Isto i mene toa me.nervirat posto koga e nekoj dalecen go otkacvis ne sakas da bidi vi tvoja blizina ama koga tie blizok nema spass
Нека крене рака оној кој никогаш не завидува(л). Или некој што не го турнал својот ривал брзајќи по патот кон успехот. Или не посакал да има моќ за да може да поседува голем број материјални добра. Никој не е мајка Тереза денес, а светот не е Јинг и Јанг, или две спротиставени страни на добро и зло, туку секоја индивидуа има свои контрасти, добри и не толку добри карактеристики. Меѓусебното прифаќање, толеранција, и универзалната љубов сѐ оние доблести кои нѐ прават свесни, хумани, и ни го отвараат патот кон духовното растење. Нарекување некого злобен е знак дека сеуште не сме издигнати до оној стадиум на духовност, каде и покрај тоа што сфаќаме дека луѓето не функционираат во хармонија, поседуваме капацитет да го прифатиме тоа. Сѐ е фокус.
Ниту некому сум завидувала, нити па сакам. Никогаш нема да наштетам некому како би се издигнала сама себе. Сметам дека сум доволно способна за она што ми треба да успеам. Ако тргнувам лично од мене битно ми е луѓето до кои ми е дојдено во животов да ме почитуваат исто како јас нив и да одат напред. И секогаш било кому би помогнала доколку можам. Макар и да бил најголемиот непријател. Воспитувана сум според тоа дека ако можеш некому да помогнеш помогни, немој да одмагаш.
Секогаш имало и ќе има цинични и злобнии луѓе скоро секој човек е опкружен со такви личности или имал искуство со такви. Па затоа треба да ги игнорираме и да продолжиме понатаму.
Не си створила некогаш завист кон некого за убава гардароба, чевли посакувајќи да ги имаш и ти истите? Или да имаш подобро здравје, родители, живот за разлика од сегашниот? Немаш правено споредба помеѓу тебе и познаниците кои важат за поуспешни? Не мора да ми одговориш, но размисли и биди искрена пред себе. Кој денес се издигнува до пиедасталот само поради сопственото его, бидете реални. Човекот тежнее да биде сакан и прифатен од другите, но тоа покажува дека многу од работите кои ги правиме, ги правиме и за другите а не само за нас. Да си сама на светот ќе сакаш добра кариера, чевли и накит? Можеби привремено, но што потоа? Заклучок: Не е интересно кога нема компетиција.
Па посебно за гардероба или статус никогаш. А за здравје па не би можела тоа завист да го наречам. Не дај Боже да дојде до тоа да се прашуваш зошто ти не си здрав а некој друг е. И не. Колку и да ти се чини неверојатно никогаш не сум сакала ни да се споредувам ни да ме споредуваат со други.
Значи сакаш да кажеш дека никогаш не си била обесправена во животот? Не си се нашла во ситуација кога не си го добила заслуженото за кое напорно си се трудела, (на пример оцена), и не си створила негативна емоција мешана со бес и завист поради тоа? Еве, ова нема врска со компетиција, ама ме интересира.
Материјалните добра се релативна ствар. Купишта гардероба и чевли не ме прават среќна. Зошто секогаш споредба со другите? Имам друштво што одсекогаш имале повеќе од мене. И материјално, и целосна фамилија. Но никогаш не почувствував завист. За ништо. Не сум ни баш омилена меѓу луѓето, но тоа е затоа што јас така сакам. Не сакам да сум центар пажња. Се што правам, го правам за мене да ми е убаво на душичката. Малите нешта ме прават среќна. И да, сум амбициозна, но материјалното не ми е на прво место. Никогаш не им завидувајте на другите за тоа што го имаат. Не знаете кој со што платил. На темата... ги имам многу такви, ги викам црпачи на енергија. Затоа си го бирам кругот на пријатели. Ако ми завидува, и секоја втора реченица им е, ааа лесно ти е на тебе во странција... не ми требаат во животов.
Релативни ама неопходни. Сите сакаме да поседуваме убави нешта, тоа е факт. За да бидеш посакувана не треба да бидеш омилена меѓу луѓето, ниту да бидеш центар на внимание. Мали нешта..Исто и малите нешта се несупстанцијални, ама значајни. За некого пенкало е мал но, значаен предмет, додека за друг ламборџини, зависи од финансиската расположливост. Оние кои завидуваат се насекаде околу нас, буквално. Многу здраво ментални личности, и остварени во поглед на кариерата се завидливи. Може нема отворено да го кажат тоа, но ќе помислат, или преку некоја постапка кога е најмалку очигледно ќе покажат. Не верувам дека никој од нас никогаш нема посакано нечија туѓа работа, (можеби немаме обрнато внимание дека сме вагале), или да има подобар живот од оној кој го живее во моментот. Амбицијата е во тесна врска со компетицијата. Не секогаш, но најчесто е, и тоа е исто така природно. Живи луѓе сме, паметни суштества кои сакаат да живеат удобно. Инаку, не знам зошто секогаш мора некој нешто да плати за да живее живот со сите финеси. Може да се има одличен живот и без принесување некаква жртва за возврат.
Ne sum spremna za takvo nesto nesto mila, oni imaat sekakvi vrski taka da nula sum sprema niv ke si ostanam I bez maloto. Sepak Fala vi na site sto izdvoivte malku vreme za mene.
Четири години морав да имам такви луѓе во близина,се променив многу,од весела и позитивна личност станав повлечена,тажна,итн...фала богу заврши тоа,ако имаш прилика игнорирај ги,јас за жал немав,само немој да дозволиш да влијаат на тебе како личност,тоа никако!Ќе си го уништиш животот за ништо,не е за џабе речено,какви ти се мислите таков ти е и животот,не вреди да се нервираш,не ти требаат многу другарки,и јас ги немам многу,имам само неколку и супер ми е,а од таквите како што ги опиша нема да видиш ништо убаво во животот,а животот е еден,нели?! Затоа подалеку од таквите,имаш ли барем прилика да се откачиш од нив?Студираш/работиш па мора да си со нив?Ти рекле нешто или само како појава ти пречат?
Циничен =/= злобен енергетски вампир. Со циничниот можеш да си тераш шега. На крај краева и двајцата ќе се изнасмеете. Со злобен енергетски вампир не можеш ништо. Секогаш прво ќе ти ја исцица позитивната енергија а после тоа испаѓаш лошата личност.
За жал такви има во мојот клас, и постојано само нешто ми префрлаат, бараат ситница кај мене за да префрлат нешто.. Еднаш почнаа да оговараат зошто сум ја ставила сламката(шнолата) обратно.. Јас ги игнорирам постојано, но ме нервираат, ем гледат дека не се замарам не ми е јасно зошто не престанат веќе, незнам која и е целта. Се возиме со моторот со дечко ми они дофрлуваат, у соблекувална си го бев потпишала датумот они го ишкртале, и постојано зборуваат како демек сум раскинала со дечко ми а не сум.. Не знам како да се справам со нив.. Затоа и не ми се оде од Септември на школо...
Мое мислење, љубоморни личности кои имаат досаден живот и туѓиот им е поинтересен па зборат се и сешто. Секогаш имало такви и ќе има. Не им се замарај, се надевам до септември ќе пораснат и ќе си го тераат својот бизнис.