Знам дека сум тврдоглава, на моменти напорна ама таква сум! Како рекла Мерлин Монро: “ ...ако не можеш да ме поднесеш кога сум во најлоша состојба, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум во најдобра.“ Баш така ти иде тоа, фино си кажала жената!
Знам дека конечно направив нешто добро, нешто што одамна требаше да го сторам - го деактивирав профилот на глупавиот фејсбук, готово, не можам и не сакам да се замарам со глупости.
Знам дека секој понеделник почнувам со диета... Знам дека со учење почнувам секогаш истиот ден - Утре и ЗНАМ дека НЕ ТРЕБА така Знам дека знам многу работи... но се правам дека не ги знам... Знам дека некогаш се замарам со глупости... Знам дека се заљубувам во типови кои не се за мене, а знам дека ги отфрлам тие што ме сакаат иако знам дека тоа не го заслужуваат но знам дека со сила убавина не бива... Знам дека секој заслужува втора шанса Знам да простам, но не и да заборавам Знам дека после дождот доаѓа сонце Знам дека никогаш не знам што поседував додека не го изгубив... Знам дека животот не е лесен, но во тоа се состои неговата убавина! Знам да сакам, знам дека сум сакана, знам дека ме мразат, оговараат... Знам дека имам само еден вистински пријател - татко ми! Знам дека животот би го дал за мене. Знам да се радувам на ситници... Знам да заплачам кога ми се плаче каде и да сум! Знам дека не знам да пејам, но го правам тоа секој ден и убаво ми е Знам дека речиси сите ти се пријатели додека имаат корист од тебе... Знам дека животот ми беше мнооогу поубав без фејсбук Знам дека парите го вртат светот, жалосно! Знам дека без врски, не може да најдеш работа колку и да те бива.. Знам дека кругот се врти и знам дека кога тогаш се се враќа Знам да се насмевнам и кога ми се плаче, знам дека тоа ги нервира моите непријатели Знам дека сам си кројач на својата судбина!!! Знам дека не сум совршенам еден е тој совршениот!
Знам дека ако стане татко ми во текот на целиот ден што доаѓа ќе ми труби како џаболебарам по цели ноќи, како од зрачењето кое доаѓа од мониторот може да ми се оштетат очите. Колку не е здраво да се седи пред компјутер повеќе од три часа дневно. Како гореле сијалиците цела ноќ. Побогу, дур зборува можам да се истуширам, да си ја испеглам косата, да се спремам за излегување, да возам точак, да пејам, да танцувам по дождот, да копам бавча, да научам јапонски... Се` можам.