1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Знаците и љубовта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од rici.aaaaa, 8 мај 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    ОВНИТЕ И ЉУБОВТА

    За брак, а и за било каков партнерски однос, Овните сакаат личност која е повеќе пасивна, нежна, тактична и дипломатична – особености кои нив воглавно им недостигаат. Обично нашите партнери ги имаат оние особини кои ги поседуваме и се наш скриен дел и нам ни е тешко да ги изразиме. Тие имаат склоност да влетуваат во врска или брак. Доколку некој Овен е заинтересиран за вас, тој тешко ќе прифати НЕ за одговор. Во состојба е да направи се за да ве импресионира. Доколку не се разбрани од нивниот партнер, тие знаат да бидат и доста иритирачки – НО, никогаш свесно или намерно не се сурови или злонамерни. Проблемот е во тоа што тие се толку независни и самоуверени што им е речиси невозможно да ја видат ситуацијата од страната на другиот. Од друга страна, Овенот е искрен, личност на која можете да се потпрете и со која секогаш ќе знаете на што сте.


    БИКОВИТЕ И ЉУБОВТА

    Биковите се тип на луѓе кои се за брак. Тие сакаат сериозна врска и сакаат таа да е јасно дефинирана. Уште поважно е тоа што сакаат да му бидат верни на партнерот, но истото го очекуваат и од него. Доколку откријат дека се изневерени – целиот нивен свет се урива. Кога Биковите се заљубени, тие се многу лојални, но и многу посесивни. Доколку бидат повредени способни се многу работи да направат од љубомора. Биковите се задоволуваат со едноставни работи во една врска. Доколку сте во врска со Бик нема потреба од луди забави и постојано додворување. Дајте му доволно љубов, храна и удобно место и тие ќе бидат задоволни, ќе седат дома и ќе уживаат во вашето друштво. Тие ќе ви бидат доживото верни. Доколку успеете да направите Бикот да се чувствува комфорно и пред се сигурен во врската – ретко ќе имате проблеми. Понекогаш Биковите ја прават таа грешка што се обидуваат да ги контролираат своите партнери, што може да предизвика болка и кај едниот и кај другиот. Објаснувањето за ваквото нивно однесување е многу едноставно: Луѓето родени во знакот Бик се чувствуваат како да го поседуваат партнерот и воглавно сакаат да направат промени само за да го зголемат својот комфор и сигурност. Ваквото нивно однесување е во ред кога станува збор за материјални работи, но е катастрофално и опасно кога се однесува на луѓе – затоа Бикови обрнете внимание на кажаното.


    БЛИЗНАЦИТЕ И ЉУБОВТА

    Близнаците ја манифестираат својата вродена комуникативност и брилјантност како во својот друштвен живот, така и во љубовта. За нив добриот разговор или надмудрувањето е интересен почеток на романтична врска. Нивниот единствен проблем во љубовта е тоа што нивниот ладен интелект не е во состојба да разгори страст кај другиот. Партнерите им забележуваат тоа што нив изливот на емоции обично ги вознемирува. Доколку сте заљубени во Близнаци и ви изгледа дека се ладни према вас – едноставно разберете ги дека таква е нивната природа. Близнаците треба да разберат една работа – едно е да зборуваш за љубовта, а сосема друго да ја чувствуваш и да ја зрачиш. Љубовта не доаѓа од паметот, таа доаѓа од срцето. Доколку сакате да знаете што чувствува Близнак – не го слушајте што кажува, гледајте што прави. Инаку Близнаците знаат да бидат доста дарежливи према оние кои ги сакаат. Близнаците сакаат нивниот партнер да биде културен, образован и сестран. Доколку нивните партнери се побогати од нив, според нив – толку подобро. Доколку сте заљубени во Близнаци, неопходно е да бидете и добар слушател. Идеална врска за Близнаците е интелектуалната врска. Нормално дека уживаат и во физичкиот и емотивниот аспект од врската, но доколку недостига интелектуалната компонента – тие ќе страдаат.


    РАКОВИТЕ И ЉУБОВТА

    Раковите сакаат сериозна врска која нормално ќе заврши со брак. Тие сакаат се во однос на врската да е дефинирано, да се знае што е што и кој е кој, како и тоа која е нивната улога во врската, а која на партнерот. Кога тие еднаш ќе стапат во брак, тоа е обично за цел живот и му се многу лојални на избраната личност. Но, има една работа која ретко кој Рак ќе ја признае – за нив било која врска е обврска и должност, а уште повеќе кога станува збор за брак. Тие влегуваат во брак затоа што за нив тоа е единствениот начин да остварат семејство кое тие толку многу го посакуваат. Заедницата со другата личност за нив не е цел сама за себе, тоа е само начин за да имаат семејство. Доколку сте заљубени во Рак ќе морате обзирно да се однесувате према неговите чувства. Нив ги вознемирува и најмала негативност. Тонот на вашиот глас, лош поглед, непријатна гримаса и тие веќе се крајно вознемирени. И најмал ваш гест, тие ќе го забележат и ќе реагираат на него. На ова можеби е тешко да се навикнете, но неоткажувајте се од љубовта на Ракот, затоа што доколку научите како да се однесувате со него, сте добиле извонреден партнер – нежен, сочувствителен и верен. Ракот нема да се однесува према вас во зависност од тоа што сте го рекле, туку согласно со тоа што го чувствувате во моментот.


    ЛАВОВИТЕ И ЉУБОВТА

    Лавовите се одлични за романтични врски, но не сакаат обврски. Не се тип на луѓе кои сакаат да стапат во брак, но штом еднаш влезат во брак – тие се верни. Но, не е исклучено до крајот на животот да имаат повеќе од еден брак. Доколку сте во љубовна врска со Лав приредете му незаборавни моменти: патувања, казино, клубови, театар, диско... можеби е скапо, но ќе вреди и одлично ќе си поминете со Лавот. Во љубовта Лавовите се активни и своите чувства јавно ги покажуваат. Тие сакаат да бидат со луѓе кои исто како нив се оптимисти и сакаат забава, но завршуваат во љубовна врска со некој кој е сериозен, интелектуален и необичен. Обично партнерите на Лавот се подипломатични, поодносливи и потолерантни одколку тие самите. Доколку влезете во брак со Лав може да ви биде предизвик да ја зауздате неговата нескротлива потреба за слобода, но притоа внимавајте – во меѓувреме тој ќе ве заузда вас.


    ДЕВИЦИТЕ И ЉУБОВТА

    Девиците сакаат партнер со широки хоризонти на гледање на светот, личност која има длабочина и визија. На Девиците им е важно нивниот партнер да ги поседува овие карактеристики, затоа што нив често пати им недостигаат. Нивниот партнер исто така треба да биде толерантен, без предрасуди и спонтан. Доколку сте во љубовна врска со Девица не трошете си го времето на непрактични романтични гестови. Направете нешто практично и корисно за нив, тоа е она што тие ќе го ценат, а и она што ќе го направат за вас. Девицата ја изразува својата љубов со практични и корисни работи, затоа не се вознемирувајте доколку секој ден не ви повторува дека ве сакаат. Доколку Девицата сака некого, таа тоа ќе го покаже на практичен начин, секогаш ќе биде со вас кога ви треба, ќе се грижи за вашето здравје и финансиите, ќе ви го поправи одводот или некој електричен апарат и сл. Девиците сметаат дека овие работи се далеку поважни отколку да ви праќаат цвеќина, бомбоњери или пак картички за денот на вљубените. Во своите врски може да се рече дека Девиците не се баш страсни и спонтани. Затоа, доколку сте во врска со Девица, не го сфаќајте ова лично. Тоа воопшто не значи дека вашиот партнер Девица не ве сака, едноставно – Девиците се такви. Но затоа, тоа што недостига во страст, тие ќе го надоместат со посветеност и лојалност.


    ВАГИТЕ И ЉУБОВТА

    Неможете да најдете поромантичен и позаводлив партнер од Вагата. За нив љубовта е многу важно нешто во животот и затоа тие внимаваат нивниот партнер да се чувствува сакан. Побрзо тие би давале повеќе отколку да дозволат нивниот партнер да се чувствува дека во љубовта добива помалку отколку што дава. Доколку сте во врска со Вага трудете се да ја зачувате романтиката жива. Правете ги сите оние ситни работи кои покажуваат внимание – вечера со свеќи, посета на егзотични места, цвеќе и мали подароци. Важно работите да се убави, немора да се скапи. Прајќајте пораки и јавувајте се редовно иако можеби немате нешто посебно да кажете. Доколку сакате да ја усреќите Вагата, бидете креативни во романтично изразување љубов, таа тоа ќе го цени, а и тој е начинот на кој Вагата ќе се однесува према вас. Вагите сакаат нивните партнери да бидат малку и агресивни, дури и самоволни, затоа што тоа се карактеристики кои нив им недостигаат. Во љубовта тие знаат да бидат и нападни, но некако на суптилен и шармантен начин.


    СКОРПИИТЕ И ЉУБОВТА

    Скорпиите се хороскопски знак кој сака сериозна и јасно дефинирана врска.Тие се сомничави во однос на бракот, но кога еднаш ќе се обврзат, тие се потполно посветени и верни. Господ нека им е напомош на нивниот партнер доколку ги изневери или пак само и да се посомневаат во тоа. Љубомората на Скорпиите е легендарна. Тие знаат да бидат толку гневни кога станува збор за неверство, што и самиот сомнеж може да направи бура. Обично стапуваат во брак со некој кој е побогат од нив. Тие се доволно емотивни и страсни и за двајца, така што нив им е поребен некој кој е пријатен, трудољубив, симпатичен и стабилен. Нив им е потребен партнер на кого можат да се потпрат, некој кој им е лојален и ги подржува додека тие ги бијат животните битки. Скорпијата, независно дали во емотивна или пријателска врска е навистина партнер, а не противник. Скорпијата е во потрага по сојузник, а не конкурент. Доколку сте заљубени во Скорпија ќе ви треба многу трпение. Потребно е долго време додека ја запознаете Скорпијата, затоа што тие не се откриваат лесно. Но доколку сте истрајни и вашите намери се чесни, полека ќе ви биде дозволено да влезете во умот и срцето на Скорпијата.


    СТРЕЛЦИТЕ И ЉУБОВТА

    Стрелците сакаат слобода, а исто така му даваат слобода и на својот партнер. Тие сакаат нивната врска да тече спонтано и да има промени во неа. Стрелците знаат да бидат доста променливи во врската и често да го менуваат мислењето за својот партнер. Тие не сакаат врска која ќе биде строго дефинирана или ќе бара од нив обврзување, затоа што тоа го доживуваат како закана за нивната слобода. Обично во текот на животот може да стапат во брак и повеќе пати. Во љубовта тие се страсни и дарежливи, отворени, спонтани, ненасилни и многу активни, Тие своите чувства ги изразуваат многу отворено. Стрелците треба да развијат способност да можат да ги видат работите и од страна на другиот, а не само од своја, затоа што во тој поглед знаат да бидат доста егоцентрични, а тоа претставува препрека во комуникацијата со партнерот. Стрелците се многу идеалисти и обично ги идеализираат своите партнери. Треба да се трудат да ги гледаат нештата пореално и поладно, а тоа ќе им помогне да ги избегнат разочарувањата.


    ЈАРЦИТЕ И ЉУБОВТА

    Јарците, како и Скорпиите и Рибите е знак кој е тешко да го запознаеш. Тие се длабоки, интровертни и сакаат да се раководат според своето мислење. Тие не сакаат никој да ги знае нивните скриени мисли. Доколку сте во врска со Јарец, бидете стрпливи и небрзајте. Малце по малце ќе го сфатите Јарецот. Тие во себе кријат романтична природа, но тоа не го откриваат веднаш. Тие се смирени и кај нив нема баш многу емотивни изливи. Тие често својата љубов ја покажуваат на практичен начин. На Јарците им треба време додека се заљубат. Тие не се тип на луѓе кои се заљубуваат на прв поглед. Доколку станува збор за врска меѓу Јарец и Лав или Овен, овие два огнени знаци ќе бидат потполно збунети, затоа што нив Јарецот ќе им изгледа ладен, бесчувствителен, ќе имаат впечаток дека не е нежен и спонтан. Нормално, ништо од ова не е точно, едноставно Јарецот сака работите да се одвиваат полека. Тој сака да е сигурен дека е на цврсто тло, пред да ја покаже својата љубов или да се обврзе на било што. Дури и кога станува збор за љубов, Јарците се внимателни. Нив им е потребно повеќе време отколку на другите знаци од зодијакот за да се одлучат, но штом се одлучат тогаш знаат да бидат страсни. Јарците сакаат врска која е сериозна, јасно дефинирана, предвидлива, а може да се каже дури и дека сакаат врска која е рутинска, каде се се знае што е и како е. Тие повеќе сакат партнери кои ќе се грижат за нив, но и тие возвраќаат во иста мера. Друга работа е дали една таква врска е добра за нив. Затоа што се во нивниот живот се одвива рутински, можеби би било подобро за нив доколку остварат врска која е постимулативна и променлива.


    ВОДОЛИИТЕ И ЉУБОВТА

    Водолиите се добри како пријатели, но некако слаби кога станува збор за љубов. Нормално дека и тие се заљубуваат, но нивните партнери повеќе имаат впечаток дека се најдобри другари отколку љубовници. Впечатокот што им го оставаат на другите е дека се ладни затоа што тие не сакаат страсни изјави или пак на било кој начин да ја демонстрираат својата љубов пред другите. А, тоа оди до тој степен што нив дури им е и непријатно доколку нивниот партнер ги прегрнува или пак пречесто ги допира на јавно место. Но, ова во никој случај не значи дека тие не ги сакаат своите партнери! Ги сакаат, но тоа го покажуваат на други начини. Интересно е тоа што баш привлекуваат такви партнери, партнери кои се страсни, романтични и кои спонтано ја манифестираат својата љубов. И обично овие врски функционираат доста добро – Водолијата малку го лади страсниот партнер, а тој во возврат ја загрева ладнокрвната Водолија. Квалитетите кои водолијата треба да ги развие во текот на животот се топлина, нежност, страст и да – да научи повеќе да се забавува. За Водолиите во љубовта од големо значење е интелектуалниот фактор, доколку тој недостига нив им станува здодевно и не се чувствуваат исполнети.


    РИБИТЕ И ЉУБОВТА

    Рибите сакаат партнер кој е приземјен и практичен, а тоа не е ни чудно со оглед на тоа што практичноста е особина која им недостига. Нивниот партнер треба да е вешт со детали и работи од секојдневниот живот. Овие квалитети Рибите ги бараат кај своите партнери, затоа што тоа им дава чувство дека се во допир со реалноста и цврсто газат по земјата. Јасно е дека ваквата врска има свои успони и падови. Заради тоа што постои голема разлика во карактерите има и многу недоразбирања. Доколку сте заљубени во Риба ќе ги почувствувате овие флуктуации и ќе биде потребно време за нештата да се стабилизираат. Рибите се со променливо расположение, интуитивни и тешко можете да ги запознаете. Само времето и стрпливоста ќе ви овозможат да ги откриете најдлабоките тајни на Рибите. Но сето тоа е вредно за трудот, затоа што ќе откриете дека Рибите се добри и чувствителни личности кои имаат потреба од љубов и сакаат да ја даваат.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.576
    Пол:
    Женски
    Кога тие еднаш ќе стапат во брак, тоа е обично за цел живот и му се многу лојални на избраната личност. Но, има една работа која ретко кој Рак ќе ја признае – за нив било која врска е обврска и должност, а уште повеќе кога станува збор за брак. Тие влегуваат во брак затоа што за нив тоа е единствениот начин да остварат семејство кое тие толку многу го посакуваат. Заедницата со другата личност за нив не е цел сама за себе, тоа е само начин за да имаат семејство. Доколку сте заљубени во Рак ќе морате обзирно да се однесувате према неговите чувства. Нив ги вознемирува и најмала негативност. Тонот на вашиот глас, лош поглед, непријатна гримаса и тие веќе се крајно вознемирени. И најмал ваш гест, тие ќе го забележат и ќе реагираат на него. На ова можеби е тешко да се навикнете, но неоткажувајте се од љубовта на Ракот, затоа што доколку научите како да се однесувате со него, сте добиле извонреден партнер – нежен, сочувствителен и верен. Ракот нема да се однесува према вас во зависност од тоа што сте го рекле, туку согласно со тоа што го чувствувате во моментот.

    Да,да,да
     
  3. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Ова е баш интересно. :dance:
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.