1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Знаците и изборот на литература

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Vitorija, 9 декември 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Кој е "читачот" а кој едвај има време за тоа. Што преферирате и што одговара на вашиот астролошки профил. Дознајте кои се делата кои се како за вас напишани...

    Овен: Во вечна трка по првото место во професијата, во спортот и во срцата на претставниците од спротивниот пол, воинствените и авантуристички расположени Овни не се луѓе кои со часови би седеле со книга в рака. Но, ако ги сакаат книгите најчесто читаат во кратките паузи меѓу бројните дневни обврски. Затоа, Овни, ги избегнувате долгите четива и романи, со исклучок на оние со авантуристичка и воена тематика, во кои редовно се поистоветувате со главниот јунак. Во весниците прво ја читате спортската страница и уживате во магазините специјализирани за автомобилизам и оружје. А, ако животот веќе ве научил дека психолошката војна е најчесто поуспешна од онаа што се потпира на силата на мускулите, тогаш сигурно ќе ги прочитате сите дела на Јунг и Фројд. И конечно, не постои Овен што нема да се најде себеси во ремек делото на Милан Кундера “Неподносливата леснотија на постоењето” или во “Авантурите на Казанова”.

    Бик: Цареви на денгубењето, Биковите не се “претегнуваат” да го исполнат слободното време со никакви содржини, со цел да се почувствуваат поубаво. Доволно е да имаат убаво уредено дворче или балкон, па со часови можат да уживаат гледајќи во една точка, само во друштво на тивката музика. Сепак, нивната заштитничка Венера, ја нагласува кај Биковите “уметничката жичка”, која многумина ја изразуваат преку пишувањето, пеењето, сликањето, преку одгледувањето цвеќиња или дури преку готвењето. Затоа Бикови, прирачниците за готвење и одгледување цвеќе е литературата на која секогаш и се радувате и навраќате. А, бидејќи Венера е божица и на љубовта и на убавината, идеален подарок за вас би можела да биде и сензуалната, романтична и совршено напишана “Лолита” на Владимир Набоков.

    Близнаци: Брзиот, сестран и бистар ум, како и богатството од асоцијации е тоа што им помага на Близнаците слободното време кога сите спијат и се одмараат да го искористат за подготвување на магистерската работа, докторатот или новата книга. Бидејќи, работите од кои што другите знаци се заморуваат, како што се учењето, читањето и меморирањето, на Близнаците им носат задоволство и поттик. Па Близнаци, бидејќи најчесто имате повеќе таленти и интереси од просечниот човек, но не и повеќе тела да ги остварите сите свои идеи, честопати се чувствувате како заробеници на просторот и времето. А, бидејќи Меркур, вашиот заштитник, гласникот на Боговите, е истовремено слаб кон крадците, ако сте недоволно освестени, би можеле да се задоволите со кратките критики за некоја книга, врз основа на кои ќе ја сфатите содржината и ќе можете да ја критикувате. Ако сте освестени, сигурно сте вистински енциклопедии со доволни познавања од секоја област. Како и да е, Гришамовата книга “Компанија” ќе ги доведе вашите мозочни вијуги до вжештување.

    Рак: Одењето на работа, на училиште, па дури и вечерните излегувања ги заморуваат и ги прават нервозни. Затоа, Раковите се најсреќни кога се враќаат дома. А, страста кон водата ги тера подолго време да поминуваат во своето “мини-море” како што на галено ја викаат кадата, читајќи. Најмногу ги сакаат книгите и списанијата кои ги опишуваат тешките судбини на малите луѓе, што би можеле и ним да им се случат; биографиите на членовите на кралските семејства, книги со тематика од историјата и традицијата на својот народ; љубовни приказни. Па, длабоко чувствителни, по секоја прочитана книга, вие Раковите не можете со денови да заспиете размислувајќи за судбината на личностите од приказната, обидувајќи се да ја споредите со своите животни ставови и сомнежи. Затоа, најдобра книга подарок за вас би била романтичната и тажна “Смрт во Венеција” од Томас Ман.

    Лав: Иако се трудат да стигнат насекаде каде што нешто значајно се случува, генијални во калкулирањето со времето, на Лавовите им останува доволно време за уживање во литературата. А, нив ги привлекува се. Па, Лавовите ја читаат белетристиката со ист жар како да е напишана од Хесе или Орвел. Всушност Лавови, вие знаете дека прочитаните книги се нешто што ќе ви овозможи да блеснете во друштвото. Затоа, не ви е тешко да ја научите митологијата, да ги прочитате сите бестселери, да се запознаете со делата кои се екранизирани или обработени како театарски претстави. Притоа, не ви е тешко цели дијалози да научите на памет и да ги одглумите пред друштвото подобро од професионалците на кои им е доделена истата улога. Сепак, делото на коешто му “симнувате капа” е средновековниот крими роман “Името на ружата” од Умберто Еко.

    Девица: Иако Девиците можат да се пофалат со богат, интроспективен и аналитичен ум, заради срамежливоста, тие најчесто молчат и најдобро се изразуваат преку пишаниот збор. А, бидејќи нивниот ум бара постојано да е ангажиран, ако нема конкретен предизвик, тогаш тој до “илјада и едно и назад” ги преџвакува ситуациите и дијалозите од секојдневието, барајќи “влакно во јајцето”. Затоа Девици, се опуштате читајќи книги со криминална содржина, книги од типот “како да постигнете самодоверба”, “со телепатија до успех”, “моќта на потсвеста”, “здрава храна како лек”. А, бидејќи згора на тоа сте и штедливи, нема да “расфрлате пари” на разните магазини и списанија, задоволувајќи се со информациите од дневниот весник во кој имате доверба. И дефинитивно, вистински десерт за вас е книгата “Убиството во Ориент експрес” од Агата Кристи, најпознатата Девица меѓу писателите на крими романи, или “Малиот принц” од Егзипери.

    Вага: Поданици на Венера, покровителката на убавината, љубовта и уметноста, Терезиите длабоко ја доживуваат вибрацијата на секој збор, ја препознаваат нивната естетика и ја почитуваат способноста на оние кои умеат да ја сочуваат хармонијата редејќи ги зборовите во низ, во една реченица. Затоа Ваги, ја сакате поезијата, најчесто и самите ја пишувате; но уживате и во авантуристичките романи кои ги следат доживувањата на младите благородници. Исто така, без размислување ќе го отворите паричникот и кога се во прашање скапите ревии поврзани со изгледот, модата и убавината и редовно ги набавувате таканаречените “водачи” и брошури низ театрите и кината. Сепак, полн погодок за вашиот пребирлив вкус би било некое од делата на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел или “Портретот на Доријан Греј” од Оскар Вајлд.

    Шкорпија: За Шкорпиите, годината не се дели на месеци, денови и часови, туку на периоди. Па, заради интензивниот живот што го водат, по активните периоди, Шкорпиите имаат потреба од пасивни, во кои собираат сили за нова акција. И токму овие пасивни периоди се исполнети со решавање крстозбори, читање часописи наменети за војската и полицијата, еротска литература. А, бидејќи откривањето на тајните, мистиката и функционирањето на човековата психа ја копкаат љубопитноста на секоја поразвиена Шкорпија, вие објаснувањата ги барате во книгите на Скот Пек и Артур Џанов, во езотеријата, во романите на Достоевски, во делата на Зола и Едгар Алан По. Како и да е, ќе бидете сосема задоволни и со книгата на Марио Пузо “Кум”, која отелотворува се во кое верувате: лојалноста кон семејството, таинственоста, опасностите, а најмногу од се одмаздата.

    Стрелец: Можеби кај нив е силно нагласен нагонот за ловење и потребата од широки пространства. И веројатно геслото “Никогаш не се задржувај на едно место” е излезено од устата на некој Стрелец. Сепак не смее да се заборави дека претставниците на овој знак ги краси длабок, религиско-филозофски интелект склон да бара еден основен закон во кој мора да се вклопи се. Затоа Стрелци, способни сте да испитувате со сиот жар на својата душа, да ја барате подлабоката смисла на нештата, да предвидувате. Подеднакво ги сакате патеписните авантуристичките романи, ги читате Платон и Пруст, низ раце ги превртувате Библијата или некоја од книгите за будизмот. Но, можеби вниманието ќе ви го привлечат и списанијата за лов и риболов, странските политички весници и изданијата на Национална Географија.

    Јарец: Раѓајќи се како стари и сериозни, во случајот на Јарците е тешко да се повлече јасна линија меѓу работата и слободното време. Па, додека нивните пријатели се одмараат и забавуваат, тие своето слободно време го употребуваат за разни поправки во домот, читање стручна литература или за средби со личностите кои во иднина би можеле да им се најдат “при рака” во градењето на кариерата. А, бидејќи сметате дека на врвот побрзо се стигнува ако човек учи од туѓите искуства и грешки, вие Јарци ја сакате историјата. Па, на вашето биро секогаш ќе се најдат најновите весници кои обработуваат теми од светот на бизнисот, книги од типот “Европа во периодот од 1933-1949”, разни биографии на богатите и моќни луѓе, монографии на археолошките локалитети, романите на руските класици, на Џек Лондон и некоја од типот на книгите како онаа на Наполеон Хил “Мисли и збогати се”.

    Водолија: Ним им се допаѓа се што е ново, откачено, поинакво. Вешто ја користат тезата и антитезата. Доаѓаат до нови пронајдоци, ја претскажуваат иднината. Затоа не зачудува податокот што најголемиот број генијалци се родени во знакот на Водолијата. Отворени кон новото, Водолиите читаат се и сешто, од делата на Хесе преку еротските романи до научната фантастика. Сепак Водолии, најмногу ве привлекуваат кратките раскази и стриповите. А, во вашата библиотеката можат да се најдат и собраните дела на Фројд и Јунг, “Како да љубиш постојано” од Барбара де Анџелис, романите на Исак Асимов, богатство од делата на алтернативната литература. И сигурно некој од романите на уште една Водолија, Жил Верн или од збирките песни на Жак Превер.

    Риби: Повеќе од кој било знак во Зодијакот Рибите умеат да создадат уметност од обичното денгубење или дури омиленото излежување врз купиштата перничиња да го именуваат како “креативна меѓуфаза”. Но, шегата на страна, меѓу претставниците на овој знак се кријат и луѓе кои можат да се пофалат со своите бројни таленти. Па, дури и кога не сте генијални сликари, писатели или музичари, вие Риби покажувате извонредна способност за уредување на просторот во кој живеете и во аранжирањето на храната. А, во миговите кога вистински се наоѓате во креативна криза, посегнувате по книгата како по најверен пријател кој ќе ви ги оттргне мислите од реалноста. Читате се, од класиците до хаику поезијата. Го обожавате Виктор Иго и сочувствувате со малата Козета. Во еден здив ја читате “Љубов во времето на колерата” од Маркез; со денови сте длабоко потресени од “Љубовникот” на Маргерит Дирас.
     
    На 1209, Trendafilka, Donatella и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Биографии на членови од кралските семејства и љубовни романи ДА, другото нема врска! Пак тоа со историска тематика во никој случај!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Всушност вистинската слика за мене е спој на она што е дадено за знакот и подзнакот, сепак ми се допаѓа :) .
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    нема врска тоа дека ги сакам авантуристичките и книгите со воена тематика!
    И секако дека сакам долго време да ја држам книгата во рака |(


    Еееееее се разочарав од мојот хороскопски знак :(
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вага: Поданици на Венера, покровителката на убавината, љубовта и уметноста, Терезиите длабоко ја доживуваат вибрацијата на секој збор, ја препознаваат нивната естетика и ја почитуваат способноста на оние кои умеат да ја сочуваат хармонијата редејќи ги зборовите во низ, во една реченица. Затоа Ваги, ја сакате поезијата, најчесто и самите ја пишувате; но уживате и во авантуристичките романи кои ги следат доживувањата на младите благородници. Исто така, без размислување ќе го отворите паричникот и кога се во прашање скапите ревии поврзани со изгледот, модата и убавината и редовно ги набавувате таканаречените “водачи” и брошури низ театрите и кината. Сепак, полн погодок за вашиот пребирлив вкус би било некое од делата на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел или “Портретот на Доријан Греј” од Оскар Вајлд.


    Ја сакаме поезијата ,ја пишуваме ,точно е .
    Доријан Греј ми е една од омилените книги воопшто ,такашто пак точен огдовор.
    Е сега ,не давам ни денар на списанија посветени на изглед ,мода и слично (порано трошев богатства на нив ,ама ми се смачи веќе ) ,тоа делумно го прифаќам.


    Горе - доле точно е ,посебно болдираното.
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Јарец: Раѓајќи се како стари и сериозни, во случајот на Јарците е тешко да се повлече јасна линија меѓу работата и слободното време. Па, додека нивните пријатели се одмараат и забавуваат, тие своето слободно време го употребуваат за разни поправки во домот, читање стручна литература или за средби со личностите кои во иднина би можеле да им се најдат “при рака” во градењето на кариерата. А, бидејќи сметате дека на врвот побрзо се стигнува ако човек учи од туѓите искуства и грешки, вие Јарци ја сакате историјата. Па, на вашето биро секогаш ќе се најдат најновите весници кои обработуваат теми од светот на бизнисот, книги од типот “Европа во периодот од 1933-1949”, разни биографии на богатите и моќни луѓе, монографии на археолошките локалитети, романите на руските класици, на Џек Лондон и некоја од типот на книгите како онаа на Наполеон Хил “Мисли и збогати се”.



    За жал,болдираното.
    А инаку не сум баш некој љубител на историја и такви книги,повеќе сакам мистерии и слично на тоа,па Кога имам време,таквите книги ми се избор.
     
  7. Donatella

    Donatella Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    И повеќе од точно (посебно болд делот). Merci на препорачаните книги :up: Од Фројд веќе имам прочитано неколку. :emo:
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Хах неможам да речам дека не е точно..барем за мене-РАК- има по нешто точно... Смрт во Венеција ..... :wasntme: Уште кога го прочитав насловот влегов во филм хахаха !!! Всушност немора да значи дека сите ракови сакаат исти книги....
     
  9. loveme-4ever

    loveme-4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Jas sum rodena na 20.01 jas sum i jarec i vodolija od toa za jarec e tocno toa deka si ja planiram idninata,a od vodolija poveketo.Moze li nekoj da ni kaze sto sum jas vsusnost :angel: :angel: :angel: .
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    За Јарец ќе речам, делумно точно
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам баш дека ние биковите не уживаме во читање на добра книга.
    Повеќе би рекла дека не читаме книги кои не ни го привлекуваат вниманието - ако по неколку прочитани страни не ни се допаѓа, не се ни мачиме :)
    Болдираното го погодиле :wasntme:
     
  12. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Па за скорпијата до негде е точно ..
     
  13. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Точно, точно, точно за девица! Сите овие ги имам прочитано :)
     
  14. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    :up: Точно. :rock:
     
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Зa вaгa е тoчнo, a истo и списaнијa купувaм.