Знам дека премногу се замарам со глупости,знам дека секогаш мислам на погрешни и знам дека не можам да заспијам од глупи мисли што ми се вртат низ тиквава моја расеана
Знам дека ако си легнам ќе сонувам нешто што не треба и знам дека иако не го ни запознав ми недостига...
Знам дека секогаш играм фер - знам дека денес не ми се работи , знам дека сега ќе му ја киднам некаде, ама незнам само каде Ај ќе дојде некоја жртва за до некаде
Знам дека форумот Femina.com.mk ми помогна многу.Научив за многу нешта за кои појма немав до пред скоро,добив многу убави совети и сајтов ми стана огромна зараза. Од кога се зачленив нема ден а да не се најавам барем само да ги исчитам мислењата на другите. Едноставно ми стана фетиш.
Знам дека во мене имам една гадна нервоза и знам дека никако не може да излезе. Знам дека денеска претерав, ама знам и дека мноогу се нервирам кога некој ме омаловажува.
Знам дека постои уште некаква хемија меѓу нас и дека сакаме и двајцата да видиме и силно да се гушнеме,али што дека знаеме и двајцата,кога некој трет не дели...