Знам дека ми е ептен досадно и од досада само јадам. Не стварно немам што да правам! Овој период нешто ме мава мрзеливоста и досадијата, и незнам како да објаснам дека ми е досадно, добро не ми е досадно имам за учење ама ме мрзи да учам, монотоно ми е. Секој ден ми е едно исто школо-дома-школо. Ај па и да не е досадно! Нигде не одам само си чмаам по цел ден. ДОСАДНО!
Знам дека ако и денес заспијам со филмовите на ТВ ЕДО, утре ќе бидам разбудена со песни, труби и ситно везен синтисајзер (или како и да се вика ) убави филмчиња даваат и често заспивам со уклучен ТВ
Знам дека сум многу заљубена! Знам дека не ми се враќаше назад, и кој би сакал пекол покрај рај??? Знам дека одложив 100 обврски за наредната недела, и гајле ми е, се во свое време
Знам дека сум премногу отворена и дека јазикот ми е побрз од мозокот.......ама навика и вејке не можам да се сменам што мислам во лице ке ти кажам па како сакаш прифати го.........знам дека брачетка ми лаже ама кутам си и дека не е на добар пат тргната................
Знам дека се си доаѓа на свое место кога-тогаш. Знам дека не треба да се замарам толку со ситници. Знам дека едвај чекам да одам на маникир во вторник, па на шминка, фризура и трепки во среда. Знам дека сум горделива. Знам дека треба да си најдам што поскоро некоја занимација, како на пр. да си ги гледам старите епизоди од првите сезони на Госип Грл зошто ќе цркнам од досада. Знам дека сакам времево да се врати во нормала, па ова не е нормално! Оваа година е страшно полудено, средина на мај во Хрватска снег и температури под нулата, овде дожд и околу 15тина степени. Знам дека утре ќе си ја земам 5ката по математика во свои раце, морам. Знам дека денес се чувствувам толку неупотребливо, што цел ден го преседав безвезе и знам дека оваа монотонија од утре ќе се смени и ќе се вратам во нормала, во динамика. И за крај...знам дека си ти, кога викам алоооо