Темава ме потсети да си ја најдам флејтата пред некое време. Се изненадив што ми текнаа мелодиите што ги свиревме на музичко, прстите не ги заборавиле. Убедена бев дека нема да ми текнат, многу се изненадив што и по години поминати, ги паметев. Интересна работа е меморијата.
Некогаш не учеле во основно. Се сеќавам еднаш на директорката требаше да и отсвириме песна, али тоа беше жива брука. А родителите ги гледаш горди аплаудираат. А ние бетер од раштиман оркестар. Сé уште го имам видеото, колку само ме јаде срам кога ќе ми текне. Ама тие луѓе и до ден денешен ми се верно друштво...
Да ме научите и мене. Јас имав класна по музичко (во основно). Не тераше да носиме флејти на секој час. Па и да свириме. Баш како оркестар бевме.
Мене ова ми е една од ретко чудните теми на форумов. Секогаш кога ќе го видам насловов ми е пресмешно. Као, да се свири флејта е нешто најсекојдневно. Можело да биде, пример: Знаете ли да свирите на некаков музички инструмент?
У основно не учеа блок флејта, но со тек на време веројатно е заборавено. Иако можам да ја зафатам, не би па, тој звук го мразам од дното на душата.