Знаењето

Дискусија во 'Религија' започната од tessie, 26 август 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.389
    Пол:
    Женски
    Знаењето знае да биде опасна работа ако не знаеш да се справиш со неговите две лица. И тоа го имам забележано во религиозното учење.

    Според Стариот Завет, плодот од дрвото на знаењето бил пресуден за изгонувањето од Рајот на Адам и Ева.

    Ден денес, со знаењето се служи нечестивиот и преку гатачките, бајачите, претскажувачите.

    А и животот се` повеќе ни` укажува дека колку знаењето не` научило, толку знаело да не` фрлило во поголема заблуда отколку што била во претходната состојба.

    Достигнувањата благодарените на стекнатите знаења и научен развој колку ни` го олесниле, толку и ни` го отежниле животот.

    Достигнувањата во медицината спасиле многу животи, но и ни` укажале на се` погрешно што сме правеле и на каков се` начин сме си го загрозувале здравјето (време кое не може да се врати, работи кои не можеме да ги преправиме, а со тоа, самото знаење за иситите е и бескорисно, а корисно можеби, како лекција за нашиот понатамошен начин на живот).

    Достигнувања во технологијата и другите гранки, кои не` збогатиле но и не` осиромашиле. Затоа што човекот кога е богат е најсиромав. Секогаш копнее по нешто повеќе. Тоа е дел од човековата природа кој ги направил луѓето полоши, разрушил многу семејства, го изгубил некогашниот контакт со природната животна средина од која и излегол, а и го направил многу осамен.

    Како сте го согледале вие знаењето преку религиозното учење? На темава се добредојдени верници од сите религии. Секако очекувам и корисни информации и поправки од религиозно поупатените Христијани. :)
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    24
    Нобел го пронашол динамитот во 1867 година, материја со која било полесно и побезбедно да се работи отколку со понестабилниот нитроглицерин. Динамитот бил патентиран во Соединетите Држави и во Обединетото Кралство и бил користен во минирање и градење на меѓународни транспортни мрежи.

    Во 1888 година, Лудвиг, братот на Алфред умрел за време на неговата посета на Кан а француски весник мислејќи дека тоа е Алфред, по грешка објавил негов некролог. Весникот го осудил Алфред за неговото пронаоѓање на динамитот. Некрологот изјавил „Le marchand de la mort est mort“ (што во превод од француски јазик значи :„трговецот на смрта е мртов“) и продолжил велејќи: „Доктор Алфред Нобел кој се збогати со откривање како да убива луѓе побрзо од било кога, почина вчера“. Алфред се разочарал од тоа што го прочитал и се загрижил за тоа како тој ќе запаметен. На 27 ноември 1895 година, во шведско-норвешкиот клуб во Париз, Нобел го потпишал неговиот последен тестамент и се отргнал од товарот на она што го поседувал со цел да ги основа Нобеловите награди, за да се доделуваат секоја година без дискриминација на национална основа.

    Некои ученици на Нобел претпоставуваат дека на тој начин Нобел се трудел да надомести за создавање на оружја со разорна моќ

    Незнам дали е во контекст на темава ама мене секогаш ми била многу интересна приказна, човекот бил интелигентен, пронаоѓач, научник...а сето тоа резултирало во направи со кои се убиваат луѓе, згаснуваат животи, се разурнува нешто што некој претходно го градел. И на крај самиот бил свесен за тоа, па основал фонд за награди за мир.
     
    На Captain-Omni и tessie им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.389
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ми е интересното. Тие две лица на знаењето за овоземниве појави и предмети. Дали значи дека треба да се осврнеме кон духовното и таму да ја бараме таа една и недвосмислена вистина... Дали е тоа вистинското знаење...

    И јас сум збунета, затоа и ја отворив темава за да видам повеќе размислувања кои би ме навеле до некој поконкретен заклучок.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    336
    Теси, не сум толку упатена,
    но она што јас го знам, она што е карактеристично за православното христијанство е почитувањето на основниот духовен закон а тоа е ПОСЛУШАНИЕТО.
    Имено, добро си приметила уште во првата реченица, дека знаењето може да биде опасна работа.
    Затоа во православниот живот е воспоставен однос духовен отец- духовно чедо, при што основа на тој однос е послушанието кон духовниот отец, токму поради опасностите кои демнат, посебно на почеток на духовниот живот.

    Па бидејќи ѓи споменуваш Адам и Ева, токму поради тоа непослушание, тие се изгонети од Едемот, и сега сите ние ги трпиме последиците од тој пад.
     
    На korisnichka, Mama25 и tessie им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Машки
    Интересна тема @tessie. Ми се допаѓа и како си го поставила воведот. Ќе се потрудам да го дадам христијанското гледиште на оваа тема.

    Убаво си забележила дека не секој човек може да се носи со одредено знаење. Особено не можеле Адам и Ева да се носат со забранетото знаење за распознавање на доброто и злото.

    Заради грешната природа на луѓето, знаењето лесно може да се злоупотреби за лоши цели. Таков е случајот со динаминот кого Нобел првично го направил за откопување на руда, но веднаш потоа се користело за воени цели, за убивање луѓе. Нобеловите награди се именувани по него и се даваат од неговите фондации.
    Ист е случајот и со откривањето на нуклеарната енергија, која првото место го доби во Хирошима и Нагасаки, а дури потоа во електроцентралите. Ова е доказ дека знаењето не е доволно, туку треба да биде поткрепено со извесен морал, што најдобро доаѓа од верата.

    Исто така знаењето може и да возгордее. Тоа е јасно пишано во Библијата:

    „Знаењето вообразува, а љубовта надѕидува.“ (1 Коринтјаните 8:1, Библијата)

    Ајде сега малку и за добрата страна на знаењето. Знаењето што ни е на дофат и не ни е забрането од Бог, секако дека само по себе не е штетно и Господ не обдарил со разум и капацитет да ја осознаваме природата околу нас и да ја користиме за полесен и поквалитетен живот.

    Во Светото Писмо особено е охрабрено духовното знаење и Богопознанието. Апостол Павле во една прилика за своите сонародници (евреите) вели:

    „Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење.“ (Римјаните 10:2, Библијата)

    За жал оваа ситуација е честа и денес, бидејќи има многу луѓе кои имаат ревност и љубов кон Бог, но без правилно знаење, бидејќи не го читаат Светото Писмо, не ја знаат Божјата воља, не знаат што му е угодно на Бог, што е најдобро за нивниот дух, за нивното спасение, мир, вистинска радост.
    На друго место апсотол Павле вели:

    „Што се однесува за духовните нешта, браќа, не сакам да останете во незнаење.“ (1 Коринтјаните 12:1, Библијата)

    А еве и неколку мудри изреки од мудриот Соломон:
    „Разумното срце бара знаење, а безумничката уста се занимава со глупост. “ (Пословици 15:4, Библијата)
    А на друго место Соломон вели: „Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки.“ (Проповедник 1:18, Библијата) :) Но ова сигурно не го вели за духовното знаење и за Богопознанието.

    Според Исус, најголемата Божја заповед е да го љубиме Бог со сето срце, сила, душа и разум. (ев. Марко 12:30, Библијата) Да го љубиш Бог со сиот разум значи да го запознаваш се повеќе и повеќе, да поминуваш време со Него во молитва, да го запознаваш Неговиот карактер, Неговите атрибути.

    Но каде да добиеме вистинско и сигурно знаење за духовните нешта и за Бог? Христијанскиот одговор на ова прашање е: Во Божјото Слово, што за христијаните претставува Светото Писмо. Псалмистот Давид реколЧ
    „Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.“ (Псалм 119:105, Библијата)

    А Исус Христос, во една од Неговите молитви пред Неговото распнување, молејќи се за Своите ученици, Му го рекол следново на Таткото Небесен:

    „Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.“ (Исус Христос, ев. Јован 17:17, Библијата)
     
    На LivingGlam, elisabeta и tessie им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.220
    Убав вовед Теси, убаво мислење Бибуш, убав христијански осверт на ЕвАнгелос, генерално, многу убава тема. :clap:

    Еве јас ќе пробам да дадам еден нерелигозен осврт. :emo:

    Луѓето се прости и тоа е факт кој може да се негира, но е непобивлив. Исто така, луѓето се различни, некои се раѓаат интелигентни, некои полни љубов, некои полни омраза... што би рекол нашиот народ, како ќе ти дадат наречниците. :)

    Некогашниот свет пред пар илјади години и денешниот немаат многу разлика меѓусебно. Единствена разлика е технологијата, инаку живееме исто. Ист е соодносот на луѓе кои „знаат“ и кои „не знаат“, на паметни и прости, на способни и неспособни, на лидери и на овци.

    На светот му фали образование и наука. Токму тоа е она кое нашите деца го немаат, а не религијата. Образованите луѓе се луѓе кои можат да ги видат двете вистини, онаа научната за светот и онаа духовната. А кога човек може да ја види паричката од двете страни, тогаш и лесно може да процени која повеќе му се допаѓа.

    Луѓето кои знаеле, па измислиле динамит, атомски бомби и оружје, како што веќе спомнавте, ги направиле со добра цел. Патем, најголем дел од научниците, филозофите, учените луѓе во историјата биле атеисти или неверници, а донеле на свет изуми од голема важност... изуми кои подоцна ќе ги искористат злобните и алчни луѓе, простите, не доволно учените кои случајно или не, сите себе си се прозинесувале како многу посветени верници, на која религија и да е.

    Поентата ми е, знаењето не е причина за раздор, за деструкција и смрт, туку напротив, незнаењето и игнорантноста.

    Кога во некој паралелен универзум би немало алчност и среброљубие, многу од научните достигнувања кои сега ги имаме, ќе биле возможни уште пред 1000 години. Сега можеби веќе ќе бевме на друга планета или на оваа, но со многу поубав живот отколку овој моменталниов. Од филозофите во стара Грција, преку Галилео Галилеј, па до денешните научници кои имаат измислено лек за еден куп (патем кажано вештачки генерирани) болести, науката е потиснувана на сметка профитот и алчноста за пари и моќ, а порано и на религијата која пак го правела тоа под капата на ѓаволот, велејќи дека науката ќе донесе немир, а не духовно спознание, што е тотална невистина, бидејќи причината за тоа е што основната поента на религијата низ вековите е загубена и се користи единствено за манипулација и одржување ред и поредок, што повторно е алчност, пари и моќ. :!:

    Овој свет нема иднина, ќе се движи само кон конечно и комплетно себеуништување во секој поглед... духовен, морален и секако, физички. Сето тоа, бидејќи простите не им даваат шанса на паметните, на оние кои го имаат знаењето. ;(
     
    На okcenzi, Читател и tessie им се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.323
    Мене, кога седнав вака да размислам на темава, може ептен сум ја промашила, ама вака ми поттикна мислење.

    Има смисла во тоа, како некои викаат дека религијата е создадена за контрола на масите. Почнувајќи со лекцијата не го јади јаболкото или ќе бидеш казнет. Послушност. Денес, кога народот воглавно не го знае учењето од, за пример христијанската религија, искрено повеќето се водат по некоја традиција да ја речам, отколку разбирање/знаење, па плус има се повеќе народ кој воопшто не верува во бога и се наклонува врз научното исклучиво, макар ги има и оние кои ги земаат двете знаења (живеат во мислам најубавата златна средина), ама денес треба повеќе контрола и затоа ја имаме и политиката, која ако се правиш паметен и направиш нешто против нејзиниот збор/закон, таа исто како бог и ќе те казни. Па и драстично помалку има толеранција и милост отколку бога. Кога ќе погледнеш, исто така и добрите не ги наградува, трпете, само сврска со камшикот, барем во религијата постои надежта дека горе на небото ќе е поубаво. :wasntme:

    Не прави прељуба вели религијата, грев е. Не прави прељуба оти по граѓански закон убаво ќе го окркаш, при развод ќе останеш и без имот и без деца. Не кради, грев е - затвор се лежи. Не лажи, грев е - ќе платиш клевета. И така по ред. Важно некој ред се воспоставува, за оние кои се без морал грешници/багабонти, мора на некој начин да се држат под контрола. На оној со верба во бога, две кадии му судат :!:
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.159
    Знаењето... погледнато од агол на црковните продори:

    мора да е покриено со тешко олово свиено врз грбот на човекот. Истото да неможе да испука и да излезе на виделина. Да не може да го освести човекот.

    Религиски знаењето е Луцифер, тоа е соседната страна која се наоѓа до страната на (навидум) доброто, чистото, јасното, тивкото, разбирливото и НЕИНТЕРЕСНОТО.

    Но всушност знаењето е тоа кое не поттикнува да се осетиме живи и да избегаме од ограниченоста. Тоа е интересно, скокотливо, креативно и желно за искрена видливост.
    Сопствена видливост на индивидуата до која ќе се стигне единствено одејќи сам како единец и слободно без никакви социо-религиско-општествени притисоци.

    Знаењето е она сопственото наше нагонско трагање кон совршенството. Кон тоа што за самите нас претставува совршенство. А секое совршенство за крајна цел го има пронаоѓањето на мирот на душата која определениот човек си ја носи. Дали ќе е добро или лошо совршенство сеедно, колку луѓе толку судови за што е добро, а што не.

    ...Желбата за знаењето која е скриенa само во нас и нашата потсвест - онаму кадешто не допираат советите и гласовите на родителите - е токму таму е завиено знаењето кое ако самите си го согледаме ќе заклучиме каква личност навистина сме. Суштински добрата личност, неспособна за злоба - сега не говорам за онаа научената напати исценирана добродота, туку за генетски наследената - ваквата личност трага кон знаењето.

    Никогаш не ја сакав приказната за Адам и Ева. Се согласувам дека е (донекаде) потребна за контрола на некои страшни умови, но мислам дека би било доста попожелно да се осмислело друга тактика за зауздување. Или со други зборови, крајно време е сега да се осмисли друга приказна. Настрана што главниот товар и го дариле на жената, сиот тој грев. А замислете колку убаво било претходно, да речеме пред Средниот век, во времето кога жената била булка а сепак се третирала како човечка личност.
    Инвазијата на Средниот Век погрешно ја протолкувала религијата.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.389
    Пол:
    Женски
    Ние не сме совршени, затоа можеби и не можеме да го искористиме нашето знаење на начин на којшто ќе дава совршени плодови.

    Одличен е примерот со динамитот од погоре. Слично е и со обезбедувањето на егзистенција за што повеќе луѓе, а се гледа повеќе на квантитетот, отколку што на квалитетот. Се` си има свои позитивни и негативни ефекти. Слабоста на човекот е она што јас го велам „Ахиловата пета на Франкештајн“, односно неможноста да се контролира “чудовиштето“ коешто сами сме го создале (односно негативните ефекти од секој изум којшто претставува плод на нашето знаење). Затоа што како што духовното и ѕверското се борат во нас, таква е и двојната природа на производот од користење на нашето знаење. Невозможно е да има негативности, но мора да сме свесни за истите и да го контролираме колку што можеме нивното влијание.

    Сепак добро е што постојат и ситуации со спротивен тек на настаните. Кога се користи нашето знаење само да наштетиме некому, а истата штета да биде привремена и таква преку којашто тој кому му наштетуваме има долготрајна корист за којашто не се надевал.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    Samo na duhovno jakite ludje, sekoe znaenje može od polza da im bide.
    Onie koi go razbiraat duhovniot svet mozat da go izberat vistinskoto vo okeanot na informacii koi sekojdnevno ni se plasiraat kako znaenje.
    Interesno e kako mnogu raboti stanuvaat porazbirlivi,so duhovniot rast.
    Vistinska e šteta što sme elementarno duhovno nepismeni i skloni da usvojuvame sekakvo poluznaenje koe ni se servira kako znaenje i edinstvena vistina.
     
    На Captain-Omni, Petra777, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Машки
    Постои знаење за вистината и знаење за лагите. Човек може многу да знае, а сето знаење да му се базира на лаги. Знаењето пак на вистината е благослов за сите луѓе. Впрочем, како ќе знаеш дека некој е „духовно јак“, ако немаш правилно знаење за тоа што е духовно јак? Во таков случај можеш лесно да бидеш манипулиран од самопрогласени духовно јаки луѓе.

    Еве на пример многу луѓе во Македонија го сметаат Ошо за многу јака духовна личност. Неговите книги ги преплавија книжарниците во Македонија, а неговите цитати беа десет пати повеќе шерувани на фејсбук отколку Исус Христос, апостолите или било кој друг христијанин од вековите подоцна. Едноставно типот има голема бела брада и таков монашки изглед и за народ кој нема елементарно познавање од Светото Писмо тоа е доволно за да го сметаат за гуру на духовноста.
    [​IMG]

    п.с. Ошо по своите религиски гледишта припаѓа на New Age филозофијата.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    Točno e ova za Ošo,zavodlivi lagi,ubavo spakuvani.
    Čovekot prirodno gladen za duhovna hrana lesno se manipulira.
    A najlesno koga poluvistini se serviraat vo privlečni boi.
    Patištata do vistinskoto znaenje se različni i sepak se se slučuva so Bozja promisla,treba samo da imame otvoreno srce.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    745
    Пол:
    Машки
    На Petra777, sonuvana и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    Zborot "znaenje" vo sovremeniot zapaden svet se poistovetuva so zborot "nauka". Se sto ne moze da se vidi,cue ili opipa,se sto ne e vtemeleno na logicko zaklucuvanje,kako da ne postoi.Kako da e izbrisan zborot veruvam i zborot cuvstvuvam. Covekot stanuva Bog,sam za sebe.

    A,koga ke se sluci nesto neobicno,vednas istoto se klasificira kako sugestija,avtosugestija,telepatija ili halucinacija.
    Duhovnosta se brise ili se manipulira so nea,se negira Bozjoto prisustvo vo coveka.
    Sekako ne kaj site ludje i ne podednakvo nasekade.

    Sepak e zalno sto na znaenjeto mu se stavaat ramki,iako mnogu golemi umovi odamna zaklucile deka sto poveke se osoznava,poveke se sogleduva nepreglednosta na samoto znaenje.
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.757
    Пол:
    Машки
    Пред влезот во ашрамот на Ошо стоел следниов знак: „Shoes and minds must be left at the gate“, што, според мене, кажува сосема доволно за неговото учење и неговиот однос кон знаењето. :)

    На темава, најголемиот проблем, според мене, е поделбата на знаењето на „добро“ и на „лошо“. Знаењето во ниеден случај не може да биде лошо – одредена информација може да биде бескорисна, неточна или погрешна – но, не може да биде лоша.

    Лоши и погрешни можат да бидат само човечките намери при употребување на одредено знаење, а тоа се случува или промислено, т.е. намерно, или – во многу поголем број на случаи – непромислено и ненамерно. А вториве, оние непромислените и случајните, се темелат токму на недостаток од знаење, а не нешто друго. Впрочем, за да човек може да знае што е точно,а што погрешно за одредена тематика, мора да ги знае и точните и погрешните информации за истата.

    И ова важи за секој тип на знаење – без разлика дали зборуваме за религија или нешто друго. Нема ништо лошо ако еден христијанин, на пример, има знаења и познавања и од другите христијански деноминации, на кои не припаѓа, или пак, од другите религии.

    Проблемот е што најчесто баш религијата го обесхрабрува секое знаење и учење поинакво од сопственото. Проблемот се сите оние „авторитети“ кои бараат од нас да им веруваме на збор дека она што тие ни го велат е баш тоа правилното, наместо да ни дозволат со помош на нашето знаење и расудување да донесеме сопствена одлука по некое прашање.
     
    На Читател, EvAngelos, sofijanoka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez

    Sekako deka mnogu hristijani imaat poširoki znaenja od onie koi se del od nivnata vera.Nekoi od niv, preku naukata i došle do verata.
    Informaciite i znaenja od najrazlični oblasti ne se uslov za sreka,toa e barem jasno.Sekogaš e potrebno ušte nešto,što e povrzano so nešta koi ne se opiplivi prosto. :)

    I da,znaenjeto može i lošo da bide,ako go usmeri čoveka na pogrešen pat,ako ne mu dava smirenie i toj postojano bara ušte i ušte.
    Nitu eden čovek nikogaš ne może da osoznae se,neli?
    Gete i Faust,poznata tema.

    Mnogu naučnici voedno se i vernici,a mnogu teolozi imaat znaenja pogolemi od znaenjata na prosečniot čovek.
    Verata ne mora da ja iskluči naukata,no naukata bez vera e prazna.
     
    На Petra777, Bitter-Sweet и Bulgarian им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.657
    Допаѓања:
    53.590
    Пол:
    Женски
    На Petra777 и Bulgarian им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.757
    Пол:
    Машки
    @sonuvana, си ми го земала мислењето и си ми го превртела наопачки - реплицираш на работи за кои јас воопшто не пишував. :) Исто као ја да играм футбал, а ти тенис - ама, битно @Bitter-Sweet го прати резултатот. :D

    Прво, мислењево не ми беше воопшто за религијата и за науката (за тоа има и посебна тема на форумов), туку за знаењето генерално и за неговата полезност, односно евентуална „штетност“.

    Второ, мислењево воопшто не ми се однесуваше на среќата и смислата на животот - што, впрочем, и не е ни тема на дискусија овде.

    Трето, критиката за обесхрабрувањето за стекнување со други знаења насочена кон религијата, не ми беше упатена кон овие христијани за кои ти зборуваш, туку за сите религиозни групи генерално, кои се користат со тактики слични на оваа, на пример:

    [​IMG]

    И да, стојам позади тоа дека знаењето, само по себе, не може да биде лошо. Луѓето носат лоши одлуки врз база на различен сплет на околности и, впрочем, одлуките најчесто се засноввани врз емоции.

    Токму знаењето, искуството и разумот се оние работи кои можат да ни помогнат во даден момент да донесеме правилна, а не погрешна одлука.
     
    Последна измена: 11 јануари 2017
    На Читател, EvAngelos, sofijanoka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez

    Imam problem so citiranjeto,so pismoto,a i so jazikot pomalku,ne zameri.

    Nekade napišav deka denes pod znaenje, se podrazbira deka se misli na nauka,barem vo sovremeniot svet.
    Poradi toa i napraviv paralela so religijata.

    Sekako deka smisolot na životot e sekogaš tema i predmet na site izučuvanja,da ne se lažeme.

    Raznite religiozni grupi,potočno sekti i postojat bidejki sovremeniot čovek e gladen za duhovno znaenje.
    Tolku mnogu informacii i znaenja,tolku golem tehnicki napredok,a tolku malku sreka vo denešniot čovek.

    Ti mi deluvaš kako trgač i nekako mi se čini deka čekoriš kon vistinata ili kon smirenieto,ako ti e taka pointeresno.:)

    @Bitter-Sweet se šeguva malku,daleku sum jas od sekakov vid na natprevaruvanje.
     
    На Petra777 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.757
    Пол:
    Машки
    Секако, таман работа да се натпреваруваме, него аналогијата ми беше за тоа дека јас и ти зборувавме за скроз различни работи, кои се тотално неспоредливи. :)

    Ако зборуваме исклучиво за религија - несомнено - но, јас зборев за знаењето генерално, а ќе се сложиш, не секое знаење се занимава со смислата на животот. :)

    Различни религиозни групи и секти постоеле од памтивек, единствената разлика е што порано религиозните групи биле ограничени на местата во кои настанале. На времето, човек роден на овие простори бил или православен христијанин или евентуално, муслиман. Не можел да биде будист, хидуист или нешто слично, затоа што на овие простори овие религии не ни биле познати. На пример, да се појавел Ошо пред само 100 години, најверојатно кај нас никој ќе немаше ни слушнато за него. :)

    Порано човек останувал во рамките на матичната религија - онаа од неговите родители и средина - меѓу другото, и затоа што немал избор.

    Денес пак, во ерата на информациите, на човека му се достапни многу повеќе информации за сите теми, па и за религијата. Денес човек може да ги истражи сите религии и да одлучи во која најмногу се пронаоѓа и во која би сакал да припаѓа. Што, според мене, во никој случај не е лоша работа.

    Што се однесува до среќата пак, не се согласувам дека денешниот човек е понесреќен од човекот во минатото. Напротив. За разлика од порано, кога животот главно се темелел на задоволување на основните физички потреби - работа, храна, престојувалиште и сл. - во денешно време кај повеќето луѓе овие базични потреби се задоволени и токму поради тоа можат да се посветат повеќе на задоволување на душевните потреби - потребите за знаења, среќа, спокој и душевен мир.

    Секако дека сум трагач - секогаш трагам по нови интересни работи, по вистината, по нови знаења. А што се однесува до смирението - можеби ќе те изненади ова, но човек може да биде среќен и да има душевен спокој и мир - дури и без религија. :)