Знам дека сега ќе си легнам и ќе си отспијам долго и подоцна ќе бидам како нова Знам дека на срцката му е тешко ама мора да учи
Знам дека и вечерва ќе бидам во ,,silent mode" и нема да се осмелам нешто да му речам, бидејќи сум најголема кукавица на светот.
знам дека сум мрзлива и знам дека ништо не ме интересира исто така знам дека ништо не знам и не сакам ни да се потрудам да знам хахаха
Знам дека , не не знам ама очекувам дека утре ќе добијам петка, според одговорите на тестот, се напишав како што треба па утре ќе видиме .
Знам дека ноќва ќе биде тешка зошто мојата тврдоглавост сакаше така...Море ако ми е,за утре пак да трчам како прле пред магаре ....знам дека ќе ми прости туку дали ќе си простам јас што дозволив банална работа денов да ми го претвори во еден сив облак надвиснат над мене и во најнервозна нестрпливост да ја отвори вратата за да можам да го гушнам најсилно и најпокајанички на цел свет
Знам дека деновиве ми е се тра ла ла ... убаво ми е ама ко у воздух да летам ,кога немам некоја обврска посебна! .... офф ќе се изнаспијам..Редно беше да одморам после напорното учење деновиве