Незнам зошто сликиве овака ми се менуваат... занемарете ја преплашената мачка, ова е знакот што сакав да ви го покажам... *инаку, крстот значи соединување, од сите 4 страни во душата се соединува нашиот бог - Отецот, Синот и Светиот дух. Пошто нели веруваме во еден Бог кој го има во 3 лица ..
Точно дека првобитниот симбол на христијанството било рибата, а крстот подоцна станува симбол, кој е општоприфатен.Инаку да, на таблата стои некаков натпис.Јазикот коине, кој се користел на балканот, некаде има податоци дека е всушност античкиот јазик на македонците, како и тоа дека на Каменот од розета, на која има три реда текст, од кои едниот е коине, мислам беше средниот или последниот текст, не ми текнува.Го кажувам ова само како податок, не во контекст на поврзаноста со македонците.Библијата е премногу метафорична и филозофска, но сепак останува на човек дали ќе верува во истата, напишана е од човек кој само го кажал во неа она на кое бил сведок, го пренел учењето на Исус.Интересно е што ден денес е тема на дебата и поттикнувач на истата.
После втората светска војна, во подрум или гробница во Египет наоѓаат ќуп. Селаните што го нашле биле исплашени да му се приближат па го гаѓале со камења.. Кога ќупот се скршил од него излегле пергаменти на кои било напишано на коине. Незнам колку знаете, но јазикот коине бил раширен дури до азија, до кадешто стигнал Александар Македонски со неговата војска, има негови разни варијации... Селаните неписмени, ги распродале на пазар пергаментите незнаејќи за што станува збор. Уште ги собираат, никако да ги дособерат сите пергаменти... Во тие пергаменти покрај евангелијата што сега се наоѓаат во библијата, се и оние што се отфрлени од библијата.. Едно од нив е и Евангелието според Марија Магдалена. Евангелијата не се напишани од човек кој бил сведок, туку од учениците од Исус. Не се многу слични, знаете? Да не трескам, не помнам баш како се викаше собирот, се собрале и напишале евангелија, на крај одбрале кои се најдостојни да стојат во библијата. Ете тоа е тоа. Да ги дознаам точните податоци, ќе ме читнете пак
Да, де, неговите ученици, затоа и го реков на тој начин, дека е напишано од човек, а мислев за учениците Инаку, имало покрај евангелијата на Марија Магдалена, имало и на Јуда евангелија и незнам уште на кои други. Кои биле отфрлени, а во библијата вметнати само четирите евангелија.Но тоа е друга тема Но пак ќе речам, крстот како симбол што е прифатен, секако дека си има значење, се што постои, не е случајно.
Силата на крстот Истражувањата спроведени во лабораторијата за медицинско-биолошки технологии „НИИ“, за индустриска и морска медицина во Москва, вистински станаа сензација. Научниците експериментално докажаа дека крстот ги привлекува микроорганизмите и ги менува оптичките особини на водата. -Потврдивме дека древниот обичај, храната и пиењето да се крстат пред конзумирање има длабока мистична смисла. Зад тоа се крие огромна корист. Храната се чисти во истиот момент. Тоа е едно големо чудо кое што се случува секој ден – изјави физичарот Ангелина Махаловска. На овие истражувања за моќта на крстот Малаховска работела речиси 10 години. Спроведени се голем број експерименти, кои што повеќе пати се проверени пред да бидат објавени нивните резултати. Тие се фундаментални и откриени како единствени биолошки својства кои водата ги поседува по осветување со молитва и крст. Откриена е нова особина на Божјите зборови, кои ја преобразуваат структурата на водата, значајно ја зголемуваат нејзината оптичка густина во кратка или ултравиолетова спектрална област. Малаховска и нејзините колеги го провериле и дејството на молитвата „Оче наш“ и крсниот знак врз патогените бактериии. Заради истражувањата се земени примероци вода од разни басени, бунари, реки, езера. Во сите примероци била евидентирана златната стафилокока, и уште една секогаш присутна бактерија. Но по ритуалот со молитвата и крстот, според научниците количината на штетните бактериии се намалувала за 7, 10, 100 па дури и за повеќе од 1.000 пати. Резултатите покажуваат дека молитвата и крстот имаат позитивно влијание врз човекот. Кај испитаниците дошло до стабилизирање на притисокот и подобрување на резултатите од анализите на крв. Зачудувачки е фактот што показателите се менувале во точно потребниот правец за исцелување . На лицата со хипертензија им се намалувал притисокот додека на оние со хипотензија им се зголемил. Меѓу другото овие научници дошле до заклучок и дека позитивниот резултат бил многу низок или воопшто немало доколку човекот се прекрсти, односно немарно ги постави трите прсти и не ги допре неопходните точки на своето тело: средината на челото, централниот дел над желудникот како и длабнатините на левото и десно рамо. За време на долгогодишното истражување вршени се мерења на оптичката густина на водата пред и по осветувањето со крстот. -Се покажа дека оптичката густина на водата во споредба со нејзината нормална вредност се зголемува по ритуалот. Водата како да ги разбира зборовите и го памети тоа влијание. Човечкото око не може да ги регистрира овие исцелителски промени, но спектографот дава објективна оценка за појавата, нагласува Малаховска. http://denesen.mk/web/2013/09/02/naucno-dokazana-silata-na-krstot/
Ако ми дозволиш, бидејќи пред 6 години ги истражував овие податоци (околу свитоците од Мртвото море), јас би ги напишал. Имам пишувано и поголем текст за ова најголемо археолошко откритие на минатиот век. Ако има интерес, ќе го побарам и ќе го срочам во посебна тема. Не знам дали првиот манускрипт што го нашле бил на коине, но знам дека околу 80% од текстот е на староеврејски (хебрејски) јазик, околу 17% на арамејски (еден вид верзија/дијалект на еврејскиот), а само 3% од текстовите се на коине грчки јазик. Овде веројатно си се помешала со едно друго помало откритие (Наг Хамади) каде што се најдени еден куп гностички текстови, меѓу кои и текстовите кои некои фалсификатори невешто се обиделе да им ги препишат на Тома, на Филип и сл. (но ткн. евангелие според „Марија Магдалена“ го нема ни таму). Велам дека станува збор за невешт (аматерски) фалсификат, затоа што многу лесно се покажува дека тие текстови се фалсификати, изработени со векови подоцна, немаат ни структура на евангелие (тоа се збирки од гностички мудрости), а авторите им ги препишале на некои од апостолите со цел да добијат на кредибилитет. Ама ги издава како што кажав времето на пишување, јазикот и дијалектот (кој што е динамична категорија и се менува од генерација во генерација), крајната неболозност на нивната содржина итн. Ако учениците не биле сведоци на Исус, тогаш кој бил? Па учениците (особено апостолите) во последните 3 години од животот на Исус, биле поблиски со Него , отколку Исусовото крвно семејство (Марија, Јосиф, браќата и сестрите Негови). Евангелијата по Матеј и Јован се напишани од апостолите Матеј и Јован. Еден ранохристијански писател, по име Папиј, не известува дека Марко всушност му бил преведувач на апостол Петар (кој што веројатно не знаел коине грчки, а можеби и не знаел да пишува, бидејќи бил рибар), така што тоа евангелие е од прва рака пишувано од апостол Петар. Евангелието по Лука пак е пишувано од Лука кој што бил доста близок со апостолите Петар и Павле, а веројатно и другите апостоли. Лука бил доста образован (лекар бил) и неговото евангелие е пишано во повисок историски стил (затоа што и самиот вели, во воведот, дека прво направил добро истражување околу настаните и тоа од оние, кои од почеток беа очевидци и служители на Словото (ев, Лука 1:2) т.е. од апостолите (повторно информации од прва рака) Овие евангелија не се идентични (што е доказ дека не препишувале едни од други и не ги наштимувале), но се доста слични. Има варијации меѓу нив, но не и противречности. Секој си ги раскажува настаните гледано од своја перспектива, со јазик прилагоден за оние за кои што пишува. Така на пример апостол Матеј им го пишува евангелието на евреите и затоа тоа евангелие изобилува со старозаветни пророштва, кои им имаат смисла на нив, за да им докаже дека Тој е пророкуваниот Месија. Лука пак го посветува своето евангелие на некој си Теофил (грк) и затоа тој не се поврзува многу со старозаветните пророштва. Итн. Оваа анимирана теорија на заговор произлегува од романчето на Ден Браун (Кодот на Да Винчи) која патем е обичен роман, не претставува научно историско истражување, не нуди никакви докази за тие паушални тврдења. Таму се тврди дека Константин и неговата дружина на првиот вселенски собор со гласање ги избрале овие 4 евангелија. Но историските факти зборуваат дека на првиот вселенски собор воопшто не станало ни збор за канонот на Светото Писмо. Да, познати се сите 20 одлуки од тој собор и ниту една не се однесува на тоа кое евангелие да влезе у канонот на Библијата, а кое не. Соборот бил свикан заради контраверзата на Ариј кој тврдел дека Исус не е совечен (исто така вечен) со Таткото. Има историски докази дека четирите евангелија си биле усвоени од христијанските цркви уште во 2от век (т.е. 2 века пред да се одржи првиот вселенски собор).
Цитирам: На Крстот на Кој е распнат Нашиот Спасител Исус Христос е извршено помирувањето на човекот и Бог и повторно ни е дадена можноста за живот вечен и единство со Него во царството Божјо, што беше прекинато во рајот со гревот на нашите прародители, по кој влезе и смртта. Токму на Крстот, Спасителот го распна стариот човек, стариот Адам, ги зеде на Себе гревовите на светот и човекот, ги рашири Своите раце за до го приведе кон спасение сиот свет и сите народи. Заради Богочовекот Христос Крстот ја има животворната сила на спасение, затоа самиот Христотс вели, секој да го земе својот крст и да Ме следи, односно да го отпочне својот духовен подвиг кон спасение, пат тесен, со страдања и маки, но пат спасителен, ако го распенеме на крстот и ние нашиот живот преку постојаното покајание, пост, молитва, тогаш се сораспнуваме со Христос, но ако со Него се распнеме со Него ќе воскреснеме, христијанскиот подвиг е пат од крст кон воскресение, умирање за гревот и воскресение за живот вечен. Пред Христос, крстот беше предмет на проколнување бидејќи Римјаните на него ја извршувале најстаршната смртна казна за некој претапник, но Христос во Кого немаше грев доброволно според Домостројот на спасението прифати да биде распнат на крст, за да ги искупи човекот и светот од гревот, смртта и ѓаволот и да ги победи со Своето Воскресение.
Сепак идолопоклонската грешна природа кај човекот се гледа и во тоа што и од вакви значајни работи како крстот можат да направат идолопоклонски предмети и фетиши и да осветуваат крстови, да веруваат дека ѓаволот и демоните бегаат од крст или пак да веруваат дека ако некој брцне крст во вода и каже два три збора дека водата ќе се дезинфицира и ќе добие некакви „духовни својства“ (крстена вода).
Да не се плашеше,немаше за време на егзорцизмот(бркање на демонот од човекот) свештеникот да држи крст во едната рака и со него да го допира опседнатиот.Такви работи забранети се да се кажуваат во секташки организации,затоа што вели ,,Вистината ќе ве ослободи''.. ,,Кој има очи нека гледа''...
Многу гледаш хорор филмови. Наместо тоа, читај малку Библија и види дали ѓаволот се плашеше од Голготскиот крст каде што до последен миг го искушуваше Исус да се симне од крстот и да не ја плати казната за гревот. Ако некој крст имаше натприродна сила за такво нешто, тоа сигурно би бил Голготскиот крст кој што беше пролеан со скапоцената Христова крв.
Само што Исус не беше мртов тогаш уште и крстот до тогаш не беше прославен како симбол на Господ,на животот,на победата на доброто над злото.До тогаш крстот беше само предмет,без никакво значење.После смртта,работите се сменија.Крстот стана симбол,знак за смрт на злото.. Имаш таму погоре видео и можност да видиш дали се плаши или не,и како реагираат опседнати на крст.
Глеј го Дракула, таму покрај крстот и лук употребуваат. А овие од Ghost bastards имаа и една интересна машина за бркање духови Еве што велат апостолите за тоа како да се заштитиме од ѓаволот и неговите напади: „И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4:7-8, Библијата) Значи апостол Јаков не советува да му бидеме покорни на Бог и блиску до Него, а да се спротиставуваме на измамите на ѓаволот и ѓаволот ќе побегне од нас. „Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време“ (Ефешаните 6:11-18, Библијата) Овде апостол Павле не вели да го земеме крстот, туку штитот на верата и со него ќе можеме да ги угаснеме сите огнени стрели на нечестивиот (ѓаволот).
Прво егзорцизмот се врши на оние кои се оддалечиле од Бог а не оние кои се приближиле кон Него.Затоа што оние кои се оддалечиле се опседнати а не оние кои се приближиле.И поради тоа цитатот на Јаков во овој случај не ти е апсолутно компетентен за оваа проблематика. Второ,пак да се повторам.Егзорцизмот се врши на оние кои одамна го фрлиле оклопот на правдата,го ревноста за Евангелието,штитот на верата,шлемот на спасението и мечот на Духот.Нема видео каде што ќе најдеш со крст да се брка демон од некој Епископ или Патријарх,туку од обични смртници.И да не одам веќе офтопик,ти објаснив доволно,има доволно видеа за она што го зборам..
Христијанин/ка кој е нановороден, кој го има Светиот Дух, кој е запечатен од Светиот Дух, кој му припаѓа на Христос и Христос не би оставил тој/таа да биде оспеднат од демон. Господ Исус Христос кажува јасно: „Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. Мојот Татко, Кој Ми ги даде е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко.“ (Јован 10:28, 29, Библијата) И Исус и Таткото нè држат здраво во Својата рака. Кој може да нè грабне од раката на Таткото и на Синот? „Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјаните 8:38-39, Библијата) Да може ѓаволот да те искушува, да те напаѓа со лаги, со измамливоста на гревот, со пари, слава, моќ, жени/мажи и сл. но не може да се всели во тебе и да го контролира твоето тело т.е. да те опседне ако си вистински нановороден Христијанин кој го поседува Светиот Дух. А што се однесува до неверниците кои се опседнати, јасен е примерот на Исус и апостолите: демоните се бркаат со молитва и во името на Исус т.е. под авторитетот на Исус Хритсос. Пожелно е молитвата и да се засили со пост.
Тоа е и суштината.Никој,самите они се тргаат од таа рака и се случуваат тие работи. Цитатите не ти се компетенти затоа што Бог не сака ама не не тера со сила ние Него да го сакаме.Ни дал слобода па дури и со демони да се дружиме.Затоа ти реков дека нема видео каде Епископ или Патријарх е опседнат од демони. Ние сами бираме кого пуштаме.Пак да повторам или.. се разбравме ? Земи малце да читаш житија и за ранохристијанската Црква. Крстот е апсолутно оправдам.За тој што ја познава Библијата секако.
Ниту еден што макар и просечно ја познава Библијата не се клања на крст, не верува дека крстот има натприродна моќ да брка деноми или да стерилизира вода и сл. Такви работи нема да најдеш во ниту еден превод на Библијата на било кој јазик. Ако не ми веруваш во секое време можам да ти донесам загадена вода, а ти донеси си колку сакаш епископи, патријарси и монаси да ја покрстуваат водата со осветен крст со колку сакаш каратно злато.. и после испиј ја водата па да видиме што ќе те снајде
Да,и тоа што викаш.. 300 милиони Православни и 2 милијарди Католици кои се поклонуваат на крстот не ја познаваат Библијата.Скоро два ипол милијарди онака се поклонуваат на крстот.Не затоа што се писмени да читаат. Логично.. Тоа со дезинфекцијата,таква сатанистичка финта може во твојот клан да им правиш,јас доволно ја познавам Библијата за да можеш мене тие финти да ми ги правиш Затоа што Крстената вода не е колонска вода,доместос или друго средство за чистење површини.Таа се користи за осветивање а осветувањето никако не е исто што и дезинфицирање или дезинсекција Да познавав некој жив светец,он веројатно би можел и тоа да го направи.Православните Свети воксреснувале мртви,не па за една вода.Само јас замолив многу секташи во мојот живот да пуштат брада и да се горат под брада за да докажат дека Благодатниот оган е лага па ниеден никогаш не се нафати и ако тврдат дека е обичен а не Божји оган.Немој тир финти мене
Али ајде, батали споредби на неспоредливи работи, ако си писмен и си ја читал Библијата, еве покажи каде во Библијата некој му се поклонувал на крстот, или покрстувал вода со крстот или бркал демони со крст итн. Ајде за промена почни аргументирано да пишуваш. Да ја познавашете ти Библијата немаше воопшто да веруваш во крстена или осветена вода, бидејќи такво нешто нема во Библијата. Ама еве овие православни руски комедија од „научници“ правеле експерименти и докажале дека кога обичен мирјанин ќе и направи крсен знак на водата нејзината оптичка густина се менува за 1.5 пат, а кога свештеник ќе го направи тоа - 2.5 пати пошто водата го препознава свештеникот Крсни знак мења оптичку густину воде практично тренутно. Оптичка густина воде, која је освећена осењивањем крсним знаком од стране обичног верника се повећава скоро 1.5 пут! А када то исто уради свештеник – скоро 2.5 пута! То јест закључује се да вода “разликује” степен освећења од стране мирјанина или свештеника, чији су прсти десне руке склопљени ради благослова тако да изображавају прва слова Христовог Имена. Извор: http://www.vaseljenska.com/nauka/naucno-dokazana-snaga-krsnog-znaka/
Е драго ми е што призна дека сакаше да споредиш неспоредливи работи.А за остатокот ти кажав,читај ги житијата на Светите и ќе видиш дали не му се поклонувале и што се правеле со него.И тоа најголемите во Православието Светци,кои правеле големи чуда и воскреснувале мртви.Кога веќе знаеш да читаш,можеш сам да се потрудиш за тоа. Јас верувам во крстот а ја почитувам и конзумирам осветената вода баш затоа што ја познавам доволно Библијата и затоа што припаѓам на Црквата која е оформена од Господ Исус Христос пред околу 2000 години,а не затоа што така ми текнало П.С за почеток можеш да го прочиташ житието на Св.Елена,мајката на Константин која во Ерусалим го нашла Чесниот Крст на кој бил распнат Исус и како утврдиле дека тој е тој крст.Да не речеш не ти помогнав.