Yeah right! После да го уценува со детски муабети - Јас ти дадов се, ти дадов невиност, дрн дрн. Многу филмови глеате.
Зависи од машкото. Ако е некој шалабајзер со променлив и тапа карактер, без некоја реална почит, туку фолирант и заебант, гарант му е гајле дали сте невина или не сте, и колку партнери сте имале. Тој тип ќе ве вози додека му е кејф, а од таков ниту вистински чуства и љубов, ниту грижа и емоции, чисто тепање време со вас. Е доколку збориме за искрен и стабилен дечко, кој ја цени и возврака на вашето внимание и љубов, секако дека тој би ви понудил стабилност и искрена врска со љубов. Мислам дека нема машко од овие вториве кој не му е грижа колку партенри сте имале. Дечко ми уште додека го запознавав сам кажа дека во Скопјево се знаат кои девојки се кои и какви, и речиси да ги нема оние мирните, без бурни врска/врски позади себе, партнери и урнебес настани. Логично е дека го интересира и му значи невиноста кај вас, исто како што и вас ви е битно тој да не легнува различна девојка секоја вечер, или да сменил многу парнерки. Ако машко рече дека му е свеисто ако девојкаму била со 2-3ца или е невина, сигурна сум дека лаже,посебно со оглед на тоа дека машките се искрени мегу себе и знаат да кажат и оговараат , т.е да осудуваат полесно. И те како им е важно да бидат со мирна и стабилна девојка, со која ќе делат и љубов и кревет и се, а невиноста е најчеста кај таквите девојки, а севкупно тоа се цени и му значи.
Едно не ми е јасно зошто дозволувате некој да ве цени повеќе или помалку врз основа на едно парче кожа ? Тој химен е мој и јас само јас одлучувам дали ќе се скинам на 17 или на 78 год. Реално и ние сме човечки суштества и ние си ја имаме таа биолошка потреба за секс , не амо они. Што не се чува маж невин до брак? Кога сами си дозволуваме да судиме на женскиот род , автоматски тоа го прави и послилниот пол . Маж ретко ќе рече к**ва е таа што имала 4 интимни партнери за разлика од жена одма ја етикетира.А чувањето невиност во брак ,и скратувањето на задоволства на жените умре уште во турско
Единствени девојки што ќе речат дека на машките им значи невиноста, се девојки до 18 години. Повозрасни не ми се верува дека сеуште така размислуваат. И евентуално баби над 60 години. Сум разговарала повеќе пати на оваа тема со машки, и самите рекле дека не би сакале ни да имаат ништо со невина. Имало и такви што веќе имале искуство со "чесна" , и после тоа се колнеле самите себеси. Дефлорација уште од мали, на сите женски! Дај боже да дочекам вакво нешто. Со тоа би се скратиле маките на двата пола, посебно на женското да не трпи некакви си психички притисоци. Да се мисли на кого да му ја "подари" невиноста, тоа големо "богатство" , па дали ја заслужил некој, па да се замара дали имало крв или не па сега дали ќе и верува дечкото... нека престане еднаш ова. Ако некој ме сака не треба ни да ме праша колку сум имала пред него, или цел живот да ми ја пука главата што не ми бил прв. Ако ти е криво, зошто си тогаш со мене, зошто си ме одбрал мене? Оди во градинка, земи си некоја и чувај ја само за тебе. Јас лично, ако сретнам машко со таков став, не сакам ни да разговарам понатака со него, ниту да имам какви било контакти со него, не па врска или брак. Едноставно не сме на иста фрекфенција.
И полека малку. Сум забележала, не само овде, туку и на други форуми, многу комплекси се лечат околу оваа тема. Какви се не коментари Вака отстрана гледано делува ептен.. ајде подобро тука да прекинам иако имав нешто да кажам околу 'поборницитe' за дефлорација уште од раѓање. Ако некоја се фрустрира и е преокупирана со изгубената невиност и сега као новородени женски деца треба да и се искупуваат -.- А за тоа замарање со глупости од типот што мислеле и што сакале мажите.. ах бе жени..
Ако се замарав ќе требеше да се чувам невина до брак можеби Темава е општо секоја да си даде мислење, никоја не е будала да се замара доживотно со прашањето "што мислат мажите за невините девојки", преокупација сигурно не ни е. И ако воопшто комуницираш со машки лица, сигурно некогаш дошла оваа тема на муабет. Јас лично сакам да разговарам со личности од другиот пол и да навлегувам во нивната психологија, да ги воочам разликите, да се развие тема на дискусија од тоа кој како размислува. И да, еден ден ќе биде и тоа во Македонија , ако не по 20, може по 50 години ама ќе постои. Ќе има дефлорација на женските уште од мали, и гледано од психолошки аспект многу би им помогнало. И воопшто не ни помислувам на мојата изгубена невиност, зошто не ја гледам како нешто толку трагично, колку толку убаво помина и сигурно не ми е фустрација, и не ми влијае на сегашново размислување околу таа тема. Ако човек според мене не сака барем малку да навлезе во машката психологија, некои чисто од љубопитност, некои од некоја си друга икс причина, не би дискутирала со такви кои гледаат само право. Што повеќе знаење имаш од секое поле, тоа си побогат", а ништо не треба да му биде преокупација на човека, едноставно ќе станеш поитра во некои ситуации, и имаш повеќе искуство во животот.
Така жени вие само тоа гледајте што мислеле мажите. После ќе се чудите зошто мажите владеат со светов. Дека се лечат комплекси на вакви теми се лечат јасно е одамна. За дефлорацијата немам коментар. На вашите деца што сакате правете им. Мојата ќерка сама ќе одлучува за себе.
Мислам дека се зависи од карактерот на дечкото. Можеби навистина некој не сака да се мачи со невина, да чека да се реши кога да легне со него, па додека се опушти и 300та чуда но сигурно и никој не сака девојка што легнала со пола град. Лично ме иритираат личности кои за т.н сериозна врска сакаат само невина девојка или пак девојка која немала многу дечковци иако тие вртеле женски на кој бројот не им се знае. Но ме иритираат и личности кои шират муабети од типот ама брат знаеш невина е - никад нема да ти даде или во превод заостаната е и фали нешто и сл. Ако меѓу двајцата постои љубов и разбирање се ќе биде во ред. Минатото си е минато и не треба да му се посветува толку многу внимание а уште помалку да му се посветува внимание на некој кој зборувал вака или така... Ај невините нека немаат дечковци или пак оние кои имале односи нека не се мажат. Глупости!!! Секој има право да си одлучи за себе и за тоа кога и со когу ќе почне да има сексуални односи. Од брзање нема потреба. Порано или покасно ќе се случи.
Мислам дека им е важна. Можат да одат со многу жени, но кога ќе стане збор за земање жена за сопруга, дома, битно им е каква е, дали е невина или барем колку партнери имала. Ама и мене исто ми е битно тоа. Не го гледам тоа како заостанатост. Не знам зошто на секоја скромност и прибраност се гледа како на заостанатост.
za mene znachi momentot koga ke mi ja kaze nejzinata tajna. toa ja kreva nejzinata zenskost do maximum
Ама ајде дее.. Имам 14 а тој 18. Знам дека сум мала, но сме зборувале на таа тема. Секако дека нема уште сега да му дадам... тој знае дека сум невина, девица и на прв поглед како што делува и се однесува спрема мене, мислам дека се радува што ке ми биде прв.
мислам дека ич не им значи. Пример јас остнав невина до 20 години за што ? Да ми раскине после 7 дена. Така да тоа е мојот став не им значи ич
Eпа вака една моја другарка имаше долга врска пред да запознае сега еден дечко.Секако не е невина сега.Излезе со новиов дечко кој е поголем неколку години од неа,тој многу убаво и добро се однесува.Е сега неа ја загрижува дали ќе му пречи тоа што таа била интимна пред него да го запознае?
Денес дури мислам дека машкиве се плашат да скинат некоја да не биде после ти си ми прв, ти подарив невиност бла бла сеа не смееш да ме остаиш па ако ми раскинеш ке сечам вени итн. Многу притисок се ствара кај женското на тема леле кој ке ми биде прв, па како ке биде чинот. Никој денес нема да те цени повеќе ако ти бил прв и слично. Мислам дека веќе тие работи се сменети, не се ко порано..
Мислам дека не им значи баш многу, ти ке се покажеш каква особа си во врската, дали може да ти верува или не... јас бев невина до 23, он не веруваше и не очекуваше кога ме запозна и кога ми кажа дека сака врска со мене дека ке испадне дека сум невина, зошто реално до 23 години девојките веќе имаат по неколку подолги врски и многу јасно дека нема да се држат за раце само со дечковците. Мојот имаше среќа што јас немав подолги врски, се изненади кога му кажав и му беше мило, ама не беше најбитна ствар.
Мислам дека се е до карактерот, како тој си ги толкува работите. Еве на пример на мојот прв дечко му беше многу битно тоа шо ми беше прв , ко да е којзнае што.. А сега на ''малиот'' воопшто не му е.. не ни знае кој ми е по ред, само дека сум имала долга врска пред него.. битно е ние да сме среќни.
На многу мажи им значи невиноста на девојката. Повеќето сакаат да имаат секс со невини девојки. Јас ја изгубив невиноста на 22 години, со маж ми (тогашен дечко). Кога му кажав дека сум невина, не ми веруваше. Тогаш тој ми кажа дека и да не бев невина, тоа немало да му значи ништо. Ако мажот ја сака девојката, нема да му биде важно со колку мажи пред него таа имала секс.
за некои машки и те како е важна невиноста.познавам дечко кој сеуште немал односи а има некаде 19 години срамежлив е ама не до толку за да нема односи.тој уште од мал пораснал со таа мисла кога ќе порасне да си фати невина девојка. а пак за некои машки не е толку битно тоа.како и да е и кај и да е ако си невина кје треба да се скинеш кога тогаш....