Цени го тоа што е искрена и те смета пред се како пријател и дели такви информации со тебе. Можела и да не ти каже, ама очигледно се осеќа блиска со тебе штом ти кажала.
Ти не сакаш партнерка. Сакаш робинка, врз која ќе имаш целосна контрола. Епа извини брат, ама не знам дали си заприметил, ама и жените се луѓе. Исто како вас мажите. Поработи на себе си и научи да не' гледаш рамно на себе. Само така ќе имаш некаква шанса за среќа. Вака... вечно ќе бидиш незадоволен. Би ти препорачала разговор со психолог, бидејќи сум сигурна дека немаш доволно капацитет за интроспекција, за да увидиш кој ти е проблемот. Со среќа *Хинт: Воопшто немаш самодоверба. Ама затоа имаш преголемо его.
@Лудио дечко, дај олабави со мислењево жити сѐ. Прво зборовите "скината", "обработи" и сличните на нив тргни си ги од речникот, стварно е потценувачки за било која жена што чита. Второ дај просветли се, живееме у 21ви век а не во 15ти. Што има врска колку секс партнери имала или колку врски имала? Ако те сака тебе, нема што да те интересира колку партнери имала и што правела со нив. Не ти ги дочитав мислењата затоа што стварно се усрамив сам од себе што читам. Мој совет е да седнеш и да си размислиш убаво, а ако твоето мислење остане исто како ова што си го пишал тука подобро раскини со девојчето, греота е да ја гњавиш со прошлоста. Поздрав
Мислам дека навистина е збунет дечково. И мене не би ми било ич сеедно така да ми каже некој ко што му кажува таа. Ама @Лудио друже, си слушнал за self - fulfilling prophecy? Од несигурност дали те сака, на крај ќе се измори и навистина нема да те сака. Одбрала да е со тебе. Тоа е битно, на тоа фокусирај се. Уживај додека трае, труди се да трае стално.
Plot twist девојкава љубоморен го прави со тоа што нонстоп го спомнува бившиот и го наведува него на истото. Секој ден за бивши да зборувате е малку чудно и незрело.
Или ако е навистина сериозен Лудио, со тој мајндсет, би требало да е среќен што воопшто има девојка. Веќе кажав во една друга тема дека кога читам вакви размислувања мило ми е што сум out of the dating game.
A te dribla malku a rece nesto pred toa ili taka mi se cini ne, ti samo taka davi ja so gluposti mn kje bide fina, voopsto sarkasticna i ironicna ja nasla slabata tocka izdrzi maski sega
Ти го прочитав напишаново неколку пати, не затоа што е очобол,иако е, туку за подобро да го сфатам.Краен заклучок , брецнато его.Тоа е она што те боли.Ок млад си ,си чекал си имал одредени очекувања и си се разочарал.Како и повеќето со првиот пат.На крајот од денот на никоја не и пишува на чело дали е скината (колку го мразам терминов ) или не.На крајот од денот тоа парче ткиво не кажува ништо за личноста што е пред тебе.Дај малку еволуирајте луѓе. Ама очигледно си доста незрел.Како прво велиш дека ти одзел некој нешто што било твое.Голема грешкаа.Нејзината невиност не е твоја сопственост.Освен ако не сте заедно од деца и не сте си се заветиле.Тоа е веќе друго.Како второ престани да се опседнуваш со тоа дали го сакала дали со него и било подобро или не.Ако сакаш да имаш врска со нејзе ако не продолжи и ке полудиш и ке си ја расипеш врската која ти е во зародиш.Наместо тоа биди фраер и направи да го заборави тој кој наводно ја повредил.Нам жените не ни е битно кој ни е прв туку последен.Како не третирате во кревет и надвор од него.Ако малку труд посветевте на тоа наместо на тоа дали е скината или не ,колку имала,колкави им биле и дали уживала ќе имавте совршени врски.Секако ако тоа го сакате.Млад си ,хормоните и повреденото его зборуваат од тебе ама ако не можеш да го оставиш ова да престанеш да го чепкаш и да и го вадиш низ нос подобро продолжи понатаму.Твојата " кариера" допрва почнува и ќе има многу на кои ќе им бидеш прв и ќе можеш да си го челичиш,хм .....егото.
Затуцани е вистинскиот збор .. Како да не размислуваат со своја глава..Како да не ја гледаат личноста пред нив...Напротив се потпираат на некои стереотипи од деда прадеда...Побитно им е што зборува селото за неа отколку неа да ја сослушаат...
Дечко убаво рече некаде во постот, 21 век сме... Се занимаваш со тотално небитна ствар.... Мм шо да прави што ми е 20ти?
Зошто си толку будала бе? Инаку @Лудио Не ме сфаќај погрешно, но имам едно прашање. Дали имаш фетиш на невини девојки? Дали сексуалното неискуство на жената те возбудува и ти дава желба за уште поголема контрола и доминација?
Ова ко 50 Shades of Grey Balkan Edition ... што е можно по невина да си ја искалапиш на твоето неискуство , и да до тебе е не знам зошто но се ме наведува дека тебе те боли фактот дека девојка ти има со што да те спореди , вака да е е невина што и да и сервираш ќе и бидеш најдобар
Дечки ја се помирив со фактот дека е скината, зборувавме вечерва и искрено и се налутив оти ми се смееше кога ми кажуваше за првиот пат.. Како била стегната и се тресела, друго ми вика не сакав ама бидна. Ја прашав те силуваше? Не напротив мн беше добар ми одговори и си се смееше иако знај дека то можи да ме повреди сега можеби ќе ја видите мојата поента зошто сум загрижен и се налутив и 2 минути не ми правеше муабет се кријаше па малце очите насолзени и беа и на крај ми рече не сакам да зборувам на таја тема. Ств нејчев, а би изгубиле ли вие невиност со некој ако нејчите? Мм Со мене е активна цела година сексуално а да мисли на првиот секс/партнер како нешто убо нели е малце понижувачки и глупо?