Знам дека колку и да давам, секогаш останувам повредена, знам дека ќе си поплачам и ќе ми помине и знам дека ќе кажам - повеќе НЕ, и знам дека одново истата песна ќе почне со секој нареден мутко... Тоа го знам ...
Знам дека треба да спијам вечерва. Сепак имам чувство дека нема да имам некоја корист од ваквото сознание.
Ејјј,после учење месец ипол филозофија на право, таман работа да не знам за Сократ. Знам и тоа многу добро хихиххи.
Знам дека ме сака, знам дека сум кретен, знам дека ме почитува ама тие филмовите кога ке ми се увртат никако да ги делитнам се назад си ги вракам и опппп ајде пак од почеток.Знам дека сум лејка низаедна
Знам дека како и да правам како и да чинам, работите ќе си одат по истиот тек уште не знам колку време али веројатно долго..