна. Во други случаеви, може да те обземе и да те направи злобен.
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Злобата напредува турбо, заедно со развој на технологијата.
    зависта меѓу луѓето се чита од очи кај скоро секој втор човек

    Форумска злоба, посебно на фемина е присутна на велико, ...а за зависност на форумов, ќе си молчам, несмеам никој да пофалам онака искрено, да не речат се лигавам или манијачам.....
    :P
     
    На Tanjamm и Liu им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Злобата и зависта се човечки карактеристики и како такви постојат од кога постои човекот.
    Не е нова појава, ниту пак сега има точка на кулминација.
     
    На WildMk, GirlLove, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.