Скината девојка да го остави првиот со кој се скинала? Уау, просто нереално е тоа.. еве и јас се чудам уште како би можела. Ај, малку да елаборираме околу поимот "скината" прво. Тоа се мисли на кинење на хименот? Девојката тогаш може да биде "скината" уште од малечка зошто се случува таа мембрана да се скине при некоја повреда или при спортување. И на хименот се придава толкаво значење? Или на воскликот, триумфот кога мажот ќе го стави својот полов орган во вагината и од таму ќе потече крв? А постојат и еластични химени, па хм, можно е и воопшто да не потече... И што правиме? А за тоа дека девојката може да го остави тој прв, може, и тука не се работи за тоа колкав кур имал дотичниот, може не е ни до тоа каков бил во кревет, луѓе раскинуваат долги врски од по 4-5-6 години.. Постојат сто други фактори. Може и момчето да ја остави девојката, после 1 година, две, што значи тоа, дека ја искористил за секс? Знам пар каде девојчето се "скина" со дечкото на 20/21 година, одеа две години, раскинаа, заради причина сосем неповрзана со секс, големина на полов орган итн.. И што сега, девојчево треба да се чувствува искористено? Нејзе и е жал дека врската завршила, зошто го сакала и била емотивно приврзана со него, но има други работи кои се фактори во една врска за таа да опстои, нема тоа што тој и бил прв да ја одржува вечно, нели..
Јас лично го оставив тој што ми беше прв заради други причини фала богу...Па фантазија било леле човек што се не ќе изначита тука за никаде овие коментарите
@HUNK Делот што го цитираше од моето мислење не се однесуваше на тебе, ама изгледа се пронајде во тоа алфа мажјак кој сака да има секс, а да земе невина жена. Голем дел од тие девојчиња што ги спомна не би страдале од тешки комплекси ако не беа израснати во опшество каде што од мали се учат дека жените не треба да имаат сексуални нагони, дека невиноста е нешто најсвето кое што треба да се чува за брак додека машките се охрабруваат ако е*ат нешто. Самиот тоа го потврди со тоа што не оправдуваш девојки кои си ги задоволуваат своите сексуални нагони а ништо не рече за тие дечковци кои ги оставаат своите партнерки откако ќе го добијат тоа што го сакаат.
Ти алудираше на нас,кои се држиме до моралните вредности,ама сакајќи да постигнеш друга цел,ти помеша сосема два различни поими.Прво, Алфа-Мажјак е израз во Биологијата за да се опише супериорноста и сексуалната доминацијата на едно животното кое е од машки пол во неговото крдо/чопор/јато.Ние луѓето имаме наука која се вика лингивистика, и во неа синоним за Алфа-Мажјак е блудник а блудник не може да биде некој кој е морален.Затоа јас неможам и да сакам да се пронајдам во твоите цитати. Второ,пак не збориш со факти.. Ги учат дека невиноста е најсвето а едвај чекаат да се скинат..? Хмм... тоа најверојатно не е Македонија,бидејќи еве,може по коментарите овде да видиш колку ги учеле за ''светоста на невиноста''. Инаку може да го прочиташ насловот на темата и да размислиш зошто не ги спомнав машките и нивните дела.Ако не ги спомнав,не треба автоматски да заклучиш дека ги поддржувам.Напротив,истото мислење го имам. И да,сега одеднаш преку ноќ, сите почнаа да ги оставаат први нивните дечковци кои ги имале.. @LeleD се случува,човек сум.
Инаку, аман веќе доста мешате поими и концепти и ги едначите педофилијата, зоофилијата и хомосексуалноста. Кај првите две НЕМА меѓусебна согласност за сексуалниот чин, кај хомосексуалноста има. Не ми се верува дека се уште не се разграничуваат овие работи. Друго, стапката на разводи расте бидејќи, нели, жените денес имаат право да работат и заработуваат и да не толерираат се што им се наметнува. Не ми се верува со какви аргументи се служите, а тука ми цитирате некакви си научни списанија.
@HUNK се пишува не може. И тоа во иста реченица кога објаснуваш за лингвистика. Инаку токму така како што кажуваш, преку ноќ и јас го оставив првиот. Чисто колку да се најдам во муабетов, да не испадне дека сум тука само да лекторирам
Добро де,гледаш колкав параграф пишувам.Што ако сега сум направил паравописна/печатна грешка ? Важна е суштината и поентата. И тебе еве ти верувам... многу дечковци беа оставени оваа ноќ.. Сега кај и да е,некоја ќе пише дека она го киднапирала и силувала нејзиниот прв дечко,а не дека он им ветувал.. eternal love
Муабетот ми беше дека не можам (види како треба) да те земам како веродостоен извор да ми појаснуваш што било што во лингвистиката. Оттука цела поента ти пропаѓа во вода. А мојот беше оставен пред десетина години. И да, ти го сфатив сарказмот. Се надевам и ти мојот.
Ете,и ти направи печатна грешка и сега си табула раза за Македонскиот јазик.. така? И сега за тоа ќе дебатираме..? Затоа обрни внимание на суштината.Печатните грешки не се важни.Продолжуваме со темата.. Се разбравме
Печатна, не правописна. И веднаш си ја редактирав. Инаку, еве на темава: маж кој е сигурен во себе и во својата сексуалност и сексуална потентност (секако карактер и останати социјално-општествени способности и капацитети) ама ич не го интересира дали пред него имало еден или дваесет. Затоа можам да сфатам дечки од околу 20 години да бројат. Се останато е симптоматично за машкото.
Кога веќе самата се понуди да бидеш жртвено јагне.. Ние Македонците викаме ,,На лагата им се кратки нозете''.Ова не го пишав што мене ми е гајле за тебе и твојот дечко,туку чисто како аргументација дека сум во право за се она што го пишувам а поготово за коментарот: Ете за овие работи пишувам цело време.Проклета да е немилосрдноста во мене..
Јас би сакала татко ми то да ми го речеше ама имам типична машка горила дома. Штета шо неможев да бидам многу полоша ќерка од ова сега
хахахахаххаха ако не ти е гајле зашто зборуваш така за женските,даде пример дека такво нешто немало еве јас спротивно ти кажав за да видеш дека има..Само кажи ми,ако ти го хакират и овој профил пак за исти работи дали и друг ќе правеш многу ме интересира зошто досаден стана мислам и овој ќе ти го снема у скоро време