Знам дека повторно ќе ги видам, можеби не во скоро време , ама Ќе ги видаммм ситеее што во моментов ми недостасуваат : К_____А, И____Н, К____О, Р______О, И______А
Знам дека не трпам секого. Знам дека за неправда се плаќа. Знам дека не сакам да бидам загушена. Знам дека често претерувам. Знам дека треба да бидам автоакната од колено. Знам дека сум точак.
Знам дека утре е нов ден...нова надежж...!!! Знам дека еден ден се ке поминее..!!! Знам дека е тешко но мора да се оди напред..!! И знам дека оваа вечер ке ми биде ужасна...!!
а јас знам дека ако не си легнам за саат време ќе го преспијам и овој понеделник ... па како што имам забележано ако се успијам понеделнички цела недела ќе спијам до касно и ете така од кога завршија обврските и официјално започна летото
Знам дека комшикана што џитка улошки низ тераса како шабан ќе го јаде кога ќе го оставам верниот ми пес да и се посере пред врата. Нема смисла жено, му даваш ново значење на терминот „ќе газам во локва од твојата крв“.
Знам дека постои една цура, која дава многу погрешен впечаток за себеси. Добро ја игра играта на искрена, реална и дискретна личност, но во суштина во неа се крие една голема нестабилност, неформирана и непронајдена личност, злоба, завист, гнев, љубомора и еден куп на малограѓанштина и лицемерие. Едно кажува - сосема друго прави. Нек и стои. И на здравје нека и е. Кога ќе ја откријат оние кои си мислат дека им е пријателка, е тек тогаш ќе биде лошо. Јас веќе ја открив а ќе ми беше полесно да и верував...
Знам дека за мое лично добро, доброто на моето семејство, заради мирот со себе, мирот со светот и мирот со раката што ме рани ... сум обврзана да во најскоро време купам една боксерска вреќа и пар ракавици (велам, пар, во смисла пет-шест пара, поради можноста од употреба на забите за нивно симнување во конкретни моменти на непрорачунати мои постапки). ...Нејсе стравувам од тоа дека моето фигуративно „ќе убијам некого“ (конкретен „некого“) е потенцијално фактичко дејствие, односно воскрик на моето досегашно апсолутно паразитско бездејствие, на речиси едногодишното ступидно дејание на тој „некого“! Па, со оглед на тоа што, моите аеробично, тае бобични, пампит ап и други слични активности, веќе извесен период не си ја вршат работата, барем не во целост , ураганот, кој очигледно е невозможно да по поинаков начин биде скротен, мора! под итно да биде пуштен да го заигра воениот танц околу една вреќа.. боксерска. Макар што, од тоа фактичко „ќе убијам некого“ полза би имало поширокото општество... но, сепак... shell not kill!