Кога би прашала постари, ке ти кажат дека немало вакви сопки ставање порано, газење пред себе за да се запослиш, за да се успее нешто во животот, па дури и дете да запиш во средно ..луѓето станаа позлобни од порано..можеби динамиката на животот е виновна или незнам што..но многу сум разочарана од се што е човек во ссветов воопшто.
Бабенце мое, ме мразеа бидејќи бев добра и мирна, ми викаа самоубиј се, пцовисај, твоите во сандак да те видат, бегај од ова училиште бидејќи никој не те сака, дали знаете како влијаат овие зборови на дете од 14 до 18 секој ден? И плус ругање по нет? Знам дека досаѓам со тој период, ама грдо е ептен, луѓево да можат би те сотреле од завист, не можам да најдам збор како да ги опишам. Јас сум преблагодарна за форумов и темиве, видов дека не сум сама во хаосов.
Бетонот направи да бидам челик, па сега кој ќе се осмели да ме сопне, ќе си ја скрши ногата со која ме сопиња , а рацете сам ќе му ги искршам. Злото владее во светот , а злото со добро се победува. Јакиот дух не можат да го скршат, можат само телото, а ја се водам според: тоа што нема да ме убие - ќе ме направи појак! До сеа фул сум со дупки, ножеви и бодежи. Се стремам кон најјак!
Не би рекла дека денес се луѓето позлобни и позавидливи од порано. Одамна постои потребата да му се наштети на другиот. Што сѐ сум се изнаслушала од постари, на филм нема такви работи. Луѓето најчесто не сакаат некој друг да биде поуспешен од нив, не сакаат да биде посреќен и во подобра позиција. Не дека тие самите се борат да бидат успешни, туку ете сакаат другите да не успеат. Така им е полесно. Не е тоа за силни луѓе. Силен човек искрено ќе се израдува за другиот, ама не е лесно да се биде таков. А тек па да се помогне на некој, да се направи некоја жртва, случај 1:1000000. Колеги на факултет не сакаа материјал да дадат на другите, наједноставна работа. За оценки си завидуваа. Не дека јас не сум завидувала на некој за нешто. Ми се случило и мене, им се случува на сите понекогаш, макар на момент. Но, како што пиша некој поназад, има луѓе со осет кои знаат и самите дека тоа не е добро па ги сечат во корен таквите чувства и мисли. Затоа што не се корисни за ништо. А да наштетам на некого, нема шанси тоа. Грижата на совест ме убива кога ненамерно нешто неубаво ќе направам, а не па да му расипувам среќа. Тоа е за луѓе без совест. И така, затоа што се луѓето злобни и завидливи, оние убавите работи сакам да си ги чувам за себе.
Многу дискутабилна тема. И јас сум била повредувана и сум сеуште,и од блиски,од другарки што од деца сме биле заедно и сме делеле све,од бивши љубови....но нејсе....злото доминира и мислам дека се движи во нагорна линија.Не може да се заштитиме од човековата завист и злоба,но можеме да ги игнорираме таквите.Времето е дојдено такво,што веќе ѓаволите учат од луѓето да прават ујдурми
Прво, ние перцепираме според нашите можности. Друго, природно е да имаш негативни емоции. Како што кажа @Briar Rose , проблемот е во правилно канализирање на негативните емоции. Времето и енергијата потрошени на завист и злоба, можеш да ги насочиш во себе надргадување. Ама нема сите да го направат тоа. На некои им одговара, оти им е coping mechanism ... и то е то.
За жал, ова отсекогаш го имало. Затоа не не бива. Сум осетила злоба на своја кожа. Се изнаслушав секакви грозотии по смртта на мајка ми. Демек татко ми ја труел за да умре. А што се однесува до зависта.....Некои не можат да се помират со тоа дека некој е поуспешен од нив. А со прст не мрднале за да заработат некој денар.
Злобата и зависта кај луѓето е последица на нивниот личен неуспех,па сеа го хејтаат секој кој е поуспешен од нив.
Во право си. Една пријателка е успешна, но сите ги гледа од високо, се фали, нагласува на секој збор колку е успешна. Тоа не е во ред. Практично потценува.
Човекот е ненаситен, лаком, љубоморен. Лошите ситуации кои му се случуваат на секој, кај некој пројавуваат злоба и желба дригиот да го понижат оти него му е убаво или барем така изгледа. Работата може да оди толку далеку што се губат и цела своја сила и време го насочуваат за да му наштетат да другиот. За жал понекогаш нивни жртви се и најдобри пријатели, блиски па дури и луѓе од семејството. Злобата, зависта постоеле и ќе постојат проблемот е што во денешно време земаат засил, се губи човечноста кај луѓето и се оди во неповрат.
„Завист не е друго што, салт на сердце печал, жалба от благоуспешности ближњаго произходјаштаја. Кому некому комшијата му прокопсува, а кој е завистлив, он завиди, оттамо излази завист.“ Јоаким Крчовски „Слово заради завист“ Многу добро искажано каква е зависта кај луѓето, кој може нека го прочита. Целиот текст искажува дека зависта постоела од најстари времиња. И тоа е точно, што се правеле луѓе Зошто се олку завидливи луѓето? Веројатно неможноста да трпат туѓ успех. Сум почувствувала на своја кожа, и многу болело. Од луѓе кои ги сметам за блиски, многу било грдо да се слушне злобна намера од нивна страна, или да им се види зависта во очите. И колку поуспешен стануваш, толку повеќе сопки ти прават. Бев сведок на куп бессмислици за мене, со цел да ме оцрнат во очите на другите. И како беше? Не успеа, небулозите сите ги заборавија. Ама таа личност, изгуби пријател, помош, многу изгуби. Од страна на лечење комплекси и сопки Една организација, немате поим какви сопки се прават. Исполнети се тие неколку да раководат, и ако можат другите да ги искористат, супер. Заслужената позиција не си ја добив, оти некој смета дека треба да ме сопнува. Ама се излажале ако мислат дека ќе ги оставам да се китат со мојата работа. И не само јас, голем дел од членовите се во таа позиција. Сето ова, како пример само, што прават луѓето во секојдневието. Ќе излажам ако кажам дека сум рамнодушна. Можеби за некои луѓе кои не ги сметам за значајни во мојот живот, и не е толку болно. Ама од оние кои ми значеле, е боли многу. Сега да бидам искрена, сум завидувала и јас Ама за некои ситни работи, нешто моментално. Мислам дека тоа чувство кај сите ни се појавило. Но никогаш, ама баш никогаш, не сум завидувала на успех, љубов, ниту сум помислила да правам сопки. Не знам ни всушност која е поентата да се бара задоволство ако на другиот му го попречиш успехот, или што се добива со посакувањето лоши работи на друг Под секоја чест. Во моите морални вредности, не се вклопува. Како што реков, некогаш и кај мене се јавило ова чувство, ама сум го искоренила до некаде. Ниско е, не е возвишено.
Јас не завидувам на луѓе кои со работа и труд си постигне нешто, напротив таквите ги поддржувам и ги бранам секогаш. Им држам среќа да одат уште понапред и да бидат поуспешни. Негативни чувства ми будат тие како што пишавте погоре, ем се несреќни, ем сакаат да понижат некого. Коментар на една пријателка „Јас имам свои пари“, плус го кажува со ароганција, па што дека? Но, цела година е без приходи, па ќе работи 6 месеци, па пак без приходи со месеци или години. И јас имам свои пари, сите имаме, и треба да имаме. Таман работа ако на скоро 40 години немаш свои пари, тоа е катастрофа. Тоа не е доказ за успех, имам свои пари, имам за џепарлак. На тие години многу луѓе имаат имот свој, плата, работен стаж, дом, семејство, кариера, па не се фалат. Се фалат несреќните за да понижат некого. Од друга страна ќе им кажеш убава вест, затвораат муабет, не коментираат, не те прашуваат ништо.
Од секогаш ги имало. Зависта и злобата не се карактерни црти туку спаѓаат во емоции. Тие се вид на негативна емоција Спојлер: Што е завист Завист је негативна емоција која се манифестује у непријатељском ставу према другима који имају нешто што ми немамо, а сматрамо да то више припада нама. Испољавање зависти може варирати од благог непријатељства до отворене агресије. Секој ги има , само постојат луѓе кои се обземени од завист и злоба а постојат и такви со висок степен на развиеност на расудување па не дозволуваат не само овие две , туку и секоја негативна емоција да ги раководи во животот.
Ова на завист личи. Од кај знаеш дали е без приходи? Само работа во државно или во фирма е приход? И јас знам личности со месеци што не работат, па имаат повеќе пари од јас што сум заштитила со 5 години работа. И кога зборат за пари не се фалат, туку кажуваат како што и зошто им се исплатело или не им се исплати да работат. Дали им завидувам? Не, ама често гледам дека многу ги гледаат накриво, демек види го, се фали, се прави дека е кој знае што или како и да е... Многу љубомора на туѓ успех, многу малку радост.
Ги ставате злобата и зависта во ист кош, а не се синоними. Не се секогаш луѓето и злобни и зависни. Некои луѓе се едноставно злобни и толку. Ги исполнува да прават сопки, збрки, проблеми, да пуштаат во етерот секакви муабети за потоа да гледаат драма еднаква на онаа од шпанските серии и да фаќаат сеир. И често ќе слушнам дека тоа го правеле од досаден живот, немање свој живот, несреќност и неисполнетост. Таа изјава ми е толку изнаслушана што веќе стана клише. Постојат луѓе што едноставно тоа им е поубаво да го прават во животот отколку да се занимаваат и да работат на својот живот. Најверојатно не се ни потрудиле, а можеби не ни помислиле да прават нешто друго. Не се тешете секогаш со тоа дека ви наштетиле затоа што се љубоморни. Ви наштетиле затоа што се злобни првенствено, а потоа можеби, а и не мора, затоа што се љубоморни.
Така, познавам особи, средени, со маж,деца, на работа не ни одат, само се појавуваат колку раздор да направат меѓу колеги, неможат да гледаат убава атмосфера позитивна...значи нишо не им фали во животот ама се злобни...пакосни...абе на фаца им се гледа еј
Абе човек, нити бара работа, на кафе штеди скапо и било, да пие по кафичи, па после ми вика „Имам свои пари“. Дали има или нема, мора да има на 38 години и тоа не е за фалење. Какво е тоа фалење имам свои пари? Мисли дека некој ќе љубомори што на 38 има свои пари? Тоа е за завист? Тоа е за љубомора? Не. Знам млади амбициозни, на 26 години со помош на работа во странство купиле свој дом. Поентата ми е дека реалноста ги демантира луѓето, без разлика дали некој некому ќе завидува или ќе лаже итн. Приход ли е само од работа, па да ние овде во МКД живееме претежно од работа и хонорар некој, а од ништо пари не паѓаат од небо, не во Македонија. Такво нешто нема, ќе се тешиме само. Треба да се фати човек сериозно за работа, па и тогаш дискутабилен е изразот „имам пари“. Некој и на тоа може да се смее. Поентата е, ти се жали, кука, па за 5 минути те лаже имам пари. Или ми вика не сакам да ми дојде утре роднината, со него ли ќе се замарам цел ден, а по 5 минути ми вика, ааауу свадба ако правам, јака фамилија сме, се држиме, ќе имам гости. Тоа се нестабилни карактери. Лажат, завидуваат, менуваат фаца ако им кажеш убава вест за некој...Со такви прекинувам контакт, не сум толерантна како порано.
Јас еднаш коментирав во една тема и ми возвратија дека сум имала комплекси Значи почитувани лугенца "Бог" да ве чува од емотивни манипулатори и манипулатори ! Злобата и зависта кај овој народ е све поголема дури некои се толку болно љубоморни што самите себе си се жалат а и во мегувреме си се фалат со цел само да не дојде до збор твојот успех тема на муабет ! Најмногу не им верувајте на тие што некого фалат бидејки најчесто се работи за покирање на голем срам Едноставно јас ги избришав таквите од мојот живот , мајка ми најчесто ми вика дека сум била голем намќор , но што сум јас уствари должна да ги трпам тие психичко болни луѓе?
Лошо што е вака, и затоа ќе се сведеме да имаме многу мал круг на луѓе. Впрочем џабе е дружење со луѓе кои се завидливи, само шират негативна енергија, знаат и да глумат жртви и да наметнат чувство на вина. Мислам дека порано злоба немаше толку. Сите собиранки имаа некоја убавина, сега веќе не е така.
Злоба има кај сите луѓе, но не кај сите е исто изразена. Кај некои е минимално, кај некој е максимално до даска.