Чекајте сеа, праиме муабет за баш флејта или за оние блок флејтичиња пластични на кои свиревме у основно? Пошо мене второво повеќе ми личи да се вика пластично кавалче отколку ли блок флејта и затоа ми е многу чудно од каде името блок флејта. Ако збориме за баш флејта, не знам, но паметам дека една моја другарка велеше дека не било многу тешко.
Темава треба да се преименува во Знаете ли да свирите на блок флејта, бидејќи ми се чини дека сите за таква флејта зборувате На таква знам да свирам, не е некоја посебна филозофија, освен тоа мислам дека немаше основно школо во кое не беше дел од часовите по музичко. А што се однесува до онаа хоризонталната флејта - на таква не знам да свирам. Дувачките инстументи се прилично тешки за свирење и еднаш се обидов да отсвирам барем еден тон на обоа, ама не успеав
Знаете ли да свирите на флејта? најомилениот мој инструмент,научив малку,но мојте мислеа дека тоа не е за нивната керка и заврши во белград тој мој инструмент!!! да ми дозволеа да си ја остварам желбата можеби ке беше се поинаку....но ете така требало да биде!
Јас како дете имам добиено на подарок пластична блок флејта,но тогаш не сум знаела ни скалата да ја отсвирам на неа,бидејќи многу мала сум била и не сум се разбирала од тоа! Подоцна се запишав во нижото музичко училиште и свирев клавир,го одбрав него за инструмент за изучување бидејќи ми изгледаше најлесен и знаев дека дувачките инструменти,исто и жичаните се многу тешки за свирење! Денеска бидејќи одамна не сум свирела не знам да свирам ниту клавир,а камоли флејта,но сепак би сакала барем некогаш да се потсетам и пак да свирам а и да научам да свирам на флејта,но сепак гитарата,пеењето и играњето ми се слабости!
Не знам да свирам,ама би сакала да научам,но знам да свирам клавир,можеби ќе ми биде полесно да научам зошто одам на часови по клавир.
Знам ама на оние блок флејти. Во основно додека учев по музичко наставничката не тераше да свириме, и тие што знаеме секогаш 5ки имавме. И во оркестар одев. Сега сеуште си засвирувам понекогаш, ми недостигаат времињата кога учевме нови песни за свирење. Најмногу ги знам да ги свирам приспивна песна и одата на радоста. Многу други знаев, ама ги повеќето ги имам заборавено.
Знам дасвирам. Одев на оркестар во школо 3 години.И многу награди земавме.Ама оваа година се откажав.Не ми се одеше веќе ,а и последна година ми е.
Не.Јас сум антиталент за музички инструменти.Кога имав 10 год.се трудев да научам да свирам на мандолина.Бев упорна,но тоа не е доволно без талент.За да успеете потребно е да имате талент 90 %,а другите 10% да ги посветите на работа.