Знам дека после силна бура доаѓа сонце. Знам дека никогаш нема да се предадам. Знам дека вредам и дека ќе успеам. Знам дека ме сака.
Знам дека: 1.Се што мислиш и посакуваш ке ти се оствари еден ден, твое е само да посакаш и немој да се грижиш како ке дојдеш до него. 2.Ако си позитивен и добар човек животот ке ти биде преубав.
Знам дека еден ден цела оваа агонија ќе остане зад нас. А јас ќе чекорам исправена и силна како никогаш досега. Едноставно знам. На тоа што тлее малку му фали за да се вивне. Сјајот во очите ќе биде тука.
Знам дека ќе успеам моите желби да ми станат реалност Знам дека љубовта нема граници Знам дека секогаш по дождот иде сонце... <3
Знам дека упорноста и трпението се исплатат. Знам дека вреди човек да ризикува. Знам дека срцето скоро секогаш е во право.
Знам дека секоја пречка може да се надмине. Знам дека секој ја добива наградата за секое добро дело. Знам дека ќе имам надеж за посветла иднина. Знам дека не е никогаш доцна за правење промена на животниот стил, односно за пренасочување од лош правец кон добар пат. Знам дека можам и без дечко да сум.