ОК, сега откако знаеме што е мераклика, што е толку проблем ако, ете стварно, Е мераклика? Ако истовремено е и добра личност дали тоа ја дисквалификува како потенцијалнa партнерка?
Ако гледаме така може и жена во брак да биде мераклика нели? Ете и се сака .. А на мажот ако му се сака тој што е? Уживајте бе луѓе,не знаете што носи утрешниот ден а не после 2-3 год. Саше таа што ти ја нарече несреќничка, јас би ја нарекла среќничка. Подобро сама отколку омажена со некој дебил.
А мажот што на 25 е имал 5-6 партнерки како се вика? Или оп стоп тоа не важи за нив. Фраери се они. Колку само имате заостанати сфаќања. Тоа турските серии шо ви прават.
@Sashko1992 dali bi sakal da ja spodelis tvojata vozrast so nas? Ili barem odredena grupa na godini (15-20, 25-30...)
Може и во брак да биде мераклика, секако. Инаку мажот е мераклија . За тебе може и курвите да бидат светици, твое право е да мислиш што сакаш. Од 18 до 78.
Lugevo edvaj tablica mnozenje znaat, zemale matematicki formuli izmislile za "merakliki"/cesni/moralni/nemoralni luge...Tuka e problemot. Edit: Dlaboko se izvinuvam, gi zaboraviv famoznite "nesreknicki". AHAHAHA
Да знаеш дека некоја е курва треба да одеш со неа..инаку нема да знаеш која точно е курва . Така еднаш многу одамна ми рече сестра ми кога на 12-13год го употребив првпат тој збор. И ми остана како една добра лекција и збор што не треба да го користам. А ако размислеш ќе видеш дека во право сум
@Sashko1992, знаеш што ти посакувам јас на тебе? Едно убаво паметно девојче, кое ќе те сака до бескрај и кое ќе те гледа со искрени очи како ти да си единственото машко на овој свет. Ќе ти посакам никогаш да не се скарате за ништо сериозно, никогаш да не те расплаче, никогаш да не ја расплачеш. Ќе ти посакам секогаш да ви биде убаво заедно и гушнати да се соочите со сите предизвици кои животот ќе ги донесе пред вас. Исто, ќе те замолам, откако ќе почувствуваш што значи да сакаш и да бидеш сакан, да дојдеш повторно на темава и да пишеш дали уште ги имаш истите ставови како овие кои денес ги застапуваш.
Јас сериозно не познавам дечко што е 20+ а да му значи невиност, дури и преферираат „виновни“ за да не мора да поминуваат низ тој процес и остали перипетии што доаѓаат со него. Е сега за некои што ги има пола град поминато и се даваат за 2 пијачки и круг со БМВ се знае добро кои се и што се, никој со малку памет не би отишол со нив ни за една вечер да испофати секакви болештини.Јас под растурени на вакви мислам, а со дечко/мувач/friends with benefits/fuck buddy и слични варијации секој по својот есап нека си тера, кои сме ние за да судиме?
Значи мераклика е жена што има мерак да испроба повеќе парнери? А за мажот дали е океј да биде "мераклија"? Очигледно да, таквите мажи се фраери и за пофалба зошто тие "легнале" Додека пак, жените се за осуда бидејќи тие "биле легнати". Луѓе во кој век живееме да прашам вака?
Кај ни е крајот ако зедеме сите Сашко да го убедуваме што е правилно што не. Си има човекот свои мислење, свои критериуми и се надевам ќе најде тоа што бара.
Шала на страна се надевам ќе ја најде вистинската. Со размислувањево дека секоја е мераклика и не знам како ги нарекува малце потешко.
Другари не можам да ве пратам во дискусијава , @Sashko1992 да ти објаснам некои работи околу жениве. Секоја жена е мераклика, секоја сака пенис....некоја повеќе некоја помалку. ( дискутабилно ) Брзото време носи брзи инстант љубови и најчесто повеќе популарните фаци менуваат повеќе партнери од останатите непопуларни социјални фаци во неодредена средина. - Небитен факт. Во однос на социјален живот со добар ритам за просечно машко во Скопје цифрата за сексуална интеракција со девојка во периодот на годините 14-24 би требало да е минимум двоцифрена. За девојките минимумот може да е дупло помал во однос на машките во тој контекс. За да нема предрасуди мора да има изедначеност во искуствата за да можете да се сфатите помеѓу себе што е од есенцијално значење за да имате нешто повеќе од седење на date _ кафе на округла маса. Односот помеѓу женското и машкото е ствар на договор. Во ниеден случај не можеш да им објасниш на девојкиве што дискутирате за твојот став дека ако жена во периодот од 14-24 имала повеќе партнери од 14+24 е пролупана " фукара ", што се согласувам со тебе во тој контекс. Сапунот не е п%’ка да се потроши. Во контекс на прашањето за денешните мажи дали им значи невиноста > Од секогаш постоеле мажи што поштувале невиност и што не поштувале. Од секогаш имало сељаци животињи што им е битно само да свршат и од секогаш имало добри момци што поштувале невиност и жена како институција.
Некој би рекол дека оној што имал само еден или двајца партнери у животот е несреќник. Што значи, дефиницијата за среќа или несреќа у животот зависи од човекот.
Читател Истакнат член Stunned by how sex and reproduction controls almost everything. 15 април 2017 @Bender Rodriguez ти прочитав дел од мислењата и може универзално да се сведе на тоа дека се е субјективно ПозЗ3³ ®
Мене на пример ми е многу битно дечкото да ми е невин, зашто ако е виновен ќе треба да оди во затвор енд ајм нат инту бед бојс #лејмџоукајмнатсори Воопшто не ми е важно дали некој мисли дека сум "мераклика" или "затуцана" или било каква. Од што ќе речат другите си патиме. Моето тело си е мое, ако некој има одредени фантазии или барања во поглед на истото тоа си е само негов проблем и би го упатила подалеку од мене да си го решава. Така да... не ме интересира дали и колку им значи на мажите.
Едно време се дискутираше околу тоа далку некоја е невина или не, сега пак партнерите се бројот. Глупости на квадрат. Не знам до кога ќе се замарате со волку ниски и прости работи, што патем не треба да ве засегаат. Не знам од кај ги вадите бројките и епитетите, стварно не ми е јасно.
Така де... Ја не споменав дека сум светица (ова не ни треба да се спомене во ваква тема ама нека), не знам од кај ти падна на памет. Не навредив никој, реков лично за мене. Знаев дека е тоа-тоа, немам потреба од 2,3,4 партнер, затоа и реков помислата ми е гадна. Не се чував до брак, ама сепак стапувам со него во брак. А бев и спремна да чекам, ама ете не сум погрешила. Кога некој форсира или иде со такв намера,(познавам такви за жал многу) ќе има и шести и десети. И пред прстен имам коментирано за ова. Мене прстен и потпис не ми значат ништо, така да не гледам ништо во постов дека ја пишувам нешто за да излезам овде најневина. Ако некој се пронашол и се навредил, се извинувам. Патем, апсурдно е да се коментира на темава, те едно исто се врти од исти членови, а тие поддржани од кланови и така...
За ова прашање најкомпетентни се мажите. Помалку или повеќе секој маж се гордее доколку партнерката е невина,т.е доколку немала сексуални партнери пред него,тоа е факт барем во нашата мила република,да не се лажеме,но зависи и од карактерот на машкото , ако те гледа како бројка не му е важно истото. Затоа се остава простор да се запознаат меѓусебе партнерите,ако нема хемија тоа само луд нема да го примети,а не првин направи што ќе направиш,па после плачки. Е сега,гледам сте дискутирале за коментарот на еден член погоре. Според мене ,во денешно време да се најде девица која има 18 години е светско чудо,а на 20/и кусур научна фантастика. Бидејќи е реткост се цени и тоа многу,лаже тој што вели дека не му е важно партнерката што правела пред него,ако му значи и те како му е важно,а ако само за провод зошто би се замарал? Заради сплет на околности може да се случи да се смени партнер,но да се менува нон стоп заради некое лично задоволство,јас би рекла дека да, мераклика е. Ете јас таква сум,може припроста,заостаната ете таква сум. Јас до мојот став сум се дежела и сеуште се држам. Повеќе оправдувам заостанато сфаќање како моево,него било која особа,безразлика машко/женско да се секса со кого ќе стигне. Јас не генерализирам за жените, зборам и за мажите истовремено. јас не би била со маж што и самиот не знае кај колку го ставил,таквите за мене се кучиња и точка! Секој одговара за своето тело,не е мое да се мешам во ничиј живот,но ете изразив мислење.