...дека и по се што ми направи таа, ''другарка ми'', пак ќе си бидам со неа исто како и порано, немам ни срце, ни душа да и го направам истото. Само, се надевам дека некој ден ќе сфати што направила, и кого изгубила. А мислев дека е поразлична од сите други. И благодарам што ме освести.
Знам дека понекогаш за да согледаш нешто онака како што реално е,со сите светли и темни точки,минуси и плусови,и за да си помогнеш во расчистувањето на сите нерасчистени сметки,за да можеш најпрецизно да го дефинираш твојот однос и став кон тоа нешто,се` што треба да направиш е да се дистанцираш извесен период од него.Ова го знаев само во теорија,но сега имав прилика и практично да го проверам и да го потврдам.
Знам дека можам да си верувам само на себеси,на своите квалитети и вредности и на никој друг Знам дека работите кои зависат само и само од мене ќе ги исполнам успешно без да се мислам како ќе биде ова како она само за тие ствари сум сигурна Боже мој колку само малку луѓе има врз кои можеш да се потпреш
И покрај тоа што мислам дека се знам има нешто што навистина незнам и не ми е јасно .. Ако човекот се учи додека е жив а во животот никој не го положил првиот тест Секогаш на крај постои нешто за што ќе жалите - нешто што не сте го исполниле, нешто што сте пропуштиле во животот а ви било на дофат ...