Детските цртежи во себе содржат огромна симболика и понекогаш претставуваат мапа на скриените чувства на малите деца. Содржат стравови и ослободуваат од истите, раскажуваат за личноста и карактерот на детето и не секогаш претставуваат само обични чкртаници. Пред 3 години, мојата ќеркичка се будеше со врескање од сон, секоја вечер, две недели по ред. Утредента ја прашував што сонувала, таа не се сеќаваше на сонот, бидејќи не беше доволно голема да ја активира потсвеста. Обично децата знаат длабоко во себе да го потиснат чувството на страв или некои неубави чувства и воопшто на нив не се сеќаваат. Ситуацијата стана загрижувачка и разговарав со една пријателка (инаку психолог по професија), која ми даде доста корисен совет. Имено, требаше да седнеме заедно со ќеркичката и таа на еден лист хартија, да ми нацрта од што се плаши. Резултатот беше вчудоневидувачки. Почна да црта и да ми објаснува, па прво нацрта око (што стоело под креветот), вештерка (нејзина претстава за истата), нацрта нешто што личеше на вампир (лош чичко од телевизорот со големи заби) и на крај црта кутија и ми вика: - Мамо, ова е лифт, во лифтот сме јас и ти и кога стискаме на бројчето за дома, лифтот почнува да гори! И црташе со нервозни движења пламени на сите страни. Целата се наежив и се присетив дека еднаш лифтот не работеше, а вратата беа отворени и ние да влеземе, за малку ќе пропадневме во окното. Таа случка, таа ја доживеала на трауматичен начин, за да подоцна ја манифестира преку сон. По совет на психологот, листот со „лошите“, заедно го цепавме на ситни делчиња кои ги фрливме од терасата, демек да ги уништиме и да ги истераме од нејзинит сон, а потоа на нов лист, нацртавме се она што таа сака да сонува (принцези, еднорози и сл.) и цртежот го ставивме под перница, демек да и влезат во главчето додека спие. Колку и да звучи наивно, навистина методава имаше огромен ефект. Оттогаш навака, никогаш не се повтори будењето со вресок. Еве еден линк, каде подетелно е опишано, значењето на некои ликови што децата обично ги цртаат: http://www.sezadeca.com/index.php/sovet ... i-znacenje Сте имале ли вакво искуство до сега? Дали ги анализирате цртежите на вашите деца? Дали цртежите ги доживувате како моментална инспирација на вашето дете или сметате дека сепак во нив постои некоја длабока симболика? Повелете дискутирајте, вашето искуство можеби некому ќе послужи како корисен совет.
Ми даде идеја ова да го пробам денес со керками.Во последно време е вознемирена и некако тажна но неможам да откријам што ја тишти.Дали е тоа рагјанјето на новото бебе или нешто др незнам но и јас се грижам
До бебето е , може еден месец ќе трае реакцијата после ќе ја чува и ќе ја сака. Кај нас барем беше така. Мора многу да им се зборува и секако да не се запоставува поголемото дете.
Ако ти се верува првата вечер кога дојдовме големата крена Т и повракјаше до сабајле правев одма крвна слика се беше во нормала.Верувам од стрес и беше.се трудам и околу неа колку што можам но не е баш лесно кога малото е нонстоп на града
Ме потсети сега на нешто што ми го раскажа колешка. Забележала дека синчето нејзино црта слични цртежи, седнала да ги анализира, биле некои неконкретни линии, скртаници детски, и седнала со него, као- сине што нацрта тука? а што има тука? а овде? И добила одговор-ова сме ја и тато, овде сме ја и кучето, овде сме ја , тато и дедо во парк..... А сине, кај е мама? Мама......мама на овој цртеж е на работа Така да, мислам дека може многу да се открие од она што детето го црта.
Бидејќи работам во училиште, во директен допир сум со децата и знам дека кога имаме прием на првачиња, психологот, додека ги тестира, бара од нив и цртеж да нацртаат. Подоцна тој цртеж се анализира до детал, па дури и боите кои ги употребувало детето додека цртало или боело. Боите го отсликуваат неговото моментално расположение, во зависност од тоа дали детето користи весели и светли бои или темни бои, дали употребува поразноврсна палета или само со една боичка работи и сл. Доколку има потреба, психологот му посочува на родителот на што повеќе да сврти внимание, во понатамошниот ментален развој на детето.
Е па не е веќе мама само за неа, сега има некој друг....кај мене маж ми ми помогна, постојано го носеше некаде, добиваше повеќе поклони, јас гледав барем да го бањам или успивам кога можам....сега е ок, дури не дава некој да пружи рака кон неа, одма вика не ми ја чепкај сестричката. Ќе се навикне.
Интересна работа. Знам дека во некои земји веќе повеќе се удара внимание на овие работи. Не дека им бараат на децата да нацртаат било што, од што ти е страв, што сонуваше, туку рандом кога играат и цртаат да им фати око на воспитувачки во градинки, да разговараат со родителите зошто детето црта чудовишта пример. Од текстот кој е на линкот со некои работи мислам дека не се согласувам. Со генерализираното објаснување да се даде внимание како ги црта фигурите вака, така, со мала уста, со големи уши, мислам, па не се децата артисти, не им се јасни пропорции, повеќето цртаат стикмен човече со голема глава преголеми дланки и кондури, и дека во толкави ситни детали да се анализира детскиот цртеж е малку претерано. Мое мислење. Повеќе важно е каква фигура всушност црта и без донесување заклучоци да се праша детето само да го објасни цртежот, со помошни прашања како ова камион ли е, значи не е противпожарно возило, или ова добрата вила ли е, отколку да се донесе заклучок дека нацртало вештерка. Како што гледам детето на тебе Геа само си објаснило што црта, а ти си ја разбрала од каде се во глава влезени. Можеби добар совет би бил, не само за мајки туку за сите и тетки и дади, ако ти даде цртеж дете, кое очигледно ти дава приказна, после браво и фалење колку убаво цртало, и фала, пред лепење на фиждер да се праша детето за сите работи на листот што се и зошто се во цртежот.
Детските цртежи мислам дека не се употребуваат како самостојна техника за утврдување на нивната психолошка состојба, тоа само во клиники каде се црта по упатства, надополнето плус нели со резултати од останати тестови и методи. Вака секојдневно, децата примаат многу информации па се може да се најде на нивните цртежи, но треба да прашуваме, да се интересираме за нивните цртежи. Постојат во психологијата знаци кои укажуваат на тоа што се случува во главчето на едно мало дете, но многу од симболите можат да бидат случајности без никакви значења што најчесто и се, па мислам дека треба како родители да се задржиме на она површно читање на цртежите, освен ако не забележиме некоја очигледна драстична разлика.
Kerka mi koristi mnogu crna boja ili drugi temni boi. Se zagriziv i zatoa otvoriv na temava da vidam iskustva. Vaka e mnogu veselo dete i aktivno dete,mpostojano se smee i zakaca. Ima 2 ipol godini. Ke kontaktiram psiholog da vidam kako, pa ako saka da ja proveri, ke ja odnesam. Koga ke ja prasam sto e toa, samo luge mi nabrojuva( mama, tato, baba, dedo i taka) bez predmeti ili vesteri, vampiri.
Синко деновиве е активен и се дружи со хартија и боички. Повеќе сака да црта со пенкало додуша, но важно е дека сака да црта. Негово објаснување погоре: сонце, виножито, облаци, дрво во кое има пиле и долу врата за зајчето, една пеперутка прелетува, дрвена куќа, цвеќиња, трева и река - кругот е реката поправо. Монт Еверест Добро што прашав-цртежов доби друга димензија и не беше повеќе обична планина. Создадена од карпи и камења со знаме одозгора. Пат до пештера - домот на мечката. Река тече долу исто со камења. Пердувите му се снегот.