1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Значењето на Крстот

Дискусија во 'Религија' започната од La.Reina.Del.Sur, 26 август 2011.

  1. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Прво апсолутно сум смирен,гледаш дека не му вратив со негов речник? :) Да,имам омраза ама не кон членовите туку кон нивните еретички учења.Ја мразам лагата и невистината а овде често се користи.Па кога Бог не ги сака и ќе ги суди за тоа,кој сум јас да го сакам нивното квази-учење? :)
    За тоа лутото,не баш.Но реагирам кога некој преминува граница :) Јас овде не мешам ничив приватен живот а многу од вас,под дејство на вашите лични некои неостварувања често влагате во приватноста на другите и коментирате :)
    На пример ти.Зафрканција е зафрканција,ама за тебе и некои други овде нема граница меѓу зафрканција и лични навреди.Не ти држи вода моабетот.И ти реков да не ми се обраќаш :)
     
    На Таа Сум, Rama, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Треба да му дозволиш на секој да си ги изнесе своите учења, не треба ти да оценуваш кои се еретички а кои се вистинити....остави ги членовите кои имаат дупки во религијата, кратери во верата(како мене)сами да го одберат тоа учење за кои мислат дека е исправно.Твое е да кажеш а не да не убедуваш и при тоа да осудуваш. И понатака ке ти се обраќам, кога ке имам желба и потреба за тоа:)
     
    На theowndemon, rose60, Херкул и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Зашто и Јудејците бараат знаци а Елините бараат мудрост.. Ние пак Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан а за Елините безумство.
    Каде е мудрецот, каде е книжникот, каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет?..
    Цитирам по сеќавање, за многу години Воздвижението на Чесниот Крст +
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Зашто светот во својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост, Бог благоволи со безумството на проповедта да се спасат оние што веруваат
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Ми текна сега и кога се венчаваат има еден дел, да дојде на нив (на младенците) онаа радост што ја имала светата царица Елена кога го нашла Чесниот Крст..
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  6. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Ок, елинистите се жителите на древна Грција. Се надевам сега ќе ти биде појасен цитатот.

    „Во тие денови, кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани присекојдневното делење на помош. Тогаш Дванаесетмината ги повикаа сите ученици и рекоа: „Не е право ние да го оставиме Божјото Слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, најдете меѓу себе седум мажи, добро посведочени, полни со Дух Свети и мудрост, на кои да им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се посветиме на молитвата и на службата на словото.“ (Дела 6:1-4, Библијата)

    Дали апостолите овде избирале свештеници или помошници околу делењето на храна за вдовиците?
     
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Се држам до ова на @HUNK ,за мене има логика;
    Затоа и Исус,како и првиот свештеник-служител на Бог,Мојсеј,избрал свои изабраници,ученици познати како Апостоли а они своиученици(свештеници,служители на Бог) кои од генерација на генерација се пренело до ден денешен во Црквата.Oва го направил затоа што:

    ,,Немојте да мислите дека дојдов да ги обезвреднам Законот или Пророците. Не дојдов да обезвреднам, туку да исполнам'' Maтеј 5:17-18.
    .
    Еве ти одговор и сеа олабави :hai:
    Пеј си на собири, полни си џеб, а ние ќе си го гаиме она со кое сме израснати и воспитани генерации наназад.
     
    На Orthophill, Rama, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Идол е она што ни го заменува местото на Бог, она во што безрезервно веруваме.

    Ако Библијата (која е Божји збор) јасно кажува дека Исус не избрал свештеници, туку апостоли, а и апостолите во приложениот цитат од Hunk (Дела 6:3) јасно се гледа дека не избрале свештеници туку помошници во разделувањето храна на вдовиците, следува дека ти повеќе му веруваш на Hunk отколку на Божјиот збор. Оттука следи дека тебе Hunk ти е идол бидејќи на него му веруваш повеќе отколку на Бог.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    На Orthophill, rose60 и Bulgarian им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Интересни приказни раскажуваш, ама едно нешто им недостасува на приказниве. Знаеш што е тоа? Библиска подршка. Не можеш да раскажуваш работи од Библијата кои не се така. Некој неупатен во Библијата како Petra777 може и стварно да ти поверува. А што е тоа пишување со Библиска подршка, ќе ти покажам сега.

    Божји слуги е широк поим. И пророците се наречени Божји слуги (Еремија 26:5, Библијата).Сите што му служат на Бог, на било каков начин, дали преку проповедање на вистината или преку хуманитарна дејност, ранење сираци, вдомување бездомници, помагање на вдовици, духовна изградба на верните итн. сите овие се Божји слуги.

    Израел се состоел од 12 племиња
    „Сите тие беа Израелеви племиња - дванаесет на број - и тоа им го рече таткото кога ги благословуваше; секого од нив го благослови со негов благослов.“ (Битие 49:28, Библијата)

    Свештениците се бирале од Левитското племе (Второзакоение 18:1, Библијата), а нивната функција била да принесуваат жртви за гревовите на сите евреи. Речиси целата книга Левит (3 Мојсеева) зборува за тоа какви жртви и на каков начин треба да ги принесуваат свештениците. Еве ти неколку библиски стихови како доказ:

    „Зашто секој првосвештеник се поставува за да принесува и дарови и жртви“ (Евреите 8:3, Библијата)

    „Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите“ (Евреите 5:1, Библијата)

    „Свештениците левити - целото Левиево племе - нека немаат дел во наследството со Израел; нека живеат од жртвите палени на Господа и од Неговото наследство.“ (Второзаконие 18:1, Библијата)
    И така натаму, прочитај Левит 8ма, 9та, 10та глава, се за тоа пишува.

    Во Синагогите немало свештеници. Во синагогите проповедале рабини, фарисеи, книжници. Свештениците не проповедале. Тие служеле исклучиво во Храмот, со жртвеникот, принесувале жртви, колеле, палеле жртви, рацете им биле во крв. Тие принесувале жртви за гревовите на луѓето и на тој начин посредувале меѓу Бог и луѓето. Пасхалното јагне што Првосвештеникот го жртвувал за Пасхата било слика за Исус - ПОСЛЕДНАТА ЖРТВА за гревовите. Затоа и Исус е наречен пасхално јагне (1 Коринќаните 5:7, Библијата)

    Кога Исус умрел на крстот, Бог ја потврдил Неговата жртва како доволна со тоа што ја расцепил Храмската завеса во храмот (Марко 15:38, Библијата). Оваа завеса го разделувала храмот од местото познато како „Светина над светините“ - ова е местото каде што само првосвештеникот смеел да влезе со цел да принесе жртва. Раскинувајќи ја оваа завесга (одозгора надолу) Бог го прекинал човечкото свештенство и отворил директен пристап на обичниот човек до Бог преку Исус Христос - новозаветниот свештеник кој има вечно свештенство.

    Исусовата жртва е доволна за човековите гревови и затоа нема потреба од свештеници во Новиот завет:

    „И секој свештеник, навистина, стои секој ден, и служи принесувајќи ги многупати истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите. Но Тој принесе само една жртва за гревовите, и засекогаш седна оддесно на Бога,“ (Евреите 10:11-12, Библијата)

    Исус има свештенство што не може да премине на друг човек:

    „И тие (старозаветните свештеници) во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат, а Тој (Исус) пак има свештенство, што не може да премине на друг, зашто останува довека. Затоа и може наполно да ги спасува оние, кои преку Него доаѓаат при Бога, зашто секогаш живее, за да посредува за нив. Зашто таков Првосвештеник ни требаше и нам: свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците и повозвишен од небесата, Кој нема секојдневна потреба како првосвештениците, да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот, зашто тоа го направи еднаш за секогаш принесувајќи се Самиот Себе.“ (Евреите 7:23-27, Библијата)


    Исус ја проколна и „канцеларијата“ на свештениците т.е. Храмот каде што била нивната служба. Надвор од храмот свештениците немале служба.
    „Во она време, кога излегуваше Исус од храмот, еден од учениците Негови Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви згради!“ Исус, пак, му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи згради? Ни камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат.“ (ев. Марко 13:1-2, Библијата)

    Ете затоа во целиот Нов Завет не се спомнува ниту еден свештеник во Христовата Црква. Се спомнуваат старешини, ѓакони, учители, епископи, пастири, евангелисти, помошници со раздавањето на храната итн. но свештеници или првосвештеници не се спомнуваат, туку неколку пати е нагласено дека единствен свештеник и првосвештеник е Исус Христос. Дури и апостол Петар не се нарекол себе си свештеник, туку старешина

    „Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата“ (1 Петрово 5:1, Библијата)
     
    На Херкул и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Ова се што кажуваш значи дека се укинува еднаш засекогаш само принесувањето на жртви.А не дека се укинуваат и свештениците.Свештениците во стариот завет од колено на колено колеле жртви,но Христос како жртва сам се принесе еднаш засекогаш бидејќи е вечен.И тоа е тоа што зборува Св. Павле.И тоа со литургиите постојано се повторува.
    Христос со причестувањето на апостолите, ја испревари жртвата на крст.

    За спомнувањето се спомнува свештеник во библијата и престани да ги лажеш слабодушните.

    Оваа реченица е пророштво за страдањето на народот бидејќи не поверувал во Спасителот.И ова навистина се случило во 70 год.За тој настан има и небиблиски сведочења.
    Нормално некои работи се повторуваат,како што е народски кажано ,историјата се повторува.Па тоа може да значи и за нас ако не поверуваме ќе бидеме трпени одредено време и после може да не снајде некоја слична катастрофа.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тоа е исто како да кажеш дека се укинува равењето слатки и слаткарниците, но не и слаткарите. Значи ќе повторам: Исус го укина принесувањето на жртвите и му направи Shut Down на Старозаветниот храм (канцеларијата на свештениците). И плус за Исус се вели дека е вечен свештеник кој има свештенство што не може да премине на друг (Евреите 7:23-27, Библијата)

    Ако мислиш така, тогаш повели цитирај каде во Библијата се спомнуваат свештеници во Црквата во Новиот Завет :) Јас секогаш кога тврдам дека нешто од Библијата ја посочувам со црвени букви референцата каде точно е запишано тоа во Библијата за да можат оние што не се упатени да отворат и да проверат па сами да се уверат дали е така. Ако некој нема Библија, има многу онлајн Библии дури и на македонски јазик. Еве на пример:
    http://www.biblics.com/mk/
    https://www.bible.com/mk/bible/1272/jhn.1.mk2006d

    Точно така, историјата потврдува дека по неуспешното востание на евреите во 66та година, римјаните го нападнале Ерусалим со војска од 60.000 војници предводени од Веспазијан и неговиот син Тит и го срамниле до темел заедно со храмот во него кој прво бил запален, а потоа срушен. - токму онака како што прорекол Исус. Тоа е крајот и на храмот и на свештенската служба во него. Светиот Дух пак отстапил од храмот уште во моментот кога Исус го проколнал храмот после Неговата последна посета т.е. за празникот што денес го славиме како Цветници.
     
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Имам читано и слушано од отци за периодите на Сенка, Икона и Вистина.

    Вистината е Царството Небесно.
    Икона е Литургијата на Црквата во овој свет и век.
    Сенка е Стариот Завет.
     
    Последна измена: 28 септември 2016
    На Orthophill, Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Око за око, заб за заб - Стар Завет (очистување)
    Љубете ги непријателите свои - Нов Завет (просветлување)
    Гледање на Бога лице в лице - Царство Небесно (обожение, или боговподобување)
     
    На Orthophill, Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве нешто прикладно на темава. 30мин документарец за значењето на крстот Христов. Дечкото што зборува ми е близок другар и брат во Христа, а девојката што ги изгубила двајцата родители и што го пребродила канцерот преку Божјата сила ми е долгогодишна пријателка и колешка.

     
    Последна измена: 28 септември 2016
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    ее го имам гледано :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Кога го прочитав ова,си реков ,,Пак со лагите.. се прави дека не прочитал'' и бидејќи немав Библиска поддршка,сакав пак да ти ги цитирам цитатите кои на сон ми се јавија и ги слушнав:
    Не,овие не се цитати од Библија.. овие јас ги измислив или на сон ми се јавија така? :)

    И ти викам така прво посмислив,ама кога прочитав подоле:
    Кога го прочитав ова,сфатив дека ти неможеш да ми аргументираш на мојот пост со реални контра-аргументи,па отиде во општи некои,твои хипотези.Те прочитав дека сакаше да се скриеш зад општото изразување,и ова се што пиша како реплика на мојот пост е исто како.. да си рекол ,,Временската прогноза за денеска е сончево,со умерена облачност,во некои предели со кратки врнежи на дожд''.Е баш исто! :) Неможеш да се скриеш Евангелос.. :)

    Но,ти не би бил ти ако не пробаш дури и мене да ме изманипулираш.Чисто онака,може да ти се посреќи па и мене да пробаш да ме врбуваш во сектата,како некои твои што веќе пробале а неуспеале :) Еве каде е манипулацијата:

    Јас некаде реков дека може? Дека некој може да стане буквално исто како Господ? Ајде,најди го тој мој цитат :)
    Да не се мачиш,јас не реков дека може да премине,туку дека Он го дал тоа свештенство и така тоа функцонира:
    И уште една работа на која проба да манипулираш а јас ја приметив:
    Те молам,објасни ми ја оваа Еретичка логика,како ти заклучи според цитатов дека нема потреба од свештеници? :) Јас еве не гледам дека некаде се бара укинување,се забрануваат свештеници во него..
    Како го заклучи тоа,можеш да ми објасниш :)? Зошто тогаш и во Новиoт Завет,каде што е овој цитат,ако се укинати свештениците и не треба да ги има,истиот овој цитат почнува со реченицата ,,И секој свештеник, навистина, стои секој ден, и служи"? м :)? Нели укинати беа свештениците? За кои свештеници зборува Светиот Апостол Павле,Апостолот на Христос? За тие во Саудиска Арабија? Тие на Тибет? :)
    Го гледаш твојот шах-мат?
    Јас ќе ти одговорам.Зборува за Христијанските свештеници,истите оние кои денеска на литургиите,не колат ниедно животно за простување на гревовите(бидејќи Исус со својата смрт плати се и за секого) туку принестуваат ,,жртви'' кои всушност се молтиви,покајание,прошка.
    Да беше во животов еднаш на литургија,ќе видеше дека свештеникот за време на литургијата,многу често, излегува од олтарот и пред сите вели ,,Простете ми браќа и сестри за се''.А во текот на литургијата вели ,,Да се помолиме за оние кои патуваат,страдаат,боледуваат,пловат,принесуваат дарови..'' итн итн :)
    Еве уште еден твој генијален шах-мат :D Нели не се спомнуваа? Ова посление на Светиот Апостол Павле,од Новиот или Стариот Завет е :D?
    Друго,знаеш што кажа со ова што ги наброја овие свештенички чинови? Овие чинови што се? Чинови во армија? Во полиција :)?

    Ќе ти кажам јас уште еднаш..
    А ти размисли убаво.. :D Ќе те памти човештвото :D..

    Сума сумарум.. ти си очигледно оној кој секогаш сака да ги манипулира и заведува луѓето со свои некои... филозофии... зошто за таквите Евангелос како тебе,веќе е проречено во Библијата:
    ,,Пазете се некој да не ве заведе со мудрување и со празна измама, која се темели на човечки преданија, на начелата на овој свет, а не на Христовите учења''. (Кол 2. 8 ) :) :)
     
    Последна измена: 30 септември 2016
    На Bulgarian, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не, не станува збор за христијански свештеници кои принесуваат молитви, покајание и прошка. Молитвите не се жртви туку наша комуникација со Создателот. Покајанието не може некој друг (свештеник) да го врши за тебе. Секој од нас мора лично да се покае за своите гревови. Исто така не можеме да му принесеме „прошка“ на Бог, бидејќи Бог ништо не ни згрешил. Напротив, Бог е тој што ни праќа прошка на нас грешниците. Дека станува збор за животински жртви што ги принесувале старозаветните свештеници јасно се гледа во 4-от стих од истата глава „зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите.“ (Евреите 10:4, Библијата)

    Прочитај ја целосно 10-тата глава од посланието до Евреите и ќе видиш дека таму апостолот прави споредба на старозаветните свештеници и старозаветните жртви со новозаветниот свештеник Исус Христос и Неговата еднаш за секогаш жртва што ја даде на Голготскиот крст.
    Кога Исус го принел своето тело како жртва за гревовите на луѓето и воскреснал на третиот ден НЕ СТАНАЛЕ сите евреи христијани и Храмот во Ерусалим не бил заклучен се до неговото уништување во 70та година. Напротив мнозинството евреи сеуште си се водело под стариот Мојсеев завет и свештениците си продолжиле да си принесуваат жртви за гревовите, кои секако не биле повеќе прифаќани од Бог. Значи иако ова е во „новозаветно време“, сепак луѓето си се воделе по старозаветниот Мојсеев закон. Се надевам сега е појасно. Поздрав!
     
  19. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Океј де,јас затоа фино и културно те прашав:
    Но ти очигледно не знаеш да одговориш кои се тие,ама знаеш дека не се Христијански,мислам Христови свештеници..
    Да но ако примети јас пишав во наводници ,,жртви''
    Што значи,зборот имаше метафорично значење,а не буквално,Фарисејско како што ти го сфати :) И најнапред алудирав на Псалмот 50 кој вели ,,Жртва на Бога е е духот потиштен, срце потиштено и смирено Бог не ќе отфрли''.A дух потиштен(скрушен) и срце потиштено и смирено Евангелос,неможе да се достигне без молитва.Нема шанси :)
    Јас пишав дека некаде дека ова може? Повели цитирај ме ако пак не пробуваш да извртуваш зборови и да манипулираш :)
    Јас реков
    и алудирав на покајанието на самите свештеници и нивната прошка за другите.Бидејќи е речено: “Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.” (Марко 11:25)
    Повели и за ова цитирај ме ако некаде реков подруго.. :)
    Некаде реков дека е обратно? Чекам и за ова цитат :)
    Каква врска има ова со она што јас го пишав :)? Пак во други води сакаш да избегаш наместо конкретно да аргументираш?
    Ти благодарам за макотрпното пишување,немаше потреба ова да ми го кажеш.. :)
    Имаш да ми најдеш три мои цитати каде што јас сум рекол нешто обратно..
    Во спротивно штета! Ќе го разочараш @Херкул, а тој за тебе се бори како лав по темиве :D
     
    Последна измена: 1 октомври 2016
    На Bulgarian, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Од симбол на срам, понижување и смрт, прераснува во симбол на победа, надеж, спасение.
    Симболиката на крстот е повеќеслојна и во себе ја содржи севкупната христијанска порака.
    Да го победиш своето его, да подадеш рака,да простиш и сакаш, да веруваш и кога крстот кој го носиш наликува на крст страдалнички.
    Со своите 4 крака свртени кон сите 4 страни на светот, крстот повикува на заедничко сплотување во центарот, во љубов, во спасение преку заедништво.
    Колку е само силно неговото значење, истакнато е преку неговата симболичка трансформација од срам и смрт, до победа и надеж во вечен живот.
     
    На blonde_supergirl, Orthophill, Rama и 3 други им се допаѓа ова.