1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Значењето на Крстот

Дискусија во 'Религија' започната од La.Reina.Del.Sur, 26 август 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не фала, не верувам во бабини деветини :)
    [​IMG]

    Дај ми некој веродостоен историски извор за оваа случка, па ќе праиме муабет.
     
  2. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Хах па имаш еден куп житија на Светите и ти во ниедно нема да поверуваш :DВеродостоен историски извор,треба,да ти дадам видео снимка на Свети Серафим Саровски кога разговара со Богородица пред 4 века? Или од Св.Макариј Велики кога воскреснувал мртви во 380 година? Или не,само Господ воскреснувал мртви а она кога рекол ,,Ќе ги правите истите дела како мене,дури и поголеми'' не важи? :D
    Забораваш една работа.. Православието е вистинско и него го создал самиот Христос! :)
     
    Последна измена: 30 август 2016
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos Биди коректен и наброј јасно и гласно што се негираш од христијанството.Еве ќе ти помогнам.Го негираш значењето на крстот,негираш житија на светци,негираш светии,негираш црква,негираш воскресение,ја негираш Богородица,негираш чуда божји,негираш света вода,негираш благослов,негираш преемство,негираш свештенство,негираш предание,негираш духовни поуки,ги негираш вистинските христијани.......кажи како на сите негации можеш да зборуваш воопшто за христијанство?!
     
    На Таа Сум, Rama, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Негирам човечки додатоци и подоцнежни пагански накалемувања врз христијанството, а го верувам она изворно христијанство проповедано од Христос и апостолите и запишано во Светото Писмо - Библијата. Попросто од ова здравје.

    Не го негирам значењето на крстот. Негирам дека две стапчиња фиксирани во знакот на + имаат натприродни моќи, дека изгонуваат демони ѓаоли, дека со бцркање на таков предмет во вид на крст во вода водата ќе добие некои натприродни духовни својства и сл.

    Не ги негирам историски потврдените биографии и дела на ранохристијанските писатели (познати како „црковни отци“). Се разбира, на воопшто не гледам како на Божји збор, ама сепак гледам како на ранохристијанска историја. Ама негирам неисториски измислени легенди на „светци“ кои немаат историска веродостојност и згора на тоа се контрираат на Библијата. Еве ти еден пример на такво житие:

    Преподобен Јован Пустиник 11/04/2007

    „Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.“
    Извор

    Нелогична "христијанска" приказна. Ја оставил мајка му, отишол во пустина, се пикнал во сув бунар, јадел и вршел нужда на исто место, бдеел 10 години во бунарот и умрел во него. А ангел па уште и го хранел.
    Покрај апсурдноста на оваа приказна и нејзината историска непоткованост, оваа случка воопшто не соодејствува со заповедите кои Христос им ги дал на христијаните.

    Не ја негирам Христовата Црква, но сигурно дека православието не го препознавам во рамките на таа Христова црква. Во спротивно ќе бев православен нели. Се надевам дека не сте навредени од ова, бидејќи нели не има од повеќе вероисповеди тука. Јас сум протестантски христијанин кој верува дека Библијата и само Библијата е боговдахновена т.е. Божји збор. А секоја друга христијанска литература не е Божји збор и треба да се чита внимателно и преку призмата на Библијата. Во православието Библијата е само мал дел од она што тие подразбираат под „Божјиот Збор“ кој вклучува и апостолски усни преданија, одлуки на вселенски собори, житија, дела на свети отци итн.

    Не го негирам воскресението, но негирам дека блажената Марија воскреснала. Верувам дека христијаните вклучувајќи ја и блажената Марија ќе бидеме воскреснати од Исус кога тој ќе се врати.

    Не негирам чуда Божји. Сум бил сведок на неколку.

    Точно негирам света вода. Такво нешто е непознато во Библијата, меѓу апостолите и првата генерација христијани. Негирам и осветување на крстови, икони, бројаници и други амајлии.

    Негирам човечко свештенство во Новиот Завет. Зошто? Затоа што во Новиот Завет јасно пишува дека Исус е единствениот свештеник и првосвештеник чие свештество не може да премине на друг (како што преминувало во стариот завет). Титулата „свештеник“ не постои во Новозаветната црква. Покажи ми еден таков свештеник во Новиот Завет, па ќе дискутираме.

    Библијата е најверодостоното предание за христијаните. Таа е Божји збор. Како што кажав, другата духовна литература треба да се чита внимателно, бидејќи не е Божји збор и затоа не е во канонот на Библијата. Божјото слово е како леб и треба да го јадеме заедно со трошките. А останатата духовна литература е како риба. Месото го јадеш, коските ги фрлаш. А што е месо и коска, тоа ќе ти го каже Библијата. Ако не си сигурен, батали, Библијата е повеќе од доволна за да живееш богоугоден и свет живот.
     
    Последна измена: 30 август 2016
    На rose60, Херкул и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    За другарчето Евангелос, кое сета надеж ја полага само во Светото Писмо, предлагам кога ќе може нека истражи кој Апостол го читаме во Православната Црква за Крстовден и на Крстопоклона недела.
     
    На Rama, Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Вечна слава на Господ!
    За век и векови да се слави пронаоѓањето на светиот КРСТ.
    Светиот крст е синоним на Христијанството,радост е за вселената и за Христијаните,а пропаст е за демоните ;)
     
    На Таа Сум, korisnichka, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  7. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Вакво нешто,само ти можеш да пишеш :D
    Забораваш дека Исус ги избрал Апостолите а не они Него? Забрави дека Исус му рекол на Петар ,,Ти ќе бидеш каменот на кој ќе ја изградам Својата Црква"'? Забраваш дека Апостолите заповедувале да се бираат свештеници?
    “Затоа, браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение.” (Дела на апостолите 6:3)
    Христос не дошол да ги укине свештениците и не ги укинал бидејќи рекол:
    ,,Немојте да мислите дека дојдов да ги обезвреднам Законот или Пророците. Не дојдов да обезвреднам, туку да исполнам'' Maтеј 5:17-18.
    Или Христос-Бог се побива сам себе? Таква ви е логиката? :D

    Многу си ми интересен кога ќе се повикаш на Библијата и ќе лупнеш некоја ваква небулоза.. :D :D :D
    Сериозно го мислам ова,да застанеш сам со себе да играш шах,ти би влегол во Гинисова книга на рекорди.. за ,,Најбрзо даден шах-мат сам на себе''.Ти со 4 потези можеш да се самоматираш :D
     
    На Таа Сум, Orthophill, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    А првичното значење на крстот било понижување и срам. На него биле распнувани оние што направиле некаков престап и кои отстапиле од замислата за доброто, правилно и посакувано поведение. Барем вака на факултет не учеа.
    Потоа, значењето се изменило после најголемиот и најважен настан во христијанството.
     
    На Таа Сум, theowndemon, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Крстос бил римска јавна егзекуција на бунтовници спрема Римската власт. Целта на распнувањето било да се влее страв во коски кај народот, особено кај оние што тајно пробувале да дигнат востание против Римјаните. Римјаните го распнале Исус за да ги смират еврејските религиозни водачи кои биле на некој начин и политички водачи на евреите. Римјаните исто така кај Исус гледале и опасност од револуционер бидејќи Исус собирал голема маса на луѓе покрај него. Римјаните мислеле дека тоа множество на луѓе може лесно да премине и во востание. Затоа и пресудата која висела на крстот на Исус била: „Исус Христос цар Јудејски“ - што значело дека Тој е распнат затоа што сакал да се направи цар на Јудејците (така евреите ги наговарале римјаните).
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Таа реченица не е моја. Тоа е цитат од Библијата:

    „И тие (старозаветните свештеници) во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат, а Тој (Исус) пак има свештенство, што не може да премине на друг, зашто останува довека. Затоа и може наполно да ги спасува оние, кои преку Него доаѓаат при Бога, зашто секогаш живее, за да посредува за нив. Зашто таков Првосвештеник ни требаше и нам: свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците и повозвишен од небесата, Кој нема секојдневна потреба како првосвештениците, да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот, зашто тоа го направи еднаш за секогаш принесувајќи се Самиот Себе.“ (Евреите 7:23-27, Библијата)

    Значи овде апостолот објаснува дека во Стариот Завет се бирале многу свештеници затоа што еден свештеник не можел да биде вечно свештеник бидејќи смртта го спречувала да продолжи. Па така кога еден ќе умрел, друг ја превземал улогата на свештеник и така натаму. Но овде се вели дека Исус има свештенство што не може да премине на друг од две причини:

    1. Исус воскресна и вечно живее и него смртта не може да го спречи да не биде свештеник.
    2. Исус принесе доволна жртва за сите гревови и тоа го направи еднаш за секогаш. И затоа не се потребни повеќе животински жртви да се принесуваат за гревовите не луѓето како во стариот завет.

    Не му вели Исус така на Петар. Исус рекол: „И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква,“ (Исус, ев. Матеј 16:18, Библијата)

    Првичното име на Петар било Симон. Бидејќи Петар е првиот што кажал дека Исус е Христос, Син на живиот Бог (2 стиха пред тоа), Исус му го менува името во Кифа (на еврејски) или Петар (во грчки превод на евангелието).
    Петар (Петра) на грчки значи „камен“. Каменот темелник е изјавата на Петар дека Исус е Христос - Син на живиот Бог. Затоа и оваа изјава станува првата христијанска вероисповед која го имала симболот на рибата бидејќи риба на коине-грчки е ИХТУС = Исус Христос Теос Уиос Сотер = Исус Христос Божји Син и Спасител.

    Не. Овде апостолите не избрале никакви свештеници, туку луѓе кои ќе помагаат со делењето на храна на вдовиците за да не мора апсотолите да го прават тоа, туку да можат да се посветат на проповедање на евангелието.

    „Во тие денови, кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневното делење на помош. Тогаш Дванаесетмината ги повикаа сите ученици и рекоа: „Не е право ние да го оставиме Божјото Слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, најдете меѓу себе седум мажи, добро посведочени, полни со Дух Свети и мудрост, на кои да им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се посветиме на молитвата и на службата на словото.“ (Дела 6:1-4, Библијата)

    Не се побива. Исус не рекол дека го потврдил Законот, туку дека го исполнил законот. Законот барал жртви - Исус се предал себе си како жртва и со тоа го исполнил она што го барал Законот и затоа повеќе не се потребни жртви.
    Законот барал свештеници да посредуваат меѓу луѓето и Бог. Како што видовме погоре старозаветниот свештеник не можел да посредува вечно бидејќи смртта го спречувала и затоа морал некој друг да го замени. Но во Евреите 7ма глава читаме дека Исус вечно живее и дека Него смрта не може да го спречи и затоа Тој има свештенство што не може да премине на друг и затоа може вечно да се застапува за нас. Исто така Исус се принел Себе си како жртва ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ и со тоа го исполнил барањето на старозаветниот закон.
    Се надевам сега ти е појасно на кој начин Исус ги исполнил Законот, што е различно од потврдување.
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    |(
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Додека ти очајно глумиш расклештен потсмевач со смајлињава, содржински гледано, Евангелос со помош на Библијата ги поби сите твои аргументи.
    Се смееш на изјавата дека Исус има свештенство што не може да премине на друг, а таа изјава е од Библијата. Дали тоа значи дека ти и се потсмеваш на Библијата? Или воопшто не знаеше дека тоа е цитат од Библијата?
    Проба да го извртиш Божјото Слово велејќи дека апостолите избирале свештеници и да прочиташе некој неупатен ќе си помислеше дека тоа стварно го правеле. Ама од контекстот на тој стих јасно се гледа дека апостолите избрале помошници околу делењето на храна за вдовиците, а не свештеници.

    Би ти препорачал да паузираш малку со форумов и потсмевањето и да седнеш и да ја прочиташ Библијата. Редно време е. Ама овој пат полека и внимателно, па дури после да се правиш така годеливо Библиски гуру што ќе се потсмева на сите други христијани на форумов - ако воопшто тоа му доликува на некој што се нарекува христијанин.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Идол ти е Евангелос? :)
     
    На Rama, Orthophill и Vitaly им се допаѓа ова.
  14. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Не. А дали ти сметаш дека Христовото свештенство може да премине на друг? И дали сметаш дека во цитатот од Дела на апостолите 6:3 апостолите избирале свештеници?
     
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Не сум читала Библија и не се впуштам да коментирам . Кога ќе ја прочитам ќе ти кажам .
    Треба да те плаќа другаров , ако веќе и не го прави тоа.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Па не би рекол дека не се впушташ да коментираш. Многу твои коментари сум видел на Религија.
    Ок, не мора да ја прочиташ целата Библијата за да одоговриш на тоа прашање. Доволно е да го прочиташ контекстот на тој цитат:

    „Во тие денови, кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневното делење на помош. Тогаш Дванаесетмината ги повикаа сите ученици и рекоа: „Не е право ние да го оставиме Божјото Слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, најдете меѓу себе седум мажи, добро посведочени, полни со Дух Свети и мудрост, на кои да им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се посветиме на молитвата и на службата на словото.“ (Дела 6:1-4, Библијата)

    Дали апостолите овде избирале свештеници или помошници околу делењето на храна за вдовиците?
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Се впуштам таму каде што знам.
    Еве не знам што значи "елинистите".
    Човек, крстена сум во Црква од Поп. Еве ако не е он, кој ќе ме крстел објасни ми ?
    Кој венчава кај вас? Кој пее по погреби?
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  18. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Те молам не ми ги вади од контекст моите пишувања и не ме води во погрешни води :) 100 пати сум ти го кажал тоа и уште 1100 ако треба ќе го повторам :)
    Јас не реков дека Исус не е Првосвештеник,дека некој обичен смртник е над Него,дека некој Православен Патријарх е над Него..
    Јас цитирав:
    Свештеник значи Божји слуга,служител на Бог кој има благословено право,наследено од Бог а дадено преку Црквата да служи.Што значи,Мојсеј во Стариот Завет бил прв кој имал од Бог дадено право да избира свои проповедници и наследици кои ќе ја шират Вистината за Бог.Тие негови избраници се викаат свештеници,и самиот кажа:
    .
    Исус се нарекува Првосвештеник затоа што Он е Оној Врховен Патријарх,Глава на Црквата,кој го дал правото да постои свештенството.
    Друго..
    Мојсеевите свештеници,кога ќе им завршувал животот(или поради болест),изберувале други свештеници,овие кога биле на крајот од својот живот изберувале други свештеници.. и така од колено на колено до денот кога на земјата дошол Оној кој им го дал тоа право.Господ,лично.Затоа неможе Христос да го поништи тоа што лично Бог-Отецот му го заповедал на Мојсеј.Затоа и Исус,како и првиот свештеник-служител на Бог,Мојсеј,избрал свои изабраници,ученици познати како Апостоли а они свои ученици(свештеници,служители на Бог) кои од генерација на генерација се пренело до ден денешен во Црквата.Oва го направил затоа што:
    .
    A дека Апостолите назначувале свои ученици,избраници за служители на Бог(да бидат свештеници),говори и самиот Нов Завет.На пример,Светиот Апостол Павле на својот ученик Тимотеј му вели:
    “Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите. Како што ти наредив.” (Тит 1:5)
    Кој може да биде водач на црква освен свештеник? Како сега јас кој не сум свештеник,да земам да држам литургија... и јас да кажам кој ќе биде Патријарх,Игумен итн.Неможе тоа..
    Што значи,ти лупна лапсус кој ти го кажале во сектата па го шириш овде.Ама заборавиле да ти кажат она што јас ти го пишав.Само што проба да ми ги извртиш зборовите :) Ама забораваш дека јас знам што пишувам.

    Добро утро Евангелос,добар си?Мислиш дека ова не го знаев и дека на сон ми се сони тоа што Исус му го рекол на Петар дека на него ќе ја изгради својата Црква? Или мислиш дека имав некое видение па така тоа го пишав.. :D За ова немам што да коментирам.. затоа што нема никаква врска со она за што ме цитираш :)
    Го прочита цитатот пред да го пишеш или ти се отвори апетитот па се фати одма за трпезиве и помошта? Таму пишува: ,,Тогаш Дванаесетмината ги повикаа сите ученици''.Tие 12 биле Апостолите и гледаш им се обратиле на своите УЧЕНИЦИ,избраници,свештеници кои го ширеле Словото(види погоре првиот дел во болдовите кога објаснував за свештениците).
    А подоле,цитатот продолжува со реченицата ,,ги положија рацете над нив''(Дела на Ап. 6:6).
    Зошто избрав да го пишам цел тој цитат? Затоа што во Црквата,ете од ова време на Апостолите па до ден денешен постои тоа ,,положување раце над нив''.Денеска тоа има термин и се нарекув Хиротонија.
    Нема да објаснувам многу за Хиротонијата,кратко ќе кажам дека тоа е назначување на свештеници преку полагање на раце врз нив од страна на оние кои имаат поголеми свештенички чинови во Црквата(бидејќи Апостолите биле поголеми од своите ученици).
    До овде си во право.
    За ова твое фарисејско толкување на Библијата не си во право.Прво Законот кој Бог му го дал не барал од свештениците да посредуваат туку да вршат обреди на одреди во одредени денови и да колат и принесуваат жртви-сепаленици за оние кои направиле грев.Затоа што и самите свештеници биле луѓе,грешници и затоа што Бог и на нив им наредувал за своите гревови да го прават истото.
    Што значи,посресдување ти е погрешно употребен термин во случајов.Затоа што не е буквално.
    Тоа за Исус,што го спомна дека пишува,тоа никој не го негира,туку само склон си кон овие еретички,фарисејски толкувања на Библијата :)
     
    Последна измена: 27 септември 2016
    На Petra777, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Епа гледаш,јас не глумам,туку стварно се смеам на лапсузи и еретички учења.. :D
    Како ме поби само да видиш... еве погледни го постов над овој пост(вторитoт што му објаснив)... прочитај го убаво и види кој кого поби,па дојди пак и кажи ми,ќе те чекам :D
    Се смеам на тоа што Евангелос е како истите оние Фарисеи кои буквално ги толкувале работите а на сметка на тоа,Исус често ги нарекувал лицемери :) Јас сум Христијанин :)
    Да,во право си! Стварно не знам што е Библија.. :( скоро 500 постови напишани за Библијата и Христијанството.. кога ќе размислиш,има вистина во твојов заклучок :)

    Да,во право си и за ова! Ете прочитај го предходниот мој пост,одма над овој,и види како стојат работите.Ќе видиш дека блиску бевте и ти и идолов твој :)

    Јас сум Христијанин,не ми личи мене да ти враќам со вакви ниски,патетични и преглупи коментари како твоиве.Јас ќе ти вратам со Христијанско смирение :)
    Кучињата си лаат,караванот си врви..
     
    На Rama, Orthophill, EminemsGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Не ми делуваш на смирен Христијанин..се чувствува твојот револт и твојата да не кажам омраза во пишувањето, а дека си брзо навредлив и љутко, тоа е познато.:)
     
    На theowndemon, Bender Rodriguez, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.