1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Знаеш дека ме сакаш (Сесили фон Зигисер)

Дискусија во 'Книги' започната од ocila, 23 октомври 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Добредојдовте во Горниот Ист Сајт во Њујорк, местото каде што живееме јас и моите пријатели. Тука одиме на училиште, си играме и спиеме, а понекогаш и заедно. Влезете во скандалозниот свет на Озборувачката, тоа е свет населен со градската, најневеројатната толпа луѓе; светот на љубомората, предавството и безобзирните слики насликани на автобусите.
    Дојде време да ги пополниме пријавите за факултет...
    Не станува збор да не аплицираме во Ајви лигата; и ако не влезeме во овие факултети ќе биде ужасно срамно... Ама, јас знам неколку девојчиња кои нема да дозволат притисокот да ги уништи. И покрај сè, никој не сака да се запише на факултет како девица.
    Знаете дека ме сакате, Озборувачка.
    Исто така да напоменам, има и ТВ екранизација од страна на американска телевизија, и мислам дека нема тинејџер кој не слушнал за серијата, затоа што за брзо време во Македонија стана неверојатен хити иако уште не се појавила на нашите телевизии, интернетот го стори своето. Иако можеби ќе ве предомислам, но мое мислење е дека екранизацијата е подобра направена, секако кога ќе се видат убавините на Менхетен на екран.
     
  2. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Ја зедов за да ја читам и оваа и еден од нејзините продолжетоци но неколку страни и толку неможев да ја дочитам почнав само така да ја разлистувам, посебно ако ја гледате серијата многу работи ќе ви се измешаат. Искрено не е мој тип на книга.
     
  3. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Лелееее книгава колку си ја сакам :D Не дека е нешто посебно ама награда си е награда и тоа не обична туку за ученик на генерација во прва година ^_^ Ејј на времето кога ли помина. Инаку интресно книгиче и поубава е од филмот барем мене ми беше. Како за тинејџери е супер ;)