Ова се некои карактеристики според некои мои искуства Овен-Агресивни,сакаат да се во контрола со се и не постојани и интелегентни. Бик-Премногу тврдоглави буквално со глава во sид,мислат дека се најдобри и се нај,добри пријатели Близнаци-Дволични,дволични,дволични и хумористични Рак-За мој вкус премногу лигав знак,искуството со овој знак ми покажало дека доколку љубовта не им е возвратена стануваат психопати хаха,но добри се Лав-Приземни луѓе,желни за успех и секогаш во потрага по нешто подобро.Но секогаш да се во центар на внимание. Девица-Нема да знаеш дека те лаже додека не ти каже,логичари,интелегентни и себични. Вага-Обични луѓе немам некоја посебна карактеристика за нив иако знам доста луѓе во овој знак. Шкорпија-Според мене воопшто не се лоши дури и напротив.Имаат доста голема смисла за хумор скоро сите што ги познавам и доста љубоморни Стрелец-Позитивни,место не ги држи,комуникативни,искрени но можат да бидат многу лоши ако ги налутите. Јарец-По ладни луѓе,таинствени си држат до себе.Многу ретко да покажат емоции. Водолија-Немам некое искуство со овој знак. Риби-Малку фејк,глумат нешто што не се,некои и дволични.Но исто така знаат да се многу добри и интересни.
близнаци злобни? Па и во право сте хаххаха во мн случаи знам да бидам злобно буцкало ама кој како заслужил хахах
за некои само имам некакво мислење: *Стрелец- и машките и женските се тежок инает.Ако се запнат за нешто запнато е. *За близнаците важи дека се дволични ама не мислам така.Тие се всушност искрени директни и многу нежни. *Лав-дрски, се борат за се, интриганти.Живи шиткачи се, сум имала 2 најдобри другарки лавови.Денес со мене утре со друг.Ако најдат поинтересен некој ќе те откачат дур да трепнеш.Кога си со нив мора да си само со нив другар.Други не постојат, пијавици живи. *Бик- паметни се биковите, полни самодоверба *Рак- гледам до своја перспектива.Раковите сите ги сметаат за смотани,глупави и наивни.И реално сите така личиме.Јас имам толку наивна фацка секој мисли дека може да ме врти како сака.Гледам се но молчам и собирам.Ако на рак некој му згреши може животот да му го уништи. *Вага- дефинитивно најнеодлучни, превртливи сега едно за 5мин, друго.Дволични но и наивни, проѕирни се. *Јарец- инает, и бодат со роговите ако не е по нивно *Шкорпија- не сакаат да слушнат дека не се во право.Дури и кога грешат се во право.Или по нивно или никако они мора да го имаат последниот збор. *Девица- мили и фини се, некои од нив имаат пречиста душа, додека во други е влезен ѓаволот и главна цел во животот им е да уништуваат туѓи животи.
СТРЕЛЕЦ- авантуристи невидени.Пробисветови.Само да се оди некаде.Наивни, лесно можеш да ги прелажеш.За бизнис не ги бидува, лековерни се.Сакаат убави жени и доста се трпеливи во однос на освојување на онаа која ќе ја ,,пикираат,, БЛИЗНАЦИ-Скоро сите близнаци се успешни луѓе, зашто се многу тактични.Кај нив нема беа врска зборови, знаат се убаво да измозгаат и срочат.Наклонети кон фамилијата се и за нив сопругата/сопругот е на пиедестал пред било кој друг. ЛАВ- Кај овој знак многу е чудно што мисли дека луѓето му ја гледаат надворешноста и дека треба да се плашат од неа.Внатре знаат да бидат и шупливи.Овој знак е карактеристичен по тоа што е алчен и БЕЗправно сака да приграби богатсво/имот кои не му припаѓаат.Често има проблеми со Законот поради вакви работи.Неверен е и промискуитетен знак. БИК- Ако се спомне инает, тогаш се мисли на бикот.Принципиелни до тој степен што ,,глава кршат, принцип не,,.Многу вредни како домаќини/домаќинки.Најчесто љубовната кариера им започнува и завршува со иста личност.Не сакаат менување партнери.Во бизнис/работа не се трудат премногу а сакаат повеќе од тоа што заслужуваат. РАК- Љубовен лажго.Сака сите да се негови.Спремен е да лаже и да те гледа во очи.За него најголем успех е купот пари под перница.Скржав до степен да јаде леб и сол за да не ја раситни 1000-ката.Како колега/колешка е коректен, ама како конкурент е непобедлив.Припадниците се јако интелегентни луѓе кои се бават со јавни/полујавни професии.Полиглоти. ВАГА-за него најбитна е изреката ,,покриен газ муви не го лазат,,.Не е лажго, ама премолчува вистина.Фамилијата му е најбитна и за сопужникот и децата знае град да изгради.Многу верни се како партнери.Сожалливи и соучествуваат со луѓето, ама она-искрено. ЈАРЕЦ- мисли дека цел свет се врти околу него.Ако не се врти, тогаш се труди да го сврти цел свет на малиот прст.Делуваат искрено и простодушно, а воопшто не се такви.Во друштво се сакани, бидејќи јарците најмногу од сите знаци поседуваат некој квалитет со кој можат да се истакнат во друштво (убаво пее, знае гитара/клавир да свири...).Но поентата е дека позади квалитетот се кријат бубачки кои само јарец може во глава да ги има.Каприци. ШКОРПИЈА- Ако таа мисли дека нешто е добро, тогаш мора да е навистина добро зашто шкорпијата на секое нешто знае 101 маана да му најде.Мрачни сили, интуиција и деструктивност владеат со шкорпиите.Како што е и претставникот - ако осети дека е изневерен, нема ни да праша , веќе ќе те боцне со отров.Позитивна страна е верноста во секој поглед - и како другар и партнер, спремен е живот да даде. ДЕВИЦА-занесени во свој свет и мислат дека само тие знаат се и најубаво можат се...Успешни се во бизнис со мода и трговија.Имаат голем ,,њух,, за тоа.Знаат да ги размножуваат парите.Многу им значи надворешниот изглед и скоро сите девици (убави и неубави) обрнуваат внимание на гардероба и изглед.Важат за лесно запалливи на зборови, па можеш (ако сакаш) лесно да ги насочиш во погрешен правец. ОВЕН- Своеглав.Ни своето не си го цени, а другите очекуваат нивното да го цени.За нив најубав живот е живот во кафанче на маса...боеми или пијаници, како и да ги наречеш нема да згрешиш.Образованието им е слаба страна, ама пак нив најчесто им се случува онаа ,,роди ме мајко со к'смет и фрли ме на улица,, па најчесто завршуваат со убава работичка и убава платичка.Брзо им здосадуват и луѓе и места, па често менуваат локации и пријателства. ВОДОЛИЈА- Не ги нарекуваат џабе ,,луда водолија,,.Знаат со години да градат нешто и да го згазнат плодот за една минута.Од страна гледано изгледаат дека се друштвени, но лошиот карактер ги брка пријателите од нив.За водолијата најубава професија е водич на туристички патувања, единствено што можат безпрекорно да го работат.Не се многу по фамилијата, си ја сакаат, ама некако поарно е да се патува
@referentka , оти вака погрешно си ги доживеала јарците Некако сѐ обратно важи за мене. Во друштво никогаш не ме сакале нешто посебно Мразам да привлекувам внимание со било што. Може дека немам талент за пеење-играње и слични друштвени активности па затоа си ќутам и седам мадро За да не го разбркам друштвото де
Најверојатно, иако појма немам што значи ова Не се разбирам од ова воопшто За бубачките само погоди. Имаме бубачки, ама внатре во главата. Премногу
Мене ова ми е толку смешно , што не можам да поверувам дека на некој му текнало вакви глупости да напише[/QUOTE]
Ја као скорпија се најдов увреџена и повредена од мнозинството коментари на темава Од друга страна...и ја ги нејќам другите скорпии околу мене
Сега ќе читам за Нептун Абе кај ти текна со зодијаков свака ти част. За мУж ми све му е погодено Сопругата на Пиедестал.
Ја во овие работи ич не верувам. Како тоа може да се дадат карактеристики за еден знак и да се очекува сите да бидат исти? Невозможно е. Можда по нешто е точно, океј, ама... Секој човек може да се пронајде во нешто ))))))