Jas samo bi rekla tesko na nevinite devojki denes. "Ke si imaat nevini i cesni i pametni mazi". Bas mi tekna na edna slucka kaj nas pred 3-4 god. Devojka pametna nevina od najmoralno semejstvo, ja omazija so strojnici za nekoe si amerikansko migrantce. I toj ja vrati doma odma istata nok zosto bila nevina i toa bilo uvreda za nego go ozenile so nekoja sto nikoj ne ja sakal pa nemu mu ja nametnale. I kutrata devojka nakraj ja omazija za nekoj postar da ne bide stram vo semejstvoto. Zatoa vikam tesko i na nevinite.
Мене не ми е важно на мажот колку му значи . Важно ми е да сум јас чиста (еден) , да немам за што да се каам и срамам. Нема некоја филозофија .
Колку една девојка е невина или виновна не ми игра голема улога освен ако не е премногу виновна. Се надевам ја сфативте метафората. Нормално дека ценам невини женски на 20+ години иако во денешно време тоа е реткост, а на некого може да му е чудно како е некоја невина на 20+ години. Јас немам такви предрасуди. Секој е господар на своето тело и може да прави што сака, па и да не го дава никому додека не ја најде специјалната особа. Поштуем невини девојки, иако знам дека ретко која на 20 и кусур години е невина. Разбирам да имала неколку партнери но да не се премногу иако никогаш не можеме да знаеме колку точно, пошто секогаш сме “само“ вториот партнер кој девојката го имала. На крајот на краиштата невина или не времето си минува.
Гледам, со сите оф-топици, ми го избришале и мислење кое всушност беше пригодно за темава, па отприлика да си го повторам: Во глобала, на оние мажи кои им е преважно девојката да биде невина, се или премногу ебачи ( вртат премногу девојки, па не можат поштена да си најдат ) религиозни ( верата им налага невина да земат, а за себе не е битно со колку биле ). Заедничко на сите овие им е што се сексуално исфустрирани социопати, кои не знаат како да пријдат на девојка, па затоа мразат и понижуваат жени 24/7 наместо да увидат каде грешат, и да проценат дали и што имаат они лично да и понудат на било која ( невина ) жена... Додека пак во глобала, невините жени кои сметаат дека треба да имаат само еден партнер, сметаат дека се подобри и инфериорни дури и од оние со само двајца партнери. Мислат дека мажот никад нема да ги изневери, дека свекрвата ќе ги двори, и директ во рајот ќе одат... Затоа што тоа е единствената ( морална ) вредност на жената... И истите тие први ќе скокнат да нападнат жена, само за да им се улизуваат на горенаведените ,, мажи ,,. Жално...
Проблемот е што се едни исти се навредуваат, Нити сум е*****а , нити па Монахиња , мене ми беше важно првиот однос да го имам со некој ЧИСТ. И да го барав , немаше да го најдам. Ти се навраќаш упорно на темава со офтопици, веројатно си имаш скриен комплекс. Ако некој сака да ужива во еден , што се мешаш и вреѓаш??? Како што тебе може ти се сака со 100 луѓе , така нас со еден. Ова се вика морал! Ако ти не почитуваш, остаави не и ние изродите да се искажеме.
Порано ми значело ама како што зрееме(старееме) така и по различно ги гледаме работите,сега искрено не ми значи затоа што секој имал минато и неможеме да судиме.Сеа нормално не дека би имал односи со некоја што идела од кол на кол,ама да се има граница. Веќе времињата се сменети не е како порано,порано имало големо значење невиноста кај една девојка/жена,али веќе живееме во модерно време.
Јас ниеднаш не навредив ни една невина жена, ниту пак нејзиниот избор за тоа, туку ти се пронајде навредена, @Petra777 во моето мислење за мнозинството од истите тие жени, затоа што и ти си една од нив. Додека јас ,, навредувам ,, ,, мажи ,, кои ја споредуваат жената со дупка за празнење која има рок на употреба, ти на истите тие лајк им ставаш или пак со сеир се смееш на нивните ,, паметни ,, досетки со кои ја понижуваат жената. Затоа, ме нападна мене, а не оние погоре наведените, кога го навредуваа цел женски род! А за тоа дали имам и кои се моите комплекси - јас нит сум се пофалила дали сум невина или ,, виновна ,, , ниту сум пишала колку партнери сум имала. А најмалку сум осудвала некој за тоа... За разлика од тебе... А ти @Bitter-Sweet, наместо да се чудиш за моите мислења, можеби фала треба да ми речеш што ми е грижа дали некој ќе те рече курва, оти веќе не си невина... Исто и ти @Petra777. Ама не, неправда е само на тебе ти се случува...
Ај прочитај си горе уште еднаш што си пишала и зошто те цитирав и не ме цитирај повеќе. Кој цел женски род ? Ја не се пронајдов. Ти пиша за сите што сакаат еден .Ете ја сум жена и сакам. Ајде сеа папа !
Сите сакаат љубов и хепи енд како од бајките „си живееа среќни, весели и исполнети до крајот на животот“! Меѓутоа, не успеваат сите врски па така има и втор, трет, четврт. Да, идеално би било сите да останат со првата голема љубов и да нема повеќе разочарувања, солзи и скршени срца ама јбг-живот Е сега, ако некоја мисли дека е повредна, почиста, поморална... накратко- подобра од сите останати девојки и жени кои не се омажиле за оној со кого ја изгубиле невисноста, епа, јас лично таа девојка ја жалам Тажно е самовредноста и самопочитта да и се базираат на тоа колку партнери имала (односно, немала) во животот. И да, уште потажно е ако некоја девојка смета дека во 21 век состојбата на хименот е причина за почит и воодушевување од страна на партнерот. Фала, ама не фала.
@Gosh тоа го напишав затоа што, иако поентата ти ја сфатив, изразувањето ти беше лошо. А грижа на побарав, кој што сака нека рече.
Епа извини ама темана за тоа на колку ја изгубиле невиноста, на 14,15,17,19??? Па и не може да има хепи енд мн нормално. Еве и втор ок. И трер. Ама и четврт да не го бива ? Се е до воспитување ама тоа е.
Околу ова се согласувам Да, до воспитувањето е и навистина сум среќна што имам здрав став кон женската сексуалност И што да ти кажам друго, освен дека се надевам дека ќе се омажиш за оној со кого си ја загубила невиноста и дека никогаш нема да се најдеш во групата на „невоспитаните“.
Ајде да речеме имала 3-4 дечковци, значи имала најнормални врски и имала секс со сите тие, ок...се сакале, се почитувале, се привлекувале, може мислела дека тој е тој вистинскиот и нормално паднал и сексот....ајде пак и пак...Ама тие девојки што имаат секс за една вечер, е тие не можам да ги сфатам. Како може некој толку многу да ја привлече за да има секс, и никогаш веќе да не го види човекот. Или тие што се мешаат по туѓи врски. Знае дека некој дечко има девојка, ќе го види излезен сам со другари, може малку пијан и таа му оди кај него, му се пушта јасно и гласно дека сака секс со него Тие ни морал, ни воспитување, ни осет, ни бутур немаат....ќе оди со кого нашла, со зафатени, со женети, со постари, со помлади и на крај ќе најде некој мирен што не видел пи*ка во животот и ќе си го земе, ќе си го лаже ко што сака. И тој уште ќе ја почитува и ќе се колне во неа. Да си толку расипан треба дарба да имаш... И затоа не може да се прави споредба помеѓу тие девојки што имале секс со дечковци кога си биле во врска, и тие девојки што се секоја вечер со различен, што уништуваат врски и бракови...
Фала што се грижиш, верена сум . А тоа за ставот индивидуално. Колку е здрав , не знам. Мене мајка ми не ми рекла иди ќерко убаво е тоа, како чорапи мењај ги. Нити па така ќерка би воспитала. Ако ете не е срамно и е разумно , зошто не си кажете бројка на партнери? На новиот искрено кажувате кој е по ред????
Како што ние не им коментираме за нивната должина, ширина и тело..така и тие немаат право да коментираат за тоа ако не биле први ..