Знам дека нема да добијам одговор на прашањето што ме мачи Знам дека следуваат напорни денови Знам дека нема да се откажам Знам дека после напорните денови следуваат среќни денови
Знам дека некои луѓе многу си мислат, ама убаво е и тоа што си замараат мозок што си мислат многу. Знам дека обожаваат да ме копираат, ама оригиналот е посладок. Е љубомората е болест, амаа тоа ти е. Немаат свое ЈАС. Тоа е се што знам.
Но знам повеќе од оние што не знаат дека знаат. Знам дека денес ја претерав седејки пред компјутер. Затоа и си имаше последици.
Знам дека не треба да сум премногу избувлива на моменти. Знам дека на моменти пребрзо зборувам и никој ништо не ме разбира. Знам дека не треба телефонот да го полнам дури и кога имам 60% Знам дека неморам мајка ми да ја малтретирам да ми прави фризури секој ден, можам и сама. Знам дека човекот што го сакам ме сака и мене. Знам дека овој свет е суров и понекогаш нешто ви погодува но нешто не. Знам дека ништо на овој свет не доаѓа без причина.
Знам дека понекогаш бурно реагирам Знам дека луѓето ретко се искрени Знам дека многу време минувам на интернет Знам дека не треба толку да се нервирам за работи кои треба да се случат во иднина
знам дека ќе дојде и оној ден кога конечно ќе бидам среќна и исполнета, кога конечно ќе го спакувам куферот и ќе тргнам не гледаајки зад себе. Знам дека ќе дојде и тој ден кога никогаш повеќе нема да бидам осамена и дека ќе бидам до она мое "се" во животот. Знам дека ќе ја постигнам мојата цел и ќе живеам спокојно. Знам дека треба да останам индиферентна личност. Знам дека ќе дојде денот кога ќе заминам и ќе оставам се зас себе..