Знам дека ќе ми дојди другарка ми на кафе,вчера се врати од одмор и знам дека во следниов час-час и половина нема да успеам да дојдам до збор.
Знам дека многу ми се скрши филмот што ми пропадна понудата, и сега треба да барам нова. Ама сепак знам дека ќе отидам некаде максимум за 10 дена и конечно ќе се одморам.
Знам дека сум преголем алтурист. И тоа е лошо, премногу лошо. Совеста ме јаде доколку не ги задоволам сите околу мене.
Знам дека искрено никаде не ми се оди, би си останала тука, на ова место... баш вака. Ама ајде, да не седам дома, а воопшто не ми се излегува....