Сега разбрав и веке знам, дека се откриени причините за бесплодието кај жените. Тоа е многу голема надеж за жените, кои сакаат деца, а не можат да имат.
Знам дека вечерва си поминав прееееееееееубаво. И исто знам дека ако во рок од 5 мин. не заминам на спиење, утре нема шанси да станам за на факултет.
Знам дека некогаш толку се молев да го преболам. Не можев да ги извадам од глава сеќавањата и се оптоварував со помислата "Што би било кога би било". Ама знаев дека ќе успеам без него, дека сум борец и ќе ги убијам сите чувства. Верував и сеуште верувам дека заслужувам подобар. Се молев Бог да ми даде сила да му простам и да продолжам понатаму. Знаев дека ќе успеам. Но не знаев дека ќе се чувствувам толку проклето празно. Дури и да не ти е возвратена љубовта, дури и да имаш некоја мала надеж, знаеш дека во себе имаш емоции кои те одржуваат во живот. Те потсетуваат дека си човек. Кога ќе го снема тоа, чувствуваш некоја длабока празнина, нема љубов, нема надежи... Знам дека ми фали љубов, тоа магично зборче за кое тука толку многу зборувате и кое ве прави исполнети, заборавате на се, постоите само вие и љубената личност. Тоа зборче кое мами насмевка на лицето и ви е мотиватор да изнајдете решение за сите проблеми. Тоа чувство кое ви дава сила. Знам дека имам потреба да сакам и да бидам сакана. http://www.youtube.com/watch?v=MizTrgW378A
Знам дека едвај ќе станам во 6 сабајле,ама сепак си седам пред компјутер.Ниту ми се спие,ниту на повидок е дремка.