Значењето на боите во вашиот сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од rici.aaaaa, 28 мај 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Боите во соништата најчесто се израз на емотивна состојба.При толкување на боите во соништата треба да ги земете во предвид личните и посебните врски на луѓето со боите. Сепак еве неколку универзални значења за боите во соништата.

    КРЕМ - укажува на неутрална положба на луѓето или објективност во одредени ситуации.

    ЦРНА - симболизира несвесност, непознатост, опасност, мистерија. Бојата ве тера да се преиспитате, што води до подобро разбирање на себеси. Црно-белите сништа сугерираат дека треба да внесете објективност при формирањето на одлуките.

    СИНА - претставува вистина, мудрост, рај, верност, лојалност и отвореност. Присуството на оваа боја во сонот симболизира духовен водич и оптимизам за иднината, како и желба за патување. Ако во сонот носите светлосина облека, таа ја симболизира вашата креативност.

    КАФЕАВА - означува религиозност, практичност, блаженство, конзервативизам и материјалистички карактер. Ви сугерира дека треба да се вратите на своите корени.

    ЗЛАТНА - оваа боја е одрза на духовна награда, богатство и унапредување на својата околина. ја покажува и вашата одлучност и непопустливост.

    СИВА - покажува страв, депресија, збунетост. Веројатносе чувствувате емоционално изолирани и дистанцирани.

    ЗЕЛЕНА - ги покажува позитивните промени, доброто здравје, плодност, надеж, мир и спокојство. Алтернативно, таа е метафора за недостатокот од искуство во некоја област. Да се биде зелен значи да си еколошки свесен. Зелената е симбол на вашите настојувања да воспоставите независност.

    РОЗОВА - симболизира љубов, радост, среќа и добрина. Алтернативно подразбира незрелост или слабост, особено ако се раоти за љубовно прашање. ако не ја сакате бојата можно е да поминувате низ проблеми со родителите и неможност да сеосамостоите.

    ЦРВЕНА - ја покажува силата, енергијата, интензивната страст, агресивноста, храброста и импулсивноста. Можеби треба да застанете и да размислите за некои свои постапки.

    ЖОЛТА - може да има позитивни и негативни значења. ако сонот е добар, жолтата боја е симбол на интелект, енергија, агилност, среќа и мудрост. Обратно, таа претставува срам, неверство, измама, кукавичлак и болест. Вие имате страв да донесете одлука или да преземете акција. Со вашата желба да им угодите на другите ги ризикувате сопствената среќа, потреби и желби.

    БЕЛА - претставува чистина, совршенство, мир, невиност и нов почеток. Го означува будењето и новиот поглед на животот.
     
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    super se i pogolemiot del se tocni :D