ОВЕН-емотивни,брзо се навредуваат,"секогаш" се во право ,песимисти,хистерични,и неподносливи за околината,инаетчии,недружељубиви,затворени, БИК-оптимисти,весели,дружељубиви,инаетчии,тврдоглави,забавни,со смисла за хумор,секогаш расположени БЛИЗНАЦИ-непредвидливи,шармери,емоционални,креативци,дружељубиви,силни,лесно се навредуваaт,детинести се РАК-чувствителни,бараат правда,брзо се лутат,искрени,лојални,вистински другари и партнери,песимисти,директни ЛАВ-зборлести,дружељубиви,опуштени,романтични,често се лутат,забавни,сакаат се да е по нивно ДЕВИЦА-фини,тивки,верни пријатели,таинствени,лојални,паметни,грижливи,не простуваат и не забораваат ВАГА-нарцисоидни,вистински другари,шармери,дружељубиви,оптимисти,во центарот на вниманието,со смисла за хумор,горделиви ШКОРПИЈА-оптимисти,имаат смисла за хумор,дружељубиви,зборлести,забавни,енергични,со две лица ,трачари,емотивци, СТРЕЛЕЦ-авантуристи,оптимисти,темпераментни,забавни,борбени,деца во душата,весели,ведри,ретко се нервираат ЈАРЕЦ-оптимисти,фини,снаодливи,лицемерни,дружељубиви,лутачи,користољубци,забавни,мрзливи ВОДОЛИЈА-гревлии,по малку лицемерни и љубоморни,разгалени,емотивни,песимисти,сакаат се да епо нивно ,брзо им здосадуваат нештата РИБИ-срамежливи,повлечени и емоционални,песимистички настроени,плашливи,верни пријатели,искрени
Јас ќе си кажам мислење само за знаците кои добро ги познавам, а оние за кои не знам ништо воопшто не ги спомнувам, да не се повтарам Овен- комплицирани, емотивни, менуваат мислења како чорапи, пишманаџии. Паничари, често немаат свое јас, со кој се-такви се. Лесно е да ги разубедиш или навредиш, се си зимаат при срце. Знаат да слушаат и да даваат добри совети, сакаат да помогнат. Бик- според мене, најемотивниот знак во хороскопот. Се може да ги повреди. Мрчатори, често досадни, зборат едно те исто, без притоа тоа да има некој ефект. Филозофи, обожаваат да зборат општо за животот, љубовта, луѓето.Мислат дека знаат се. Мразат озборувања, иако се зборливи. Близнаци- Не можам да склопам некое мислење за нив, имав дечко близнак, а моменталниот ми е исто близнак. Толку многу се разликуваат, како ден и ноќ се. Едниот дволичен, итар, женкар, паметен, самобендисан, одличен "љубовник". Другиот романтичар, добра душа, мил, никогаш никој не би повредил, секогаш мисли дека е во право, искрен, одличен соговорник, амбициозен и интелигентен, нематеријалист. Рак- убави, згодни, сексуални. Брзоплети, смешни, јаки на зборови. За нив нема пардон, без влакна на јазикот, се' кажуваат во фаца. Понекогаш дволични, едно збори-друго прави. Девица- прекрасни луѓе, не се согласувам дека се спори, мене ми се баш динамични. Огромна смисла за хумор, педантерии, сакаат се да им е под конец. Не се замараат со туѓи мислења, живеат само за себе. Емотивци, плачковци. Сакаат да се смеат и да се забавуваат, ама никогаш не го прават она кое што е во тој период во тренд. Си фураат свој стил на облекување, уникатни и единствени. Стрелец- Го мразам овој знак. Злобни, гледаат само за себе, цинизам и иронија пука. Шират негативна енергија, ако се они нерасположени тогаш мора да бидат сите околу нив исто така. Мада добри шегобијци се, имаат смисла за хумор(но, како што кажав, секогаш е тука иронијата и потсмевот). Јарец- Мојот знак, кој што си го обожавам. Амбициозни, ПРЕМНОГУ. За тврдоглави, не би рекла, барем јас не сум таква. Точно е дека се им е испланирано во животот и се разочаруваат ако не им оди нешто по планот. Строги се, и порадо би работеле сами него во група. Кога ќе им се даде задача, ако не им се допаѓа, сепак ја завршуваат без грешка. Кога ќе се нафатат нешто да направат, го прават па и светот да се преврти. Ги нервираат неамбициозни луѓе и воопшто, луѓе кои не се како нив. Не искажуваат лесно емоции, а кога го прават тоа најчесто е за банални работи. Одговорни, прецизни, не влегуваат во дискусија ако немаат добри аргументи. Знаат да си ја признаат грешката и да се извинат. Ете толку знам јас хаха
Значи кога се она што сте го напишале за биковите е точно и сето тоа е сплотено во мене, како бик во знак и подзнак потврдувам. А сега како јас ги гледам знаците: Овен-луѓе кои стојат цврсто на земја, инаетливи и тешки за комуникација, понекогаш неразбирливи Бик-огромни хедонисти предводени од желбата за успех по секоја цена, најтврдоглави и најелегантни и пртставителни, понекогап оретерано импулсивни и избувливи Близнаци-најчесто дволични луѓе, кои некаде длабоко кријат многу добра душа, лесно раздразливи и одмаздољубиви Рак-претерано емотивни и приврзани кон семејството и блиските пријатели, воглавно добри пријатели Лав-најграциозни, најчесто крупни и високи, почесто себични и предводени од желба за доминација Девица-неверојатни за забележување детали и големи злопамтила, љубоморни Вага-умерени и раководени од желбата за баланс, горди и неискрени Шкорпија-почесто зли и лоши луѓе, кои ја сакаат единствено својата среќа Стрелец-премногу попустливи и добродушни, Јарец-снаодливи, сериозни во размислувањата, дисциплинирани Водолија-добри пријатели, таинствени, домаќини Риби-таинствени и затворени но претерано емоционални
Леле да Се е точно за овните,сум имала две "другарки" кои ми газеа на живци Се да биде по нивно,да бидат центар на вниманието,ненормална хистерија,љубомора и злоба Бегам подалеку од вакви луѓе,ако се најдам со нив во близина не можам да се контролирам и се им "лепам" во фацата Јас како девица најмногу си имам муабет со ракови и бикови Раковите се доста инаетливи но имаат добра душа,се си земаат при срце и многу лесно се навредуваат.Најдобра нивна карактеристика е грижата за блиските.Ако со некој се дружат и им е близок,спремни се се да направат.Според мене,најискрени луѓе. Биковите исто така се интересни луѓе.Многу темпераментни и интелегенти,секогаш расположени и спонтани.Мислам дека со биковите може да имаш најдобар провод на забави.Расположени луѓе се воглавно.Една нивна карактеристика која ми смета е тоа што се преголеми материјалисти и никогаш задоволни од богатство
Tочно е ова,јас сум риби и стврано кога не ми се допага некој,сум недружељубива Bака според мене : Oвен многу сакаат да се во центар на внимание,и многу некогаш знаат да навредат,знам по мама бик овај знак ми е омилен,ми се допага што се праведни,на сите гледаат поденакво,и нема трте-мрте со ними близнаци незнам многу за овај знак,ама имам забелешка дека сакат да се подобри од другите ,чуваат тајни и искрено советуваат Pак мојот подзнак чуствителни се,имаа осет,разбирање,заљубени се до небо и имаат добро срце(барем по моите другарки карактери) лав мислам дека брзо се лутат,малку ми се дигнати,ама можеби грешам девица уфф мислам дека е најмрзливиот знак Спојлер ако ме чита сестра ми сигурно е лута ама делаат се,би ди ја дале последната паричка,лепче,знаат да слушаат,некогаш се диви и се лути со денови Bага со вагите ми одат многу кафињата,сакаме да кажеме се во исто време,само тие јадат многу благо,најголемите заљубеници се,се борат за своето до крај,ама некогаш ги фака голема љубомора Cкорпија сензуални,отворени,реални,не покажуваат болка,тага,добро се кријат несподелуваат се со секого,но длабоко имаат добро срце и не мислат лошо на никого Cтрелец имаат голема самодоверба,талент да те привлечат,да сакаш постојано да си во нивно друштво,жените се перфектни во знакот стрелец Jарец снаодливи,тајни,женкари,не признаваат никогаш за своите чуства,дистанцирани,но оптимистиBодолија најголемите сочуствители,хумани се,даваат многу лубов,скромни,тагата секогаш гласно ја искажуват
Риби хммм ги сметам за премногу наивни и површни понекогаш Неонки во смисла на сфаќање на хумор. Јарец сакаат да доминираат, мислат дека се најпаметни, тешко кажуваат извини кога се виновни. Не се приврзуваат многу со луѓето. Водолија душа луѓе, фини, мили....ретко шират негативна енергија. (исклучок е брат ми) Вага најдобар знак (јас сум). Премногу сакаат да ги истакнуваат своите квалитети и сметаат дека се добри на секое поле. Шкорпија јас ги сакам. Сурови но реални, ако се поставите добро спрема нив и тие ќе бидат добри спрема вас. Жените се опасни тактичари на љубовно поле. Стрелец љубовџики, фантазери. Зборливи личности и многу комуникативни. Девица фини и повлечени, сакаат скромни работи. Рак во фокус им е или семејството или љубовта. Добри пријатели и големи фантазери. Лав сакаат да домнираат и мислат дека се најпаметни. Бик инаетливи без никаква посебна причина, лесно избувливи и темпераментни. Близнаци добри луѓе, кои некогаш ја премолчуваат вистината. Овен борци, храбри луѓе кои успеваат во животот.
Вага-пред се искрени добри пријатели ,луѓето ги ценат карактерно но се луѓе со многу добар вкус ...и јадат многу благо тоа секако. Овен-најодвратен знак ми стварно ептен се ексползивни не знаат да се извинат,мислат дека се тие најдобри,егоисти големи и не знаат да ја држат устата затворена. Близнаци-добри слушатели,муабетчии големи хехе ии лажливи се многу.но ипак ги обожавамм Водолија-ее сите водолии шо ги познавам се самоуништувачки настроени и кога зборуваат секој пат ја веднат главата настрана хх имат некоја милост во очите спрема секој. Лав-отворено си трескаат глупости без да размислат кој ќе ги слушне хаха. Рак-мног многу често го менат расположението и се ситат кога ќе направат некоја пакост. Риби-молчат а кога ќе отворат уста подобро и да не отвореле. Девица-перфекционисти,ии мнооооооогууу големи кавгаџии можат у 3 сат навечер да станат од спиење и да се караат. Јарец-инат голем,сака се да му биде совршено но без голема мака. Стрелци-добри соговорници. Толку од мене.
Лавовите многу ги критиковате бас не сум таква ехх сега кој не сака да биде во центарот на вниманието ?!?! малце љубоморни ... тоа си е и до прородата на човекотт како и да е не сме сите толку лоши ...
Јас па знаков мој ич не ми одговара јарец кај ме најде не пишува ништо шо ме опишува посебен случај сум јас многу мајчински се однесувам секоја навреда можам да ја истрпам ама до граница а кога ќе се прелие чашата подобро да не кажам а инет не сум а секоаш попуштам за да се избегне караница поздрав до сите
Риби - емотивни, намќори кои лесно попуштаат. Овен - избувливи кои секогаш знаат да привлечат и да бидат во центарот на вниманието. Бик - дружељубиви, инаети во одредени граници и праведни. Рак - најдобриот знак во целиот зодијак (се шегувам ) - преемотивни, но тешко искажуваат емоции (скоро секогаш најдлабоките емоции си ги чуваaт во себе се' додека не ги поттикне нешто заради кое би експлодирале); повлечени; некомуникативни (до душа зависи од ситуацијата и личностите) итн. Лав - ексцентрични Девица - затворени во себе, резервирани, ладнокрвни но најверојатно во себе чуваат силни емоции :whatdoyouthink: Вага - намќори, инаети, дружељубиви, непостојани Јарец - дружељубиви, амбициозни, понекогаш пасивни, упорни, толерантни, романтични Водолија - ексцентрични, трудoљубиви
Мојата проценка на знаците се должи на анализа на пријатели и познаници и искуство . Па вака некако : Овен - тврдоглави , инаетџии , удираат со глава во ѕид и не признаваат дека згрешиле. Инаку доста креативни и забавни. Бик - сум немала многу бикови во животов , но анализирајќи познаници : премногу самобендисани , опседнати сами со себе и никој друг. Близнаци - со нив не се координирам најдобро , премногу се едноставни и практични . Рак - / Лав - / Девица - јас лично отстапувам од сите карактеристики на девица , живеам премногу спонтан и брз живот , со планирањето сум скарана и така. Секси се . Вага - мојот омилен знак. Забавни , добродушни , креативни . Шкорпија - страшни злопамтила . Стрелец - / Јарец - добро се координирам со јарците ,кротки се , мили . Водолија - омг , мистериозни појави се. Затворени , но страшно интелегентни . Риби - неурачунливи , неможеш да сметаш на нив..премногу се предомислувам..или па не ?! Во тој стил.
само ќе кажам за неколку знаци бидејќи сум забележала дека скоро сите се такви еве на пример ќе почнам од БИК- негативни особини: посесивност имам чувство дека сакаат со тебе да управуваат и во секое време да те имаат под нокотот да можат, љубомора не поднесуваат некој нешто да има или во нешто да е подобоар и огормни материјалисти се, набилдано его и големи спанковци. Секоја чест на исклучочите - позитивни особини: неверојатна амбициозност многу се трудат и вложуваат за да успеат и многу упорни, романтични и нежни. СКОРПИЈА- негативни особини: љубоморни скоро кај секој од нив ја имам приметено оваа особина што кај Бикот не е секогаш случај, имаат некој чуден поглед, провоцира, и навистина кога мислиш дека е готова таа може да нападне. - позитивни особини: истрајна сила,упорност и храброст. ЛАВ- кај родените во овој знак иако премалку сум се дружела сепак имам приметено дека патат за внимание и слава, но во суштина се позитивни личности, но и многу нарцисоидни. јас сум ОВЕН во хороскоп некои особини како позитивни така и негативни се делумно точни, а истот го сметам и за ове неколку знаци горе, сепак се е до воспитување. Такво искуство сум имала со припадниците на овие знаци и ко за чудо се со Бикови сум се дружела најчесто и Скорпии, додека со другите знаци помалку затоа и незнам да ги оценам.
можеби некој овен што го познаваш е таков, но самиот хороскоп и истражувањата покажуваат сосем спротивно, тие имаат големо его, свое јас и држат до тоа, ова прв пат го слушам за овен, иако верувам дека има такви.
^ Аууу, јас сега го гледам ова. Како горд претставник на својот знак ја молам Нати да ми го посочи овенот со карактеристики како овие што таа ги навела, да го скршам од ќотек и да го научам што значи овен да се биде или евентуално да си го провери датумот на раѓање Шала на страна, се согласувам со Интересна. Ова погоре се‘ е само овен не ќе го биде.
Накратко од мене збор-два за хороскопските знаци: овен - борбени, инаетливи, лидери, премногу директни, агресивни; бик - дружељубиви и ведри, романтични амбициозни, љубоморни; близнаци - озборувачи, лицемерни, добри соговрници кои се прилагодуваат и се снаоѓаат во секакво друштво; рак - нааајромантичниот знак, целосно посветени на љубовта, желни за внимание,понекогаш патетични и опседнати со своите партнери; лав - забавни и самобендисани, помалце лажливи и премногу субјективни; девица - нежни, емотивни, затворени; скорпија - љубоморни, упорни, самоуверени, зборливи и ограничени; вага - непостојани, тактичари, дволични, попустливи, молчеливи; стрелец - авантуристи, весели, секогаш позитивно расположени, добри пријатели и одлични соговрници; јарец - трпеливи, неубедливи, амбициозни, интелигентни, молчливи и помалце тврдоглави; водолија - весели и позитивни, добри пијатели, авантуристи и прилагодливи, риби - емотивци, големи романтичари, филозофи и добри говорници!
јас ќе пишам за следните: лав - инаетчии , се фаќаат за ситница , романтични , лутковци бик - поголеми инаетчии од лавовите , дволични , љубоморни и на животно девица - затворени а кога сакаат се многу забавни и се доста креативни и интелигентни водолија - забавни најреални вага - дволични но многу осетливи иако го кријат тоа
Ретко некаде прочитав несто добро за ОВЕН сто толку одбивност спрема знакот еве не дека јас сум овен да не се сега самата анализирам но познавам и многу други овни тоа се мотивирани лугје и нема препрека за нив точно како сто секаде се описува овенот борбени и тоа е така и пак немора да значи сека сите се такви според мене големо влијание има и подзнакот а сто се однесува до другите знаци еве ке ја издвојам рибата имам лосо искуство тоа се вечни песимисти и драмтичари но иронија на судбината еве пак запознав една личност и замислете РИБА во хороскоп па и на иста дата роден како бивсиот а се толку различни за другите знаци еве БИК тврдоглави, материјалисти но реални и тоа многу, ВОДОЛИЈА личности со големо срце интелигентни но некогас пасивни им фали акција сонувачи и емотивни ептен тоа последното
е рибите ич не се срамежливи можеби се тивки и емотивци ама дека се срамежливи и недружелубиви нема врска..