1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Знаците според вас

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од hihihi, 7 октомври 2010.

  1. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Далеку од вистината :) Јас сум девица,а и сите девици што ги знам се скромни.НЕ сакаат да бидат фалени,да им бидат давани копмлименти,многу се скромни.Никогаш задоволни од себе,далеку од фалбаџии :D За ова сум сигурна сто посто,јас сум девица а и познавам многу други.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Овен-многу динамични, полни со енергија, сакаат да бидат лидери, ама знаат да бидат страшни инаети и понекогаш арогантни.
    Бик-многу, ама многу големи инаети, тешко излегувам на крај со нив
    Близнаци-повеќето кои ги познавам се исклучително забавни и со добра смисла за хумор, дружељубиви, енергични, но и превртливи и површни
    Рак-многу чувствителни, добри пријатели и советници, но знаат да бидат и патетични понекогаш
    Лав-суетни, горделиви, сакаат по секоја цена да е по нивно, сакаат да се во центарот на вниманието скоро секогаш
    Девица-чувствителни, добри советници, ситничари
    Вага-доста интелегентни, имаат смисла за хумор, со нив може ама баш на секоја тема да се разговара, но често се многу ладнокрвни
    Скорпија-повеќето работи кои ги читам за мојот знак се точни, а и другите кои ги познавам а што се родени во овој знак имаат слични карактеристики. Емотивни, енергични, искрени, но и многу посесивни и љубоморни
    Стрелец-секогаш полни со позитивна енергија, знаат да се забавуваат, одлични пријатели и советници, секогаш делуваат безгрижно
    Јарец-тврдоглави, претерано амбициозни, паметни
    Водолија-енергични, интересни личности, но малку чудни, со чудни идеи
    Риби-емотивни, лесно се приврзуваат
     
    На Elennaa, CoverGirl10 и anneyy им се допаѓа ова.
  3. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Гледам повеќето сте напишале дека вагите се ладнокрвни,до некаде е точно до некаде не за машките ненам но јас сум вага и сум многу емотивна,но во некои случаи знам добро да искулирам и да не се замарам.Чисто невнимание :P
    И EleMental не си запознал доволно ваги :P
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Како што гледам повеќето сте навеле лоши карактеристики за Овен.. не декасе бранам, може има и такви не викам не, сепак неможеме да се раководиме само според хороскопскиот знак, кај некои влијае и подзнак и т.н... ама еве лично за мене и другарки што знам што се овен, карактеристики... инаетчии, мислиме дека секогаш сме во право, тешко прифаќаме пораз, сакаме да помогнеме, пред сите јаки ама во себе сепак криеме силни емоции, го сакаме семејството и пријателите, не веруваме на секого, по малку љубоморни...
    Инаку за неколку други знаци што знам според познаници
    Бик - добри, ама кога ќе се налутат тешко простуваат
    Девица - педантни, сакаат се да им е под контрола, мирни
    Шкорпија - таинствени, не покажуваат емоции иако ги имаат, по малку флегмаџии, сакаат да помогнат, љубоморни
    Риби - емотивци, жалат долго за изгубеното, сакаат да се навраќаат на минатото
    Толку од мене :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Овен - женските се ок и малку се тврдоглави, но не се арогантни. Машките овни се арогантни, самобендисани незрели суштества и воопшто не ги сакам.
    Бик - женските се многу фини, по малку снобови и сакаат да бидат опкружени со убаво и скапо. Машките се фини и добри, не се замараат многу и исто така по малку снобови.
    Близнаци - женските се премногу сериозни за мој вкус и често знаат да бидат расипани и подли. Машките се исклучително интелигентни, најинтелигентните машки во хороскопот но знаат да бидат променливи и дволични.
    Рак - и женските и машките ракчиња ми се срцки, бидејќи се многу чувствителни и добрички и милички, но не секој го знае тоа. Нивната чувствителност е скриена.
    Лав - женските лавови се многу самобендисани, но и силни и борци. Машките лавови сакаат да им кажуваат колку се најдобри и најубави и најсе и многу се горделиви.
    Девица - женските се контрол-фрикови но дробродушни се и се грижат. Машките се комплицирани и на се си внимаваат, многу се средени.
    Вага - женските се многу фини и шармантни. Машките се фини но некако не се снаоѓаат.
    Шкорпија - женските се многу страстни и љубоморни. Машките се најлошите машки во хороскопот.
    Стрелец - позитивни и неоптеретени и двата пола.
    Јарец - многу сериозни и практични, мојот најнеомилен знак во хороскопот.
    Водолија - најлошите женски во хороскопот. Машките се фини и паметни.
    Риби - женските се чувствителни но и многу размазени и се сакаат по нивно да биде, што понекогаш ме вади од такт. Машките се мили и чувствителни, секогаш подготвени да ти помогнат.
     
  6. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Овен-Многу тврдоглави личности,сакаат да бидат во центарот на вниманието !
    Бик-Лицимери,тврдоглави,паметни !
    Близнаци-Дружељубиви,истрајни,забавни.
    Рак-Не се емотивци,досадни,многууу тврдоглави..
    Лав-Тврдоглави,емотивци,истрајни..
    Девица-Досадни,наивни,привлечни.
    Вага-Ведри,забавни,педантни..
    Скорпија-Оптимисти,авантуристи,сакаат долгии патувања
    Стрелец-Негативен,тврдоглав,истраен.
    Јарец-Вака ја сум јарец и незнам што викате твроглави дека сме,ич не сме тврдоглави за се попуштаме..Непедантни,Добри другари,Наивни,Забавни и досадни :D
    Водолија-Најинтелегентен знак,ведри,авантуристи.
    Риби-Мирни,истрајни,тивки. :)
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Лелеее зашо вака за водолиите??
    зашто најлошите женски???како мислиш лоши?? :o
     
  8. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    како се погодивте за рипчињата :D :D :D
     
  9. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    овен - без коментар за нив.. не познавам некој во тој знак :D
    бик - паа интересни се, паметни имаат смисла за хумор и се лутат за глупости и тврдоглави..
    близнаци - и за нив не знам што да кажам :D
    рак - добар пријател,не знаат што сакаат..
    лав - мојтоо знакчее.. :D паа мислам дека смее доста амбициозни и упорни, ноо и инаетчии сакаме да сме центар внимани и обожаваме комплименти.. :)
    девица - паа окееј се.. :)
    скорпија - секогаш се тука за разговор и за забава, фини се..
    вага - забавнии.. и доста уредни
    стрелец - понекогаш се премногу наивни затоа што се многу добри, знаат да те насмеат.
    јарец - кога ке помислам за јарец ме асоцира на ПЕСИМИЗАМ и самата не знам зошто..
    водолија - супер се, обожаваат луд провод..
    риби - емотивнии, опуштении не се срамежливи..
     
    На Espadrila и anneyy им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.279
    многу прецизен опис за јарецот, си се најдов...... 8)
     
  11. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141
    јас ова го пишав во др тема. но оваа ми се виде посоодветна за да споделам искуство со секој од знациве : :)


    овен = мажи - можат да направат да се заљубиш во нив и после да патиш цел живот, женкари, шармери, лепотани, полни со енергија, уживаат во жени, пиење, јадење. накратко знаат да уживаат во животот. некако најмашки знак ми се. да бев машко ќе сакав да бев овен.
    жени - енигма , некогаш се замараат за банални работи, на битни не им придаваат значење... овен жена не ми се свиѓа.
    бик = стабилни. сталожени. се прават пополека. можат да сакаат повеќе истовремено. најдобри пријатели.
    близнаци = многу сакаат деца. брзо избувнуваат. никогаш не созреваат целосно во паметот.
    рак = би рекла најпроблематични и не би сакала да сум им во кожа. колку многу ракчиња познавам и сите се различни. ваљда многу им влијае подзнакот. викаат дека се најчувствителни, точно е да, ама сум приметила дека тоа е така само за нив кога се работи. за други баш и не се замараат нешто превише. знаат за најмала ситница да дигнат нос и да се лутат со денови. ако некогаш нешто си им згрешил никогаш нема да простат. имаат повеќе љубови. само една што секогаш ќе им е во срце, најчесто првата и цел живот потајно патат по неа. ако ептен се разочараат се промискуитетни. најголеми материјалисти и спонзоруши. сакаат да готват, патуваат, да се главни секогаш и секаде, и многу се физички привлечни. ама мислам што се дешава во главата на ракот никој друг никогаш не ќе може да разбере.
    лав = мажи лавови се најголеми папучари додека се со тебе. ако сакаш да им раскинеш ќе ти викаат дека ќе се фрлат од зграда, нормално дека тоа никогаш нема да го направат и една недела откако сте раскинале ќе го видиш со друга која исто така ја сака најмногу на свет и за која ако му раскине исто така ко за тебе и за неа ќе рипа
    жените се најискомплекирани од сите знаци. некогаш за да го прекријат тоа делуваат арогантно а некогаш завршуваат под некој мост.
    девица = ако некој е со крпа у рака по цел ден и само чисти сигурно е девица... и има две крајности. или многу е умешна во раководење со пари и работлива или воопшто не ја бива за ништо и по цел ден дома би си седела
    вага = нека ми извинат сите ама некако најтапа знак ми се. немам некое мислење посебно. не ми биле интересни да ги анализирам.
    скорпија = лоши на јазик со добра душа
    стрелец = мојот знак .. нема да кажувам дека е најдобар пошто јас сум, само ќе кажам дека кога стрелец ќе се заљуби нема поголема љубов од таа. спремен е на се да се откаже , и од фамилија, пријатели , буквално све за љубав ... и многу е креативен на љубовно поле , веројатно и Ромео , и Ноа, и Џон, и др ликови биле стрелци
    јарец = за јарци имам некоја слика како седат у некоја канцеларија и се што им поминува низ глава е само работа . работа . работа. не знаат да живеат како што треба.
    водолија = нит се тера нит се води. сака се по нејзино да е . не знае за копромис. а што е најтрагично не знае ни што сака. пример и се свиѓа некој и и е интересен додека не го има, отпосле и станува одвратен, па кога тој ист одвратен ќе фати девојка пак го сака назад пошо сеа не може да го има и се така се врти во круг до недоглед
    риби = машки риби знаат да бидат и те како привлечни за женски пол. обично се верни. и си живеат у некој свој. би рекла уметнични свет.

    ве погодив барем малце од малце ? :P
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Јас сум типична девица! Ситничарка и педантерија жива! Несакам ништо да стрчи, како на мене така и околу мене...Нема или вака или така, секогаш се знае точно-вака е и крај ! :doh: :D

    Иначе добро се снаоѓам во друштво на риба, секогаш знаат да ме расположат и да поминам убаво со нив. А ракови :fubar: не дај боже, мене лично негативна енергија ми шират...барем личностите што сум ги запознала до сега!
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    38.278
    Пол:
    Женски
    OВЕН-Jас се пријавувам за неинаетлив овен. :D Инаку машките овнови знам еден и не ми се допаѓа, малку ми е фалбаџија и малку арогантен.
    БИК-Имам познајничка, фина личност, но со неа можам да правам само површен муабет ништо сериозно.Инаку знае да биде забавна.Многу се материјалисти, расеани и крајно неодговорни затоа и најмногу ме иритираат ама немаат лоша душа.
    БЛИЗНАЦИ-најдобрата другарка ми е близнак и иако сме сосема различни ја сакам,но карактерот што го има некогаш многу ме иритира.Инаетлива е до бескрај и е писимист, нема трошка фантазија во неа а мене тоа ме нервира.Некогаш не размислува дали тоа што ќе го каже ќе повреди некој.Секогаш е тука за совет.Муабетчика е, но не сака промени и секогаш кај неа е тоа па тоа, никогаш не изненадува.
    Машки претставник само едно мислење имам за него, флегматичен.
    ЛАВ-Мојот идол.Забавни, но секогаш сакаат да се во право, малку разгалени и самобендисани, некогаш иритираат со она јас сум најдобар/ра.И сакаат раскош, романтични се.Добар пријател секогаш те ислушва и те подржува во одлуките што ги донесуваш.Најмногу се сложувам со овој знак но во поглед на авантури, забави,зошто секогаш се расположени за дружба и забава.
    Машките папучар и малку лигав и дигноглав.
    ДЕВИЦА-Дечко ми е претставник на овој педантен знак, педантерија жива.Некогаш знае да биде невозможен.Запаѓа во депресија често и има многу променливо расположение.Избувлив е(а велат девиците се смирени).Од карактеристиките што ми се допаѓаат и со кои ме привлече се шармантност и кога сака, сака вистински и чека додека не го добие тоа што го сака.Некогаш мислам дека девица кога сака, сака за цел живот.Нежен е и не се срами да си ги покаже чувствата.Знае да се препушта на телесни задоволства во секое време.Но и тешко да оддолее на пороци.И некако не му се радува на животот со тоа ме нервира.Се на се, знак со тежок карактер, го знам толку години а некогаш се чувствувам како да не го знам воопшто.Но знам дека на некој начин овој знак сака совршено.
    ВАГА-Е ова знакче ми е :x Неодлучно 100% Менува ставови како чорапи.Инаетлив и избувлив.Имав школска и добра пријателка вага, но во школо беше неподнослива.Инаетлива и кавгаџика.Ја викавме пиперче :D Може да добиеш искрен совет од неа и добар муабет, но под услов да се согласуваш со се што ќе каже во спротивно ќе ти ги скине живците.Имам и друга пријателка што е невозможно мудра, но обичните луѓе не се доволно добри за неа, малку е чудна, не ја интересира дали тоа што ќе го каже ќе повреди некого, но е добра пријателка, навистина добра.
    ШКОРПИЈА-Брат ми е шкорпија.Инаетлив и непослушен, и мене ме иритира со неговата рамнодушност...додека јас урлам за некоја работа тој се исклучува и не ми обрнува внимании и тогаш јас :@ :D Други личности не познавам и не би да коментирам пошто брат ми секако за мене е најдобар.
    ЈАРЕЦ-Имав дечко јарец не успеавме, бевме премногу слични :D Фини луѓе барем по овој претставник.Добар слушател и повеќе ми беше пријател отколку дечко.
    ВОДОЛИЈА-Апсолутно не се поднесуваме :worried: Кога сме во иста просторија со татко ми или баба ми избива војна поради нив имам лошо мислење и за останатите.
    РИБИ-Коментирав во друга тема за нив.Тие се моја сродна душа со одредени претставници на овој знак можам да правам муабет цела недела и нема да се искажеме, со нив никогаш доста време.
     
    На Bonx, Elennaa, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Хороскопски знак со најубави карактеристики

    Овен = ги обожавам, општо и машките и женските припадници на овој знак. Некако имам огромно разбирање со луѓето во овој знак. Си имаат негативни карактеристики, но не е нешто што би ме вадело од такт. Забавни се, знаат да те насмеат, одлично друштво според мене. Се кавгаџии и арогантни, ама па јас сум изгорена за дебатирање така да не ми претставуваат овие карактеристики некој голем минус. Битно секогаш имам теми на разговор со овие луѓе и никогаш не ми е досадно околу нив. Емотивни се и не знаат да ги кријат емоциите, ако се лути креваат голема галама, мора да покажат што чуствуваат. Истото е иако се среќни, пак прават џумбуси. Сакаат да се центар на внимание. Како и да е ги сакам, отворени, директни, забавни, авантуристи и секогаш имаат што да кажат.
    Бик = бикчиња немам многу околу мене, тие што ги знам ми се баш некако мистерија. Тврдоглави се прилично, сакаат скапи работи, и ме нервира на моменти што знаат да бидат многу тивки. Не се отвараат премногу, не се романтични, дури знам бикови кои секој романтичен гест му е многу одбивен, роматиката за нив е нешто површно, непрактично и трошење време за безвезни работи. Сепак знаат силно и искрено да сакаат.
    Близнаци = БЛИЗНАЧИЊААААА :inlove: навидум површни, детинести, дволични, центар на секое случување, зазборани 100 на сат, со огромна насмевка на лицето. Јас сум близначе и имам еден тон близнаци околу мене. Што и да направат, му го разбирам и оправдувам секој потег. Не се постојани, менуваат брзо мислење, што доведува да бидат карактеризирани како дволични. Кога се среќни, сакаат сите околу нив да се чуствуваат така, кога се нерасположени настапува на сцена другиот близнак кој знае да се повлечи настрана, да мрачи дури и на моменти да биде прилично злобен, директен и да навредува остро без да ги процени последиците од тоа. Сепак не држат лутина воопшто, брзо им поминува, не се злопамтила. Најкомуникативен знак од сите според мене. Сакат луѓе околу нив. Да казниш близнак остани со него во соба 2-3 часа и не му прави муабет, или одговарај само површно со да или не. Од такт ќе го извадиш.
    Рак и риби = ги пишувам заедно бидејќи имам исто мислење за нив. До толку не можам да најдам заеднички мислења со овие знаци, што не сум стигнала да направам муабет за да ги окарактеризирам. А често ми се лепат околу мене. Имам многу познаници но со ни еден не можам да најдам заеднички јазик. Не се карам, не знам да има нешто со што ме изнервирале, само единствено не знам да комуницирам со нив.
    Лав = лавот е секогаш во право. Дури и кога го држи за к*рето и вика дека е женско, и тогаш е во право. :D Сепак ми одговараат во друштво. Брзи, решителни, знаат што сакаат, забавни. Копмпетитивни, сакаат да се натпреваруваат, и нормално да победуваат.
    Девица = кога ќе слушнам девица, одма замислувам некој кај што чисти, прередува, раскрева. Девица ми е поим за жива педантерија. Имав цимерка девица и беше опседната со тоа, дури и на нерви ми одеше понекогаш. Јас во своја соба, разучена, расфрлани еден тон книги околу мене во паника, а таа знаеше да ми приговори како сум можела да учам во неред. Мене во тие моменти поважно ми беше да научам, отколку да средувам книги. Исто така имам забележано дека не знаат да функционираат кога се во прашање рокови и под притисок. Повеќе време трошат на паничење отколку да пробаат да ја решат работата. Да се дружам повремено и да имам однос кој се заснова на забава да, да живеам со девица заедно малце потешко, многу компромиси треба и од моја и од нивна страна.
    Вага и водолија = немам вакви знаци во мојот живот. Немам мислење за нив. Знам една вага, машко, муабетот ни се сведува на здраво - како си, водолија знам едно девојче за кое сум добила претстава дека упорно чука со глава во зид, многу нереално и нерационално постапува. Сепак можеби е до карактер, а не до хороскопски знак.
    Скорпија = женско скорпија може да ми биде многу добра другарка или голем непријател. Нема измеѓу. Емотивни, страсни, злобни за тие што не ги сакаат, одмаздољубиви. Ништо не е готово се додека скорпијата не реши дека е готово. Брзо се заљубуваат, и секој следен им е најголемата љубов до тогаш. Машки скорпии не ги поднесувам. Сите што ги знам единствена тема на муабет им е секс и ништо понатаму. Или три уводни безвезни реченици дур не дојди до темата секс. Поради оваа причина секогаш ми биле многу одбивни и после 5 минути муабет редовно се тргам на страна.
    Стрелец = лабави, опуштени, не се за длабоки врски, ни пријателски ни љубовни. За пријателство знам лично, за љубовниот дел не знам лично но го имам забележано од тоа како се однесуваат тие што ги знам во врска. Комуникативни се, имаат голем круг на луѓе околу себе, но не се врзуваат.
    Јарец = јарци, ах јарци. За мене најтешките, најкомплицираните знаци. Премногу реални, премногу приземјени за мој вкус. Тврдоглави, затворени, некомуникативни. Не знаат да искажат емоции или па искажуваат на начин кој не го разбирам. Мултитаскинг им е мисловна именка, се концентрираат само на една работа и се друго не постои. Обожаваат молк и тишина, што искрено мене може да ме убие. Премногу сме различни и со различни гледишта и сфаќања, општо во секоја можна тема.
     
    На Luciferovog zlo♧, sweet25 и 1209 им се допаѓа ова.
  15. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Овен Една од најблиските другарки ми е Овен во хороскоп,нема лоша душа,добра е,тврдоглава од една страна и многу попустлива од друга :wasntme: ,малку флегматична,инаку секогаш кога ти треба е тука за тебе.
    Бик јас како јарец,многу добро се сложувам со бикови,добри според мене,не се опуштени за муабетење со секого,тврдоглави,трпат ама кога ќе избувнат лошо е.Ладни,не покажуваат чувства,а се чувствителни(слично со јарците)
    БлизнакПА немам баш добро мислење,неколку личности познавам и се доста дволични и превртливи :?:
    Рак Немам такви личности околу мене
    ЛавЗнакот со кој ептен не се поднесувам!Премногу сакаат да се центар на внимание,они се најубави,најдобри,да не речам заљубени во себе,немам добро искуство
    Девица СО девица поминав 6 години во врска,па педантерии се,малку ме нервира што мислат дека се може да биде совршено и така во некој таков свет си живеат,јас имав многу љубоморна девица до мене сега не знам другите какви се.
    Вага Имам другарка вага која е прекрасна,можам секогаш да и се доверам и тоа никој да не го дознае,мила е со сите,пази на никого да не згреши.Малку е неодлучна :?:
    Шкорпија Хаха омилените за коментирање(дечко ми е шкорпија) Иритантен е признавам,или ги сакаш или ги мразиш средина нема,злопатила се,премногу големи лутковци,избувнуваат за ситници,ама па од друга страна љубат искрено кога ќе се врзат за некого,секаде го планираат,делат се со него,не се плашат од врзување зборуваат за иднината и се премногу страсни :D И љубоморни се многу ама се преправаат дека не се
    Стрелец Не ги познавам доволно
    Јарец Јас :?: Знам дека прво што ви паѓа на памет е инатот,јас со личности кои ги сакам мнпгу попуштам и не се инатам,многу сум срамежлива тоа си го сметам како најнегативна особина зошто за многу работи ме кочи,премногу сум искрена и не знам да излажам и во моменти кога е тоа најпаметно ама не можам бе луѓе и точка.Не изневерувам!кога ќе засакам некого тоа трае премногуууу.Ладна сум надворешно премногу,а толку сакам некогаш да покажам чувства и ќе се пресечам не можам и готово,мислат луѓево дека не ги сакам,а јас ги сакам повеќе од некои особи што им се обраќаат со срце,злато и слично,всушност ние јарците сме многу ранливи само тоа не го покажуваме.Попуштам и многу ми треба да ми се качат на глава,ама ако еднаш речам крај тоа е за навек
    Водолија ДОбар пријател ама флегма невидена :D
    Риби Осетливи,премногу љубоморни јас таква љубомора не сум видела,не ти се наоѓаат кога ти требаат,знаат многу да бидат превртливи.Ама сепак јас другарка ми си ја сакам :)

    Се надевам нема да се налутите на некои негативни критики,јас ова го пишував од искуства со блиски луѓе,не значи дека сите мора да се такви :)
     
    На Elennaa и anneyy им се допаѓа ова.
  16. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Според лично искуство:

    Овен: тешки за комуникација и разбирање, инат без причина/право
    Бик: големи гурмани, смирени до бескрај, приземјени, фер, пожртвувани, домаќини
    Близнак: лебдат, диви, спонтани, променливи, забавни, постојано во движење
    Рак: променливо расположение од крајност до крајност, осетливи, силна интуиција, добри советодавци
    Лав: со стил, префинети, уметнички души, егоисти
    Девица: мирни, педантни, аналитични, добри за разговор, вечни пријатели, паметат и најмали детали
    Вага: уметници, несериозни, менуваат мислење, забавни, привлечни
    Шкорпија: /
    Стрелец: многу диви, авантуристи, им треба слобода, не покажуваат чувства
    Јарец: амбициозни, верни, лидери, реалисти, со мајчински инстинкти и пред да станат родители
    Водолија: /
    Риби: нежни, романтични, расеани, меки

    Би додала дека освен овој знак (Sun Sign) е само дел од астролошкиот DNA, ГОЛЕМО влијание на карактерот имаат и Moon Sign и Rising Sign.
     
    На Elennaa и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  17. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    за јарецот се е точно како мене да си ме опишала :D
     
  18. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Лелеееее :lol: Ти си првата што има кажано толку лоши работи за Водолиите! Ама, рака на срце, се согласувам.
    Ова ни се лошите страни дефинитивно!!!
     
    На ChocolateStrawberry му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Стрелец: многу диви, авантуристи, им треба слобода, не покажуваат чувства
    Ова со чувстава е малку промаршено :) Јас сум стрелец и те како покажувам чувства :$ Друго се е погодено 8) :D
     
  20. kosmar4e

    kosmar4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    овен - незнаат да слушаат коа некој нешто кажува,само они би зборувале по цел ден :yawn:

    бик - неаме заеднички јазик... :@ мислат дека секогаш се у право, самобендисани, мн се тврдоглави (бог да чува од нив ) , живеат у некој нивни свет...доста им е :|

    близнаци - that's me :inlove: дружељубиви, духовити, за секого и за секаде иаме време, прилагодливи, несебични, сакам животни, бараме друштво или партнер со кој цело време ќе ни е интересно и нема да ни биде досадно..у спротивно ги напуштаме...

    рак - најдобар пријатели, не се дволични, амбициозни, често се затвараат под својот оклоп па оди погоди им, често менување на расположење, депресивни, срамежливи (и то премногу ), можат цел ден да ги слушаат твојте проблеми,ама нишо нема да кажат за себе :?:

    лав - секогаш те ислушува, дволичен/а е понекогаш, лажат често, на изглед се многу страшни али дај им време да ги запознаеш,

    девица - не те заборава, се фали премногу, опседнати од секс, горделиви, неверни :|

    скорпија - тврдоглави, секс.секс и само секс, принципиелни, љубоморни, завидни, мистериозни

    вага - себични, љубоморни,завидни, гледаат шо ќе кажат лугето за нив :worried: сериозни, у љубовта им е дај шо даш,

    стрелец - имаат специфичен вкус за мн работи посебно за музика , сакаат да зборат многу, дружељубиви, помагаат на сите коа се во можност,

    јарец - испод мира триста вира....ќутат ама коа ќе ја треснат некоја ни оди ни стој, тврдоглавост , а и шо не ми се свиѓа кај јарците е тоа шо нивниот најдобар пријател не сакаат да го делат со другите...само за нив си го чувааат и ако се приближи некој до другаров очи ќе ти ископаат :)

    водолија - супер , секаде со секого , според мене најубав знак

    риби - грижливи, емоционални ( го оплакуваат дури и кучето скитник ), верни, сакаат да се дружат
     
    На sweet25, anneyy и spellbound им се допаѓа ова.