Преееточно. И рибите не се воопшто преваранти (некој погоре имаше така напишано) туку сакаат секогаш да им удоволат на сите и да им помогнат.Некогаш толку многу што на крај ние сме повредени...
Овен-галамџии Бик-негативци Близнаци-детинести Рак-многу осетливи и досадни Лав-фалбаџии преку мој веќе Девица-ситничари Вага-cool Шкорпија-многу лоши бе Стрелец-многу зборуваат јас си знам Јарец-ОК се, ќутливи Водолија-чудни и детинести понекогаш Риби-преосетливи се сфаќаат лично
Сите ги почитуваат без разлика дали некој е како нив или не. Почитуваат други мислења аа малку се затворени затоа што се плашат да не бидат повредени. Лојални пријатели се и ако ти им пружиш пријателство тие дупло ќе ти вратат со пријателство
Аууу страшен заклучок! Од кај ти е тебе ова искуство?! Нема врска! Знак си е знак, а карактер си е карактер. Така да си измешала многу. Биковите напротив не се негативни ... не само јас што сум Бик туку и други кои познавам еден не пренесува негативна енергија.[/quote] Мене биковите ми се најзабавни интересни се и секогаш разположени за шала
Ракчињата се многу големи фантазери. Имам една другарка рак се дружиме веќе 7 години. Си почне да си прави некои идеи и си влагаме во филм да така ќе биде ии на крај ништо од тоа.. Немора да значи секогаш ама повеќе пати не и успеваат тие планови и фантазии хаха
Овен- Мирни, забавни добри... Близнаци- Верни, срамежливи,елегантни.. Рак- Слатки, мили и великодушни. Лав- Комуникативни, настроени кон едно нешто, се прават наслилни и се и сешто.. Девици -Ненормални (во добра смисла), тампераменти, брзоплети... Вага- Мирни, повлечени, добри, се сакаат да е совршено, чисто, педантни, бавни. Скорпија- Е овде можам со денови да пишувам... СОВРШЕНИ! Прво - самобендисани, злобни, добри пријатели, партнери, секако додека не им згрешите нешто. Го добиваат тоа што го сакаат, не дозволуваат да бидат поразени, чувсвителни, но то го признаваат само пред себе и пред Господ, пред никој друг... Јас сум си Ссссскорпија и најмногу си се сакам. Стрелец Веднаш донесуваат заклучоци - само тоа. Јарец Не сум имала контакт со јарец. Водолија Не знам...немам блиски водолии! Риби Секогаш смирени, горди, хуманитарни...
овен - толерантни,секогаш се тука ако ви треба помош бик - знаат да те ислушаат,трвдоглави се некогаш мнг и супер се за совети близнаци - превртливи како што дува ветрот така и тие мнг се несериозни и брзо се лутат ако му дадеш некоја критика макар и на смеа да било рак - или се премногу зборлести или се премногу мутави лав - се по нивно да е ... девица - болно педантни,доста комуникативни скорпија - добри се,понекогаш замо зборуваат зборуваат и што треба и што не треба ,и стануваат досадни.. вага - шармантни заводливи бескрајно комуникативни и дружољубиви стрелец - премногу фантазираат сакаат да патуваат некогаш ептен имплисивни јарец - досадни водолија - добри се многу,знаат да те ислушаат риби - досадни !
еве за вагите пошто јас сум вага Крајно неодлучни,пред да направат било што секогаш бројат до 10,шармантни се знаат да заведат да флертуваат,не им е проблем и цел ден да се гледаат пред огледало,нарциси,остри на збор ама мнг меки на душа, насамо можат да се изнаплачат а во јавност насмеани солза нема да пуштат,кај нив владее принципот памти па врати, можат одма да се заљубат ама по некое време оладуваат,сонуваат да сакаат и да бидат сакани,крајно мрзливи да го цапаат нема да го кренат,забавни знаат често да прават перверзни муабети,и сакаат мнг да навлегуваат во некои работи,дипломати ако не сакат да ти одговорат ке ти дадат некој одговор ископициран па ела свати што сакаат да кажат
Ke ви простам за навредите кон нас Лавовите малку задутре Што криво ви е дека сме најдобри, па сме 100% точно е сега тебе ќе те фрлам од зграда
Бидејќи не ги познавам добро сите знаци, ќе кажам збор два за тие што ги познавам добро Овен-добри, наивни, пред крај се откажуваат, први во се, избувливи, брзо простуваат и не знаат да држат љутина, љубоморни Близнаци-довлични, ќе направат се за да те придобијат Рак-добри, повеќе ги гледаат интересите на другите отколку своите, и повеќе би направиле за другите да бидат среќни отколку тие самите Девица-опасни посматрачи нема нешто што ќе им избега од видот, никогаш доволно отворени и искрени, болно педантни, влечки Шкорпија-опасни, злопамтила, кога искрено ќе се заљубат се многу добри и ги кршат сите правила во име на љубовта, не ги сакате како непријатели, доста забавни на ироничен начин Риби-чувствителни, депресивни, добро анализираат и секоја проценка им е точна
Ама немој да се караме! Од каде риби досадни? Имам другар кој е риба, и никој не може да ме насмее подобро од него! Иначе, во моментов сум заинтригирана за шкорпија, па ке си пишам мислење. За мене шкорпиите се ПРЕМНОГУ мистериозни. Да може, нема ни да ти каже како се вика! Негативно ми е тоа што сакаат да владеат, сите други да им се покорени и да нема никој во собата кој е подобар од нив. Љубов? Не знам. Не делуваат заљубено, никогаш. Само се ладни и искулирани, они се главни.
Бреееј, што лоши работи изначитав за девиците, срамота. Јас ќе си кажам за мене. Т.е. за девица. Од една страна, несмасна сум, оптимист, брзоплета, збркана, на моменти мрза. А од друга страна сум ептен перфекционист, педантна, прецизна, песимист, ми нема рамен, сакам се под конец да ми биде. Влакно да не фали. И имам резервен план. Не сакам да сум центар пажња. Ама кога се работи во групи, некој проект.. Е тука јас сакам да бидам главна. Затоа што имам осеќај дека јас сум во право, дека јас најубаво знам. И многу се нервирам кога некој ми се меша. Сакам мојот збор да биде последен. Инает огромен. Не попуштам и точка. Пример станувам од спиење, сестра ми ми вика да го местам креветот. Јас наоѓам 10001 причина, зашто да не го наместам. Ќе се раскараме парам-парче. Она мисли дека јас сум мрза, а уствари едвај чекам да излезе и да го наместам. Едноставно не сакам да искочи дека јас не сум во право! Кријам емоции. Не сакам да плачам пред други. И не откривам чувства. Не сум баш секогаш отворена. Ако треба ќе експлодирам во себе, ама не кажувам на никој. За сите знам, а никој не знае за мене. Сакам да откривам некои работи. Нешто ко креативна, ама онака. Не знам да кажам на некого не, и да одбијам. И не сум одлучна. Што најмногу ме нервира. За совети баш и не ме бива, ама сум секогаш тука да ислушам. Не поднесувам лажење, не сакам неправди. Не сакам неисполнети ветувања. Упорна сум. Аналитичар. Ги приметувам најситните работи. Ама тие главните не. Тоа е у „кратки црти“ за девица, од моја страна.. А за другите знаци баш и не знам. Сестра ми е вага. Ќе кажам за неа.. Не исполнува секогаш ветувања. Прво ќе се испокара, а после ќе ти се умилкува. Знае да биде многу креативна, ама ја мрзи. Инает огромен. Брзо менува расположение. Таман мислиш си ја сфатил, расположена е. И оп цуп! Ќе се смурти. Не сака неправди. Мајка ми и татко ми се овен. Она знае што сака. Перфекционист до немај каде. Сака се да и е наццкано. Додека он е трололо и нема влакна на јазикот.
Во последно време сум приметила дека Шкорпиите обожаваат да драматизираат и да си прават некои работи колку нешто да им се случува. Крајно опасни. Луѓе со огромна смисла за хумор и преголема мистерија во нив. Многу пати сум го менувала мислењето за шкорпиите,а можеби и пак ќе го сменам. Затоа што знаат да изненадуваат и наеднаш друго лице да покажат. Барем,тие во моето опкружување ~
Каков опис. Најточно до сега, особено ова болдираното. Такви сме си ние. Отприлика се’ што пишавте за јарец е точно, ама ова погоре е ептен точно. Исто како мене да ме опишува, типичен јарец сум.
Ќе кажам само за бик пошто за другите немам искуство. Бик - Агресивни,тврдоглави,страмежливи но што е најважно се итри.Можат да се најдат во секаква ситуација и лесно да се справат.Тие се големи шегобијци.Можат лесно да ве насмеат и да ви го расположат денот. Погодив?А,а,а?