Знаеш ли да чуваш тајна? (Софи Кинсела)

Дискусија во 'Книги' започната од RedDevilGirL, 10 март 2011.

  1. RedDevilGirL

    RedDevilGirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    Ова е книгата која ми ја откри Софи Кинсела и никогаш нема да можам доволно да се заблагодарам. Откако ја открив, се заљубив и тргнав од книжара во книжара низ Скопје да барам повеќе книги од Софи. Едноставно ми требаше уште, уште и уште.

    Лесен, разбирлив стил кој ќе те натера да помислиш дека разговараш со ликовите од книгата. Те тера да се смееш на цел глас додека читаш сам во соба. Ја фаќаш книгата и не можеш да се одвоиш од неа, ни за јадење, ни за пиење, ни за одење во wc. Како да гледаш некоја романтична комедија што трае и трае.

    Не знаеш дали повеќе го сакаш главниот лик или писателката или пак тие две личности можеби се една...

    Главниот женски лик во оваа книга е толку уникатен, толку весел, толку позитивен што едноставно нема да можете да речете дека не сте ја засакале после ови 300 - 400 страници.

    Таа во напад на паника, мислејќи дека ќе се сруши авионот, на тотален странец кој седи до неа му ги кажува своите „најмрачни тајни“. Не, тоа не се страшни големи тајни поради кои некој може да ве мрази или да одите во затвор. Тоа се мали, смешни тајни кои немаат никакво значење за никого освен за неа. Откако ситуацијата со авионот завршува во најдобар ред, таа е засрамена, но од друга страна се теши дека сепак не е толку страшно бидејќи човекот кој седеше до неа нема никогаш повеќе да го види.

    Сè додека неколку недели подоцна таа не го запознае својот нов шеф... кој сега случајно знае дека таа истура кафе во цвеќето на нејзината колешка која не може да ја поднесе, дека го лаже своето момче за бројот на својата облека, т.е вели дека носи неколку броја помала долна облека, дека има соништа кои некогаш ја вклучуваат нејзината најдобра пријателка на малку невообичаен начин . . .

    Знаеш само дека кога ќе завршиш со читање ќе тргнеш да бараш повеќе од позитивната дрога на Софи. За секоја девојка што ги сака книгите од овој тип, препорачувам дека ова е книга која едноставно не смеат да ја пропуштат.
     
    На fificaaa, Libera, elka.timova и 3 други им се допаѓа ова.
  2. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Оваа книга и мене ме воодушеви. Искрено очекував да биде досадна па следствено со тоа и тешка за читање, но едноставно не може а да не се соживееш со Ема, главниот лик. И покрај тоа што има околу 400 страни вреди да се прочита. Топло ја препорачувам.
     
  3. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Една од најдобрите чик книги дефинитивно
     
  4. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    75
    Летово ја читав книгава , многу е интересна , паметот ми беше во книгата се додека не ја прочитав...за два дена ја прочитав книгава , интересна е мн :D :D :D :D :D
     
  5. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас симнав од нет неколку книги на Софи Кинсела на англиски , меѓу кои и оваа и на лаптоп ги читав. А верувате ли дека не спиев додека не ги дочитав. Во сите книги обработува иста тематика -животот на современата девојка, а стилот на пишување е разбирлив за секоја возраст. Студирам книжевност и доста “тешки“ книги прочитав, па овие нејзините ми дојдоа како одмор. :lol: Не ја препорачувам на оние кои бараат некоја длабочина и порака во книгите, пошто ептен обична содржина има. :) Едноставно, книга за на плажа ја нарекувам јас. :D
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    15
    Книгава ја прочитав во еден здив ама буквално,мн. ми беше интересна,онака лесна книгичка баш за одмор и релаксација.И јас се соживеав со книгава и не те остава,сакаш пак и пак да читаш,да видиш што ќе се случи :)
     
  7. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    97
    читам и немозам да се начудам колку со секој збор се пронаогам таква бев јас кога прв пат се стретнав со книгите на соффи тоа беше пред 5,6 можи годинки,се заразив в крај и филмот одма го изглредав сите нејзини ми се омилени без разлика со на некој мози нке му изгледааат детски нејзините книги јас ги сакамм бре ги обожавамм,а за главниот лик нема шо да додадам :inlove:
     
  8. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Ја читав книгава на плажа. Супер е. Стилот ме потсеќа на Александра Потер.
     
  9. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    73

    може да ми дадеш адреса од која ги спушти книгите зошто и јас сакам да ги прочитам... ја барав оваа книга по сите книжари во мојот град и нигде не ја најдов .. ќе ти бидам благодарна :)
     
  10. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    209
    Баш оваа книга ми е во план да почнам да ја читам деновиве. Сестра ми ја прочита и ја фалеше, значи вреди да се прочита
     
  11. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Книгава ми е една од омилените,ја прочитав во еден здив и премногу ми се допадна.Сега планирам пак да си ја прочитам :)
     
  12. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам од која страна ги спуштив, ама еве сега најдов за неколку:
    Пишува дека нема вируси. (колку е тоа сигурно не знам :) ) Се надевам ќе ти завршат работа линковите.
     
    На babylove123 и unlucky им се допаѓа ова.
  13. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    најзабавна од сите досега што сум ги прочитала, првата книга која не ме остави да прекинам со читање
     
  14. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Книгава ме насмеа до солзи....Забавна е и лесна за читање... :)
     
  15. Estranged

    Estranged Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    4.928
    Омилената книга на сестра ми :D Што знам, не е лоша за некој што сака таков тип на литература... Ми се допаѓа онака, за на плажа или за пред спиење... но кога имам желба за читање, претпочитам нешто малку потешко,ова некако ми е малку детско. No hard feelıngs, се е прашање на вкус.
     
  16. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Книгава е совршена за оние што читаат ваков жанр на литература. Мене лично чик-лит книгите ми се најинтересни за читање, на плажа со коктел кога ти треба нешто да те релаксира :D
     
    На Jowe му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Ми ја донесоа за подарок книгава пред 2 години,и затоа решив да ја прочитам,да не ја добиев, вака по насловот никогаш не би ја купила! Знаеш ли да чуваш тајна?-самиов наслов ме поцетуваше на некој патетичен тинејџерски дневник и толку..ама,излезе сосема спротивното,книгава е толку лесна за читање и толку забавна што ја прочитав за 2 дена,ептен ме изненади,па треба да ги побарам и др.нејзини книги да видам дали ќе ми се допаднат! ;)
     
  18. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Лесна и релаксирачка книга за читање.Ја имам прочитано,и ми остави добар впечаток
     
  19. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Знам да чувам тајни ;) ...неможам да ја најдом книгава,кога ќе си одам за Македонија ќе ја побарам ако ми текне,а може да ми кажете во која точно книжара ја има да не лутам да ја барам :lol: ;)
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    1.814
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не ја испуштав од раце! Заразна книга која ја прочитав од рок од 2-3 дена.
    Едноставно, една од омилените! :inlove: