Не сакам да те повредам, но се почуствував должна да ти кажам... На тој твојот ниту ти не си му важна, земајќи предвид колку грубо, без осет се однесува со тебе, не внимавајќи на твојата личност, чуства, одлуки. Овој по се, сака само секс. Од твојот пост заклучив дека и ти си до негде - но не целосно свесна за тоа, па сакав да ти потврдам само. Прекрасни мажи има на светов. Ќе те најде еден, само не се ограничувај со вакви будали. А тоа со кој ќе ти биде првиот однос, тоа е сосема твоја работа. Исто како што на машкиот пол никој не му спори за тоа која ќе му биде прва, ниту кога Па реално, која е разликата меѓу нас и нив????
Ne me povredi sosema si vo pravo svesna sum za toa deka ne sum mu vazna nego deka mu e vazen samo seksot a toa jas nemozam da mu go pruzam bidejki ne sum spremna a I znajeki deka ne mu znacam nisto ne bi sakala toj da mi bide prviot. Ti blagodaram so go spodeli svoeto mislenje
Ако те сака воопшто нема да му е важно тоа. Сепак секој си има свое минато и ти и тој итн ... Сепак сега може да се најде невина само на 12, 13 години .. Па ако му пречи нека си бара доста помала !
Имав еден бивши што викаше дека доколку некое девојче било скинато од некој друг, а не од него, тогаш не би прифанал озбилна врска со неа, исто така дека не би се оженил со некоја што е скината од пред тоа, значи доколку се оженел сакал тој да ја скине. Јас не можам да го разберам ваквото размислување, 21 век сме ретко да се најде девојче кое што не би ја изгубило невиноста пред да се омажи освен во местата каде што народот, девојките кои ја изгубиле невиноста пред мажење го сметаат тоа за срам на фамилијата или ги смета за нечесни и слично. Али јас мислам дека не мора да значи дека некое девојче е нечесно или расипано доколку ја изгубило невиноста пред мажење.
Леле кај ја видов темава, кај се запустив. Да се заклучи, да се запечати, да и се тури бетон одозгора и да остане во некои заборавени корпи на форумов или во некое катче за тоа како не треба да се мисли. Морници ме полазија од некои стари мислења, косата ми се крена.
Ова е комплекс на луѓе што мислат дека со тоа што некој ќе поседуваат ќе се убедат себеси дека имаат контрола над својот живот. Компензираат за контролата што им недостасува на друго ниво. И секако, такви што имаат ранливо его и потајно се мразат себеси. За да бидеш вистински добар љубовник и да можеш да сакаш треба да сакаш ти самиот да си искусен и другиот/другата да биде ист таков/таква. Како ќе понудиш задоволство и љубов ако му го ограничуваш тоа на другиот? Работите на своите способности, за да сакаат да се вратат и останат со вас, не на потрагата по „апсолутно“ чистата, чедната, невината...
Толку им сече во глава,или сакаат само добар провод со неа па им е тешко да се приврзат за неа ,немаат осет ,со ниска свест и култура
„Мажите“ е преголема генерализација, исто и „жените“. Има мажи и мажи, жени и жени. Зошто НЕКОИ жени сакаат искусни мажи е ист одговор на тоа зошто НЕКОИ мажи не сакаат невини жени. Може да „поминале“ премногу невини, може не сакаат да поминат низ целиот тој процес неа да ја „учат“, може едноставно се палат на искусни, може не се чувствуваат доволно „невини“ самите за да бидат со “невина“, можеби сакаат само да ја „искористат“ невината, можеби им поминало времето за „невина“, многу можеби... Секакви ситуации и потреби има... и секакви луѓе..
„Мажите“ се собираат пред зазорување, отвораат една многу, многу, многу стара книга, целата е украсена со злато и смарагди, пејат на неразбирлив јазик, веројано латински?, ја поставуваат девицата на олтарот. Се гледа замавнување на нож под светлината на месечината... И ја пијат нејзината крв!
Имам пишано по темиве неколку пати: Да е до мене, ведаш кога ќе се родиат девојчињата, ќе им ги кинат химените.
Така ве лажат вас профаните, инаку машка девица се става на олтарот и тоа се прај во 3 по полноќ. Шо кажа сеа, демек интересно нешто, па ај да се приклучам.
Благодарам! Возвраќам интерес: https://www.routledge.com/Virgin-Sa...-the-Trojan-War/Mangieri/p/book/9780367787189
Ами и Робинзон Крусо ќе го жртвуваа човекојадци на островот за малку. Никој не е безбеден. Јас пишав како стојат работите во тие обреди, младо момче се смета за најповолна жртва и обично биле принесувани машки деца. Можам и поопсежно, ама не сме во тема значењето на невиноста за боговите, дааалеку од тоа.
Ептен хард кор тема. И да. И јас гласам за ова. Кинење химени при раѓање. И завршена работа. Ти си по теми отварање. Отвори тема за ова, мислам дека ќе се развие дискусија.
Имав отворено тема за ова пред 5 6 години, темата се вика медицинска дефлорација и @WildMk не ме имитирај, ќе ти ја вратам невиноста инаку.