1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Значењето на невиноста кај девојката за денешните мажи

Дискусија во 'Секс' започната од TilaTequila, 23 јуни 2010.

  1. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    @Dust, значи ама и немора да значи :D.
    Вака сега, ако некоја си е мераклика и си оди од к на к, тогаш таа и до 20 години ќе си има веќе 4-5 партнери, а ако не се омажи помлада, до 30 години, 10 не и бегаат, али ок ајде ваквите девојки да ги оставиме на страна, во една продавница секогаш има производи кои се рефус, па така и во општеството има девојки и момци кои се рефус.

    Ајде да зборуваме за некоја нормална девојка (иако денеска веќе не се знае што е нормално), која првиот секс го имала на 17 или 18 (идеална возраст за губење невиност според мене) години, тој и бил прва посериозна љубов и решила да има секс со него, да речеме биле заедно година и некое време ама од некои причини се разделиле, потоа нормално следува пауза, вториот да речеме и бил на 21-22, исто биле одредено време заедно, ама еве и тој не и се погодил од некоја причина, трет имала на 24-25, и тој не го бивало, и сега после овие три неуспеха, белким таа девојка стекнала доволно искуство за да знае да процени кој дечко сака да биде со неа само заради секс, и станала доволно зрела за да знае што сака во животот.

    Ако го земеме податокот дека просечната возраст на жените од Македонија кои стапуваат во брак е 26 години, а таа девојка имала три сексулани партнерки до 26 години, тоа значи дека ако таа девојка планира да се мажи, веќе со наредниот дечко треба доста сериозно да размислува на тоа, а тој нареден дечко да речеме дека ќе го има на 27-28 години, али еве немала среќа девојката и овој не и се погодил, бил ептен добар лажго да речеме, и ветувал се и сешто, ама уствари тој ја сакал само заради секс.
    И сега таа девојка веќе ќе има 30+ години и сеуште ќе биде сингл, а јас реков ако е постара девојката прифаќам да бидам и 5-ти, што значи ако ја запознаам на 31-32 години, стапиме во врска, а таа ми каже дека пред мене имала 4-ца, јас ќе го прифатам тоа.

    И да се разбереме, не секоја врска значи секс, така да на пример некоја девојка или дечко може да има во текот на својот живот да има 6 дечковци/девојки а 4 сексуални партнери, јас сум имал таква врска која траеше 6 месеци, ама без секс, нормално, прво решивме убаво да се запознаеме, а ако планираш сериозно да градиш врска со една особа, неможеш таа особа да ја запознаеш и да и ги научиш сите нејзини предности и маани за толку краток период. Откако поминавме 6 месеци заедно, настанаа некои недоразбирања и решивме да се разделиме.

    Сексот треба да биде последната етапа во една врска, али тоа се почесто не е така, многумина кога ќе стапат во врска прво имаат секс, па потоа се запознаваат, и откако ќе се запознаат убаво, сфаќаат дека се далеку од еден за друг и се разделуваат. Како што кажав погоре, кога еден дечко и една девојка ќе стапат во врска треба прво убаво да се запознаат, ама баш убаво, и кога ќе бидат 100% сигурни дека се еден за друг тогаш треба да преминат во последната етапа од врската, а тоа е сексот.

    @Dust, според мене едноставно неможе сексот на некоја девојка со нејзиниот дечко да и биде лош, ако таа е толку многу е заљубена и го сака него, за да не и се погоди сексот треба на дечко и или да му биде многу мал за нејзините критериуми и вкусови, или да му биде многу голем, или пак да е невидено ,,дрво'' во сексот, ама и да е толку лош, тоа може да се подобри, никој се нема родено учен, барем во денешно време достапни се многу информации, луѓето може да се информираат за се, па така и за сексуалните односи, така да можеби на некој пар сексот на почетокот ќе им биде лош, ама со тек на време, ќе им стане се подобар и подобар, затоа, според мене, ова треба да биде една од најретките причини за разделба помеѓу еден дечко и една девојка.
     
    Последна измена: 4 јануари 2017
    На Mizi123, Bitter-Sweet и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Velis deka ako zenskata imala prv seks na 17 god pa raskinala treba posle sleden pat da ima seks na 22 godini
    da fak kako ...?? Idi ti izdrzi 5 godini bez seks ...
     
    На Згодно Момче му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    172.706
    Пол:
    Женски
    Прво, фала на долгото обраќање, барем си посветил време..


    Значи ама и не мора да значи...делумно си во право...НО:!:

    Каква ти е бре таа врска на 20 и кусур години без секс?8-| Па уште и 6 месеци без секс? Тоа е врска? Стварно? Платонска? Јас еве на овие години мои (26) не можам да замислам со некого да се држам за рачиња 6 месеци а мене хормоните да ми вријат. Да го посакувам и легнуам само со поглед, да го бакнувам и да чувствувам дека сум попалена до немај каде, ама не - ќе се држиме за раце, да се запознаеме прво...
    Многу е ниско на некоја да и броиш дечковци. Изгубила невиност со 1 на 17, раскинале, легнала со втор на 19, легнала со трет на 21, легнала со 4тиот на 23, со 5тиот на 25, со 6тиот на 27.. И не менувала секои 3 месеци нов..
    Растурена е? Не е вредна што на 2 години легнувала со нов? Ама ете веќе има 6?А ти си и 7ми?

    Кој кажа дека треба да се мажи таа на 26? Еве јас на моиве 26 за брак не размислувам, а не па да се мажам. Зошто? Затоа што не чувствувам потреба да бидам во брак, затоа што ми е убаво како што сум моментално..Тоа не значи дека ако го најдам НЕГО, нема да размислувам за брак, туку ете сега не мислам:)
    Во контекст на муабетов, никогаш немам спомнато колку партнери сум имала и искрено ќе го сметам за крајна навреда некој да ме праша за истото.
    Се додека не сум била растурена и пола Скопје не ме знае, добра сум.
    А во СК и сам знаеш дека е бетер од село, вестите се шират како вирус..



    Ако земеме просек дека еден маж стапува во брак на 28 години, колку жени поминал тој? Вака статистички гледано?
    Сакаш да кажеш дека секој ден дркал на порничи и не си наоѓал по некоја за секс? Не се сите такви, ама мнозинството СЕ. Почнувам од оние што ми се пуштале по кафичи, завршувам со слободните машки што ги знам од моето окружување.



    Сашко,
    Сексот нема апсолутно никаква врска со заљубеноста. Или го бива за секс или ќе учи..
    Можам со 10 да легнам до крајов на неделава, дали значи дека ги сакам? Пу пу, скраја да е.
    Љубовта е нешто на сосема друго ниво. Барем за мене, за ниеден перфектен секс не би ја трампала. Неговата прегратка, неговиот поглед, неговиот допир, неговото "душиче мое", неговата поддршка..Ако не му успее од прва да ме вивне во облаци, од 5та ќе ме задоволи..ќе научи.

    Луѓето раскинуваат поради тоа што едноставно животните патишта им се разделуваат, поради тоа што не чувствуваат веќе тоа што чувствувале, поради грешките во врската, поради неверство, поради насилство....... еден да слушнев дека раскинал поради секс, па да го ставам на список како причина.. ама не сум слушнала од моите блиски.
     
    На Trxmx, Згодно Момче, ku4ence и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Јас реков 17-18 и 21-22, може сексот да биде на 18, врската да трае 2 години, па потоа вториот секс на 22, тоа е пауза од 2, а не од 5 години. А плус дали знаеш ти колку жени има во Македонија кои се мажени, а секс имаат многу ретко, бидејќи нивните мажи работат во странство доаѓаат дома по неколку пати годишно, нормално, зборувам за верните жени, а не за неверничките кои имаат швалери.
     
  5. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Pa i redok seks e podobro od nemanje seks ic ...
     
    На Згодно Момче му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па вака, и јас прво да кажам дека ти си една од ретките на форумов која не плука и не упатува лични навреди кон мене, туку дискутира на нормален начин, што е за поздравување.
    Инаку делумно и ти си во право, али ова е многу широка тема, и за неа може бесконечно да се дискутира, секој си има свое мислење во поглед на овие работи, јас само изнесов едно мое општо гледање на работите, никаде не напишав дека вака треба да се однесуваат сите девојки, впрочем, тоа е невозможно, секоја си има свои размислувања и свои погледи на животот, ти си ги кажа твоите размислувања и твоите погледи на животот, ама ти си само една од 1 милион жени во Македонија, исто како што јас сум само еден од 1 милион мажи во Македонија.
     
    Последна измена: 4 јануари 2017
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ste ispisale 43 strani.:o

    Bravo denesna mladino.:clap:
    Ova bese stramno da se spomnuva pred 30 god, a Vie uste verglate.(fingers)

    Zatvarajte ja temava.
    Alo , stramota e.:nod:
    Odite citajte za da naucite sto se pisuva/prasuva, sto ne.

    Vo sok sum, sto li uste ke procitam.:envy:
    Vremevo trgnalo nanazad.|(
     
    На Askopje, Ingvild, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Многу...многу глупа тема само машки што немале секс тоест се виргин имаат опсесија со женската невиност...
    Зашто? Затоа немаат (никакво) секс искуство и се плашат/срамат партнерката да не ги споредува со бившите партнери и да не му каже "озбилно ова ти е прв секс?" настрана тоа што од силна возбуда брзо влажнат.

    P.S. Ако партнерката е задоволна од тебе имате добар секс, и ти верна што е битно што правела во минатото и нели она кога ке го слушнам "абе брат растурена" ?!?!? мислам многу виргин-ско звучи.
     
    На Trxmx, eloves, ku4ence и 9 други им се допаѓа ова.
  9. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Доколу девојката имала до 40-50 сексуални партнери, тоа е сосем прифатливо. Тоа би му дошло 1 месечно, 10 годишно, за 4-5 години е најнормално (т.е. дури и 10 години ако гледаме 17-27 возраст). Плус и по некоја подолга врска во меѓувреме, ќе да е добра проценка. Воопшто не би ми сметало, но над 50 е веќе дискутабилно.
     
  10. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На Bitter-Sweet и DaftPunk им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ти чоек нормален си во тоа мозокот што збориш?
    50 патрнери било ок???
    Тоа е курва со тапија... И машко и женско.

    Да знам дека машко имал 50 сексуални партнери, ќе ми биде гадно да го плукнам а не да го бакнам (facepalm)


    Околу 98 партнери ако имал ок, ама ако се над 100 веќе е дискутабилно.
    (facepalm) (facepalm) (facepalm)
     
    На ToksycznaReakcja, Trxmx, Згодно Момче и 6 други им се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Јас мислам дека членот се зеза, веројатно сарказам е во прашање. Ако не е така, го замолувам да ме поправи. :D
    Над 50... боље порно ѕвезда ќе си барам за партнер, бар фејмс ќе биде ако ништо друго. :D
     
    На Читател, КикиМаус, Ingvild и 3 други им се допаѓа ова.
  13. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Сериозен сум :)

    А еве и да обрлазложам. За девојка освен ако не е ептен утепана, или ете ќе кажеме девојка со просечен а да не зборам надпросечен изглед, да добие секс е ептен лесно. Се' што треба да направи е да да даде дозвола, бидејќи момци цело време и пишуваат и плус и се ставаат во дискотеки. Нормално тоа ставање и пишување има крајна цел - секс. И тоа ова е без девојката да направи било што, а да не зборам ако почне она да им пишува, да им упатува погледи, самата да им се стави итн.

    Што значи, девојка ако сака може да има секс ако не секој ден, еднаш неделно сигурно. Годишно тоа е минимум 50 потенцијални опции за секс, а во период од 10 години тоа е 500. Нормално, вистинскиот број е доста поголем, особено за поубавите девојки на кои секој ден некој им се пушта, што за 10 години ке дојде над 3 000 "понуди" за секс.

    Е сеа, ако девојка има секс со 40-50 од тие 3 000, реално и не е толку многу. Доколку машко би имало толку шанси, би искористило многу повеќе. Нормално, тоа е и до негде оправдано зошто ние не ризикуваме бременост и нарушена репутација.

    Затоа не би ми сметало :)

    А и плус повеќе би направило разлика врз која основа ги имала тие партнери. Дали дека стварно и се свиѓале, или индиректно за пари, или ко што има многу девојки што имаат секс со своите шефови за да просперираат на работа и сл. Ова за париве и шефови е нормално ептен заебано. така да, тоа би ми направило повеќе разлика.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ама за да и се допаднале 50 души у период од неколку години треба да нема критериуми, а за да нема критериуми треба да биде од тие утепаните :?: така да, математиката паѓа во вода...
     
    На Priroden, eloves, DaftPunk и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.602
    Допаѓања:
    173.628
    Пол:
    Женски
    Ја не знам што се умарате со математики. Сексот не е ниту "непозната" ниту равенка.

    Во ред е. Секој со свои критериуми ама некогаш одите предалеку. Крај краева искуството не го праи бројката, туку квалитетниот секс. Може да имале 15 сексуални партнери, па пак да се згрчени во кревет, може биле со 2ца па се профи.
    И ок. Некои немаат никакви критериуми, зборам за двата пола, па на крај и тие ќе си ја најдат својата половина. И најчесто тие први се наоѓаат. Ама кои сме па ние да им лепиме етикети. Нивни живот, нивни избори.

    Не сметам дека денеска нешто посебно им значи на машките невиноста или бројот на партнерите на девојката. Освен во оние случаеви каде нивниот брат, братучед, другар, вујко и келнерот во првиот кафиќ бил со истата и тоа највеќе за да избегнат awkward моменти, додека знам други на кои тоа не им смета.

    Е сеа има и такви како Сашенка наш, што ни две ни три ќе те смести на полиграф, ама тие се ретки. Ќе почне и тој еден убав сончев ден или можда врнежлив, да има секс па ќе праиме муабет.

    Знам дека после првиот сите се втори :lol: мене дм ми е трет, го знае тоа, сме расчистиле не му смета, ниту мене ми смета што тој имал нешто повеќе од мене.

    Премногу се умарате со бројки наместо да се опуштите и уживате во истото.
     
    На Читател, Згодно Момче, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас толку често не излегувам во дискотека, а не партнери што ми се пуштале во дискотека да наоѓам :(
     
    На Читател, ku4ence, MayDiamonds и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
    Од крајност во крајност идат бисериве на повеќето машки членови во темава :drunk:
    Па уште со реферати и математики бе (и за двата екстреми мислам)... :D

    [​IMG]
     
    На Zlatna12345, Читател, ku4ence и 11 други им се допаѓа ова.
  18. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Однапред најавувам оф топик :!:

    Саше пријателче прости, немам намера да те навредам, но не дај Боже да ми се навее некој со слични гледишта на твоите :x

    Се предомислив, нема да бидам оф топик.
    Мене искрено, воопшто не ми значи партнерот мој со колку жени имал секс пред да биде со мене, нити па ми е проблем да му кажам со колку сум имала јас.
    Јас сум личност што претпочита отворени па и брутално искрени разговори со партнерот на секоја тема. Сексот секако не е табу, додуша за мене не постојат табу теми.
    Досега не сум имала проблем со партнер на оваа тема, нормално на ограничени момци не им оставам простор да влезат во мојот живот а камоли да бистрам политики на вака бизарни теми.

    Фала многу, пријатно.
     
    На Askopje, Dust, Priroden и 5 други им се допаѓа ова.
  19. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Прилично сум сигурен дека во Македонија има повеќе од 50 кул момци по генерација, а не па во период од 5-10 години. Плус тука е и одмори и одење по странство...

    Како и да е, јас само реков дека до 30-40 не би ми сметало, а не дека тоа е критериум кој треба да се исполни, или па дека очекувам дека бројката иде натаму кај сите :)

    Во секој случај, не мислам дека тоа треба да е толку важно, и побитно е како ви е на двајцата во времето кога сте заедно.


    Редактирано: Инаку математиката беше дека девојка добива голем број директни/индиректни понуди за секс, а ДАЛИ и КОЛКУ од истите ќе искористи, не го менува фактот дека ги добива. А тоа што ја го зборев, е дека ДОКОЛКУ искористи до 30-40 од тие 500-3 000 понуди, дека истото за мене е разбирливо и не би ми сметало (што не значи дека е преферирано, ила па дека е случај со повеќето девојки). Е сега, дали типката што искористила 50 е утепана или не, е ирелевантно. Со тоа што пак ќе кажам, сигурно има мнооогу повеќе од 50 (бар по изглед ако ништо друго) момци во период од 10 години што се ОК за една девојка, а со колку од нив нешто ќе се случи е друг муабет. :D
     
    Последна измена: 11 јануари 2017
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Да соберам не од минатите 10 години, туку од цел живот момци кои сум ги сметала за физички атрактивни по мој вкус, па да додадам и детски симпатии, пак не излегуваат 50... ноу веј.
     
    На ku4ence, eloves, Antolinaa и 6 други им се допаѓа ова.