Ептен е добар особено да го гледаш у тин години! Глумата на Мекадамс многу ми се допадна па и на Лохан,добро направено филмче за млади!
Искрено, поинтересен ми е вториот дел. Малку е поразличен од другите тин филмови. 1.Лидерот на Mean girls не е blondy и не е cheerleader. 2.Нејзиниот дечко не е спортист. 3.Кога ќе дојде новата девојка,не и го зема дечкото туку иде со нејзиниот брат.... Малку се разликува нели??
Вториот дел ми беше некако многу глуп зошто сето тоа е веќе видено. Додека првиот е многу јак и никогаш нема да ми досади да го гледам. Првиот ми е исто подобар бидејќи Cady има 2 многу нетипични пријатели геј типот и емо женската
Предобар филм. Како нашиов живот е . Сплетки,љубомора на секој чекор. Интересен момент : Спојлер Типката кога дојде облечена во невеста на Halloween , а они имале Bitch night. Јао колку се смеев на ова.Па и пискаше дури Д филм ис соу ФЕЧ.
Легенда филм, мислам нема која тинејџерка го нема гледано и не и се има допадато! Нема психологија во филмов, и многумина ќе речат филм без поента, но ова е совршен пример на Chicк flicks филмови! Си се потсеќам од време на време и мислам дека никогаш нема да ми стане одбивен и досаден! Ме враќа во деновите кога имав 15-16 години и едиnствнa преокупација не беше како да го освоиш свијачот, дали и он те свија, дали те погледанал или не,и од време а време школото,кога се поправаа оцени и сите се цинкара за 5ки Чиста философија и јас така викам
Го имам гледано минимум 10 пати. Мене ми е уште интересен, ако сум го надминала тоа филмско понашање. Двојката не сум сигурна дали да го гледам. Не сум фан на тие продолжетоци особено затоа што се имаат покажано како лоши.
А мене па не ми се веруваше дека Рејчел Мекадамс ја глуми легендарната Реџина Џорџ . Кога дознав пред некое време,си велев нема шанси тоа да е истата Рејчел од Бележникот,Временскиот патник,Шерлок Холмс.Но баш добро глуми кучкица и злобна девојка а и Линдзи не е лоша во овој филм. А да за тоа машкото имате право,и мене ми е убав. Соу феч Бу ју хор Епик цитати од филмот .
Ххахаах каков филм, 1000 пати го имам гледано и никогаш не ми се здосадил. Интересен филм кој се случува и во реалниот живот, тоа е тоа... И...да, го има на интернет филмов
Првиот дел одамна го имам гледано и ми нема оставено некој посебен впечаток. Затоа немав желба да го гледам ни вториот, ама ај некако се решив и го изгледав и да, вториот дел повеќе ми се допадна
Филмов е дефинитивно задолжителен Не познавам некој што го нема гледано. Ми текнува на времето колку сите бевме опседнати,глумевме Mean girls низ школо Дефинитивно еден од моите фаворити.Вториот дел не ми се допаѓа.Не ми остави некој впечаток
Кога и да видам нешто поврзано со филмов или се сетам на него ми доаѓа да прснам од смеење. Ја обожавав Линзи Лохан во филмов, но по некое време од кога дознав која е, што е, и каква е, ми се заврте во глава. А филмов е ПРЕЈАК. Многу ми е жал што го изгубив ЦДто на кое ми беше снимен, но затоа обавезно пак ќе си го симнам
Убаво сум си пишала, подобро да не го гледам вториот дел. Се зезнав сама себе. Џабе потрошив час и половина, колку и да трае. Глупост на трета.
Незнам колку пати го имам гледано филмот Типичен тинејџерски филм. Сега сакам да го гледам вториот дел
Само првиот дел го имам гледано,неколу пати.Интересен е,а настаните,па и ликовите се како и во секој друг тинејџерски филм