1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Значењето на Крстот

Дискусија во 'Религија' започната од La.Reina.Del.Sur, 26 август 2011.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Стар египетски хиероглиф со значење спасител. На еврејски значи Јешуа, на латински Јесус, а на грчки Исус...



    ова е еден цитат, и ме интересира дали и некој друг го знае ова или знае нешто поинакво...
    ако има ваква тема клуч
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.jpg
      Untitled.jpg
      Големина на фајлот:
      7,8 KB
      Прегледи:
      1.024
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Имам гледано од zeitgeist и во книги за значењето на крстот и на другите христијански симболи еве едно делче такво подолу што мислам дека е медиумска глупост направена од некои антихристијански движења. Факт е дека крстот како симбол во христијанството многу подоцна почнал да се користи, долго време имало други симболи.
    http://www.youtube.com/watch?v=sqjdBWUm-GE
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Темата е само значењето туку може да опфатам и негова употреба? :$

    Крстот има повеќе значења, и различно е прифатен во повеќе религии, така да не е можно се да се опфати. Додека паганите си го користат како декорација или пак во одредени ритуални дејности, за христијаните е основно религиозно бележје. Превртениот крст во денешно време го означува исмејувањето на Исус и не знам како и овој симбол стана сатанистички. Порано го означувал мачеништвото на Апостол Петар, поточно неговото смирение во таа состојба. Нели инсистирал да биде распнат главечки затоа што не бил достоен да биде распнат исто како и Исус. Малтешкиот (едно малечко како она на крстоносците) го означува божеството, односно божицата Малта. Истиот во период на прва светска војна се здобил со титула на нацистичките гледишта во Португалија, Франција...

    Сретнат во стар Египет:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    За мене крстот е потсетник на Христовата жртва на Христовата смрт на Голгота, каде Тој пострада за моите гревови. Крстот е доказ на Божјата љубов кон човекот.
     
    На iloveyou29, Miss.Ricci, Page и 4 други им се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Веројатано тука спаѓа и крстењето ...
    Би дала краток коментар ...

    Вчера размислував не знам што ме перна за крстењето како чин ...
    И заклучив дека овој чин никој ни го доживува ни го практикува како што е ред :!: . Зошто ? Затоа што добри 98 % од народов (со чест на исклучоците ) освен при молење кое во последно време се прави само кога ќе испадне проблем и бараат помош од Семоќниот , или треба да положат или слична глупост или сериозен проблем , го користиме за ГЛУПОСТИ !
    Кога се чудиме се крстиме ? ! Зошто бе ? :^) Крстењето е знак т.е чин на изненаденост ? :^) донт андерстенд . :shake: .Паралела направив со муслиманската религија , тие се клањаат нели ? Дали може да замислите нешто кажувате на муслиман/ка и одеднаш таа почнува да се клања . И ти што правиш ? :o еве се чудам :tmi: :lol: многу смешно ми падна . Нема логика ама ИЧ :!: :?: .
    Да не заборавиме во 10 Божји Заповеди е напишано
    НЕ ГО ИЗГОВАРАЈ НАПРАЗНО ИМЕТО ГОСПОДОВО а ние ?!? Па и тоа го правиме и повеќе , стандарт се чудиш и она леле Бог да чува , Господе Боже, Боже сачувај ... онака од не знам зошто .
    Не дека јас сум некој голем верник и повторувам и јас го правам ова и тука не дека поентава ми е да преповедам само кажувам дека не ми се допаѓа ако размислиш нема никаква смисла . Нема додирна точка со вистинската намена .
    А и не е во ред според мене .
     
    На Miss.Ricci, Dinnna, stylishh и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ќе се надоврзам на постот на vendiii и ќе кажам само дека е потполно во право. Навистина ние луѓето толку понекогаш го злоупотребуваме тоа, а вистински не го знаеме вистинското значење на крстот. Колкава е неговата моќ и големина?
    Ќе наведам само некои примери, па секој православен христијанин/ка ќе се одлучи како вистински е потребно и достојно да го употребуваме крстот.

    Од православна гледна точка, крстот го зазема централното место во православието.
    Ние православните крстот го почитуваме, затоа што Господ својата земна природа, своето тело го распна на крстот за да му даде пример на другите. Дека Тој е љубов, дека се тоа го направи од љубов спрема човекот. Не научи да сакаме и простуваме и тоа во најтешките мигови од нашиот живот, да простиме и исто време да ги љубиме од срце оние кои ни задаваат потешкотии, не мачат и повредуваат. Тоа ни го пакажа токму Тој кога го распнаа, а на се тоа само се помоли нивното зло да не му се земе за грев.

    Токму за тоа, крстот е од огромно значење за православните и најсилното оружје против мрачните сили.

    Правилниот крст кој треба да го изобразиме на нас е составувањето на трите прсти кое е од големо значење (палецот, показалецот, средниот прст) кои всушност го означуваат Светото Тројство, додека двата свиткани прсти ја означуваат Божествената и човечката природа на Господ.(да не објаснувам за правилното крстење, верувам дека знаете :) )

    Пример за значењето и правилното крстење.
    Во една црква додека служел еден отец забележал еден човек како секогаш кога се крсти на челото толку силно се притискал што си оставал црвенило. Многупати го забележал и еден ден собрал храброст и го прашал, зошто така се крсти кога може и полека да не си задава таква болка.
    Одговорот на човекот бил потресен.
    Му раскажал како еден ден околу себе видел толку сташно суштество, црно што наликувало на животно, а зборувало со човечки разбирлив јазик, глас. Човекот, бидејќи верувал во Господ, веднаш се досетил дека точно пред себе го гледа ѓаволот. Во моментот на страв се сетил на зборвите дека крстот за православниот христијанин е најголемото оружје против мрачните сили. Така започнал да се крсти, но неправилно и не како што треба. Само замавнувал со рацете. Тогаш ѓаволот му одговорил:
    - Мислиш дека ти се плашам од тој твој крст, тоа не е крст, тоа не е ништо! Дали знаеш дека во моментов можам да те растргнам на парчиња?!
    Ама човекот започнал да се моли на Господ и тогаш неговата молитва му помогнала, а ѓаволот станал невидлив.
    Така човекот од тие моменти, буквално се научил правилно да се крсти, што и така очигледно пред другите луѓе си оставал видни траги на челото.

    Колку е силен крстот и молитвата го покажува и следниот пример.
    Руски научници кои не верувале во крстот и молитвата започнале лабораториски испитувања на храната, пред да се каже молитва и да се прекрсти човекот и откако се каже молитва и се прекрсти.
    Кога ги испитале истите продукти пред молитвата и потоа и кога ги направиле потребните испитувања, буквално биле вчудоневидени.
    Истата храна која останала настрана и не и била кажана молитва имала милиони и милиони бактерии, додека онаа храна која е благословена со молитва и крст ги имала истите, за неверојатни 90% помалку, значи од целокупните бактерии останале само 10%. Покрај тоа истата храна (не благословената) имала зголемена густина, калоричност, правилна структура... додека благословената храна сите овие показатели ги имала ама во многу минимални вредности.
    Можеби чудно и неверојатно, но ако не му верувате на чудата на Господ, верувајте му на лаборантите кои извршувале анализи, верувајте на науката.
     
    На korisnichka, rose60, Miss.Ricci и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Само кратко ќе кажам: Еднаш е сосема доволно да се прекрстите, ама правилно!

    Исто многу ми е жал што кога луѓето поминуваат покрај црква не се прекрстуваат. Се срамат ли? Од каде тоа чувство, непријатност?
     
    На Miss.Ricci, Dinnna, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Значи крстот значи спасител :wasntme: незнев до сега... мислев дека е во нашата религија поради тоа што Исус бил распнат на крст :wasntme: Е сега знам :wasntme:
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Сатанистички симбол не е превртен крст туку превртено распетие има огромна разлика, другото толкување на превртениот крст е точно.

    Инаку крстот долго време не бил употребуван како симбол во христијанството од причина што убијците, крадците и бунтовниците биле распнувани на крст. Меѓу првите позначајни христијански симболи поврзани со Исус Христос е рибата која во своето име ја содржела пораката ,,Исус Христос син Божји,, позната само на христијаните. Дури 100-на год. откако Константин го укинал распнувањето на крст официјално и луѓето веќе не се сеќавале на негативните конотации во врска со крстот, почнува да се користи некаде во 5-от век како христијански симбол.

    Инаку како и многу симболи и крстот се среќава кај многу од дамнешните цивилизации и е исто и египетски, сумериски, месопотамиски, вавилонски, сириски, персиски симбол... Во Египет крст со тркало на врвот бил симбол на божественост.
     
    На rose60 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Е да за оваа имаш тотално право... Добри 95% не ни знаат како точно треба да се прекрстат.
    Еве една случка
    Бевме во Рајчица манастирот пред 3/4 години на екскурзија, и таму имаше една калуѓерка која ни објаснуваше некои работи во врска со местото, манастирот, животот итн... И праша „знае ли некој како правилно се крсти?“. Беш бев пред неа застаната и реков јас (во тој момент си викам зошто да не речам, ако ме искритикува за мое добро, ако ме пофали уште подобро), и ми вика ај покажими. И кажувам начинот на држењето на прстите, раката. Дека трите прсти (палецот показалецот и средниот) го означуваат Светото Тројство, а дека 2-та свиткани го означуваат слегувањето на Синот и Светиот Дух на земјата, надворешната страна на дланката е земјата. И правилото и покажувам. И калуѓерката само се поднасмеа и ми вика „браво, од кај го знаеш ова“ и јас и викам: „еден поп ми го кажа ова“, и после тоа ми вика „и јас истото сакав да го кажам“.
    И знам дека тогаш проф по математика многу ме пофали, сум го обелила образот.
    И после тоа, „леле Реина од каде ти олку по религијава“, нз што нз како, мн си била учена |( ... И ден денес таквите кога ќе ги видам како се крстат ко черевава да си ги гледам, поубаво ич нека не се крстат.

    И да :!:, несакам да се правам паметна! Само кажувам свое мислење ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Мојот став во врска со крстот(во контекст на христијански симбол) е истоветен со оној во Христовата објава, книгата „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ (81.поглавие), цитирам:

    „Крстот со телото Исусово беше подигнат, меѓутоа телото беше земено од крстот, а Воскреснатиот се покажа и се објави. Тоа значи дека Јас, Христос, Сум воскреснатиот живот во сите души и луѓе.
    Вистинскиот христијанин гледа на крстот што е без распнатиот како знак на Избавението и како воскреснување во Бога. Крстот без тело го симболизира и патот од Земјата во Небесата, до срцето Божјо. На крстот со распнатиот гледа само оној човек кој уште не го распнал своето јас и кој сака да го задржи своето човечко.

    Крстот со тело го создадоа демоните. Со тоа тие сакаат да симболизираат Мој пораз. Но, крстот и Распнатиот станаа и е нивен крст и нивен пораз.

    Вистинскиот христијанин си спомнува на Моето воскресение, бидејќи тој е воскреснат во Мене и преку Мене. Над мојата смрт како Исус, тагува само оној кој уштене воскреснал свесно во Мене, кој живее уште во гревот, значи, тој повикува секогаш повторно `Распнете го! Распнете го!` Затоа, крстот со тело го држат високо само оние луѓе кои уште ги држат високо своите гревови, кои го ценат своето ниско јас.„
     
  12. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Секогаш, кога го гледам тој преубав сомбол на нашата вера – Крстот, секогаш кога се крстам низ молитва, си велам себеси: „Јас, длабоко, поединечно и бескрајно сум возљубен од Бога. Он не испрати ангел од небото за да ме искупи. Он Самиот дојде и беше распнат на крст, пролевајќи ја Својата крв за мене.“ „Он ме возљуби и се даде Себеси за мене,“ пишува светиот апостол Павле.

    На Крстот на Кој е распнат Нашиот Спасите Господ Исус Христос е извршено помирувањето на човекот и Бог и повторно ни е дадена можноста за живот вечен и единство со Него во царството Божјо, што беше прекинато во рајот со гревот на нашите прародители, по кој влезе и смртта.

    Заради Богочовекот Христос Крстот ја има животворната сила на спасение.

    Затоа самиот Христотс вели, секој да го земе својот крст и да Ме следи, односно да го отпочне својот духовен подвиг кон спасение.

    Пат тесен, со страдања и маки, но пат спасителен, ако го распенеме на крстот и ние нашиот живот преку постојаното покајание, пост, молитва, тогаш се сораспнуваме со Христос.

    Ако со Него се распнеме со Него ќе воскреснеме, христијанскиот подвиг е пат од крст кон воскресение, умирање за гревот и воскресение за живот вечен.

    Пред Христос, крстот беше предмет на проколнување бидејќи Римјаните на него ја извршувале најстаршната смртна казна за некој претапник, но Христос во Кого немаше грев доброволно според Домостројот на спасението прифати да биде распнат на крст, за да ги искупи човекот и светот од гревот, смртта и ѓаволот и да ги победи со Своето Воскресение.

    Крстот Христов е почеток и крај на нашето спасение ( Јован 3, 16 - 17; 36 ).
     
  13. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Исус не бил распнат на крст туку на столб, никаде во библијата не пишува дека бил распнат на крст туку на столб.Крстот си има друго значење.Да не објаснувам сега :)
     
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Исус бил распнат на крс. Столбот е нешто сосема друго кое било тогашна потпора за да биде крстот поставен исправено. Тој е еден од најстарите симболи според христијанството кој уште во древни времиња служел како средство за измачување и казнување. Вертикалната линија го означува божеството а хоризонталната човештвото. Иако тогаш го означувал симболот на смртта, во христијанството означува симбол на животот.
    Еве ќе препишам нешто од џебното календарче поврзано со крстењето и неговото значење:

    За правилно да го изобразуваме крсниот знак најпрво ги составуваме палецот, показалецот и средниот прст од десната рака, а преостанатите два прста ги свиткуваме надолу.
    Така составени, трите прста ги ставаме на челото, велејќи: во името на отецот, потоа под градите, изговарајќи ги зборовите: и синот, и на крајот прво на десното рамо, а потоа на левото, валејќи: и Светиот Дух. Амин.

    Трите соединети прста ја означуваат нашата вера во Пресветата Троица, во Отецот и Синот И Светиот Дух, а двата свиткани прста ја симболизираат нашата вера во двојната природа на Синот Божји, Господ Исус Христос, односно дека Он е и Бог и Човек.
    Крсниот знак го ставаме на челото за просветување на нашиот ум и осветување на нашите мисли, на градите - за да се освети срцето и да ни се облагородат чуствата, а на рамењата за да се зацврстат нашите телесни сили и да бидат благословени делата на нашите раце.

    Движењата што ги правиме со десната рака треба да се одмерени, односно да се прават смирено, а на набрзина.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Добро значи во библијата тоа што го пишува е грешка?
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Според Библијата, распнат е на крст, а поради различни преводи или толкувања на истата излегува дека бил распнат на столб.
     
  17. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    А што е претставува Крстот?
    Неприлики, тешкотии и ожалостеност од секој вид кои што се среќаваат однадвот и однатре,
    на патот на совесното исполнување на Господовите заповеди во живот во духот на Неговите наредби и барања.

    Таквиот крст сраснува со христијанинот: таму каде што е Христијанинот , таму е и тој крст, а каде што го нема тој крст - го нема ниту Христијанинот.

    Олеснувањата од секој вид и живот во утеха не му прилега на вистинскиот Христијанин Зашто, неговата задача е да се очисти и поправи.
    Тој е како болен на кој што треба да се врши час операција, час превивање.
    Зареме е тоа возможно без болка?

    Тој сака да се отргне од заробеноста од силниот непријател: зарем е тоа возможно без борби и рани?

    Тој е должен да оди наспроти сите поредоци кои што го опкружуваат:
    како тоа да се изврши без неприлики и тескоба?

    Радувај се што го чувствуваш крстот на себе, зашто поседуваш знак дека одиш по Господа,
    на патот на спасението, во рајот.
    Претрпи малку. Зашто , брзо ќе биде крајот , а после него - венци!

    Свети ТЕОФАН Затворник
     
    На korisnichka и stylishh им се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Покрај останатите значења за крстот, напишани во темата, еве уште едно: Крстот е чувар на вселената, крстот е украс на црквата, крстот е сила на владетелите, крстот е слава на ангелите и пропаст на демоните.
    Се има некакво свое значење, ништо не е туку така смислено.
     
    На korisnichka, Miss.Ricci, Katerinceee и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    и јас дури сега го дознавам ова...доста интересна тема. :wasntme:
     
  20. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Исус бил распнат исто како и останатите. На столб во облик на Т.
    Но, на столбот на Исус имало табла на која пишувало - „Еве ви го царот небесен“ или „Еве ви го царот, вашиот месија“ ( не сум баш сигурна)
    Затоа, неговиот столб продолжен нагоре, и бил поразличен од оние на другите.
    Инаку, ако не сте знаеле, крстот многу подоцна станува симбол на христијаните.
    Првично, знакот на христијаните бил нешто слично како ова
    [​IMG]
    неможам баш да ви го доловам ефектот, но тука некаде е.
    Би се запрашале зошто? - Епа, кратениците од Исус Христос Божјиот син нашиот спасител (Ichthus) на јазикот коине, кој се зборувал на балканот и појужно од него значело риба. И рибата имала некаква симболика, дека евреите во тоа време најчесто се хранеле со леб и риба, кругот за егзистенција... имаше уште некои причини, интересни, само не ми текнуваат..


    Чекај, ти сериозна си ? Верник голем си? Да знам дали да ти докажувам или не.. Пошо верниците по никоја цена несакаат да поверуваат во, за нив, „суровата“ вистина.
    Ти знаеш ли кој ја има напишано библијата? Кога била напишана библијата, како била напишана библијата, под кои околности.. и сл?
    Па сигурно од небо не паднала таа света библија за да биде се вистинско како што било некогаш..
    Рекла казала.. Тоа е библијата... Паметно напишана, со огромни филозофски превземања од никулците на античките филозофи.. Затоа филозофијата кога државите биле теократски била забранета. Библијата е напишана толку збунувачки, за верниниците веднаш да поверуваат а скептиците да стават прст на чело.
    Ако сакаш дискусија, бујрум..

    Да напоменам :!: не сум неверник, ниту припадник на некоја х религија. Православна христијанка сум.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.