Точно. И јас слушав секој ден за бившата, и тоа беше толку понижувачки за мене што на крај ми пукна филмот. Не е нормално секој ден на сегашниот партнер да му кажуваш за бившиот и што сѐ сте правиле. Затоа и е несигурен дечкото.
Па да, не е. Затоа пишав понапред дека и мене би ме полудело тоа да го слушам стално. Ама проблемот е што таа не го збори тоа самоиницијативно, туку пошто он ја напиња цело време за да го збори. Нема ни да престане, се додека не го излаже или ја изманипулира да му каже дека бившиот ја злоупотребил и се кае. Или евентуално додека не му раскине. Да се надеваме на второто.
Па и самоиницијативно е. Му се јавува и кажува знаеш ли кој видов денес? Она сака да го праве љубоморен, овој не може да преболе дека не е прв. Ептен детско
Точно ама и ова подолу држи вода. Секаква варијанта може да биде. Може дечково е крајно љубоморен, може таа го пецка со тоа што нонстоп го спомнува, може уште не го преболела па го споредува со сегашниот. Кога знаеш како му влијае темата бивши на партнерот, а си го прифатила тоа, глупаво е да му се јавува за да му каже дека го видела. Јас мислам и двајцата се незрели. Инаку немаше да се трпат досега. А уште повеќе мислам дека трола.
Дечко ајде да разграничиме нешто.Ти кога си тргнал со неа веќе си знаел дека не е невина,еве јас го сфаќам некако двата да си бидат први и единствени и поискрена би била љубовта.За чувствата,сфати една работа што треба,таа бившиот не го сака веќе ,иако во тој момент го сакала или и значел ,немој да мислиш поради хименот тој и е на неа најбитен на свет,таа е на прво место вреди како човек и нејзините чувства.Ако не можеш да градиш врска со нејзе не ја мачи ниту себеси . Бившиот е веќе бивш и ти го рекла она што го мисли,а со него сигурно и било убаво затоа и била со него а што рекла дека не сакала не била убедена дека тој е вистинскиот и ете дури и да било така,било и поминало .И да ,лицемерно е ти да бараш невини после ако ја отфрлиш неа,треба и ти да бидеш .Ако ти е за егото,не се залажувај и раскини со неа,ќе и направиш услуга во животот да сретне некој кој вистински ќе ја сака и цени
Фала богу што ме разбира некој, на другите пораки не одговарам така да. Иначе таја ми спомнуваше прва за него, несвесно провоцира и од каде ја да бидам сигурен дека таа дури е со мене без разлика во кој момент дека не мисли на него? Иднината треба да ја гледа со мене и да не се врајча назад, а не како пресрејчна што е скината од друг ми објаснува ја болело, течело, се стегала емто со преголем подсмев и преубаво чувство. Можам да верувам дека ако тој и пиши по некое време и таја дека ќе го откачи зошто нема да има чувства кон него? Или ќе се врати на старото за кое мисли дека вреди (според муабетот нејзин таа ми го идеализира)
Жал ми е пријателке, ама овде не можам да помогнам. Прво јас како математичар не можам да пресметам процентуално или во дропки кој повеќе го сака она. Дали киначот или нашиов Ромео тука, намачен пустиот како грешен ѓавол дека девојка му пред него имала живот и дека била интимна со некој. Мора да ми бидат овозможени повеќе информации како волумен, плоштина, радиус, агол на закривеност на пенисот и на бившиот и на Ромео. Пошто киначот е тема на муабет секој ден, јас предлагам убаво да се научи за него, исто така да праша за време, минутажа, интервали, позиции, извод од матична книга на родените, кои форми на воздишки ги користел и сето тоа, па на крај ќе донесеме сите тука колективно кој е појак, дали овој киначот го личи да одзел нешто што припаѓа на Ромео, или нашиов е појак маж пошто ја пукнал за бившиот и 2 дена не спие тука и ни објаснува на темава.
те сакам ма Рече имаш самодоверба во сексот, мој совет е гледај и со самодоверба да не претераш, да не и' се допадне премногу на девојката, да се занесе и наместо твоето, да го каже името на бившиот на сред секс.
ау братов уште се напиња со бифшиот.. Идете година дена, а ти се замараш за шо се дешавало предтоа. Дечко у сегашноста живееш Да си ми другар ау каков бокс ќе ти лупнам за муабетов Не еден, ќе те заредам на боксови само химени ќе гледаш Ме потсеќаш на бифш што исто вака беше ,,фатен” за тој еден ши го сакав порано.И плус имаше име ко мој другар, и коа ќе кажев искачам со Х он мислеше дека со бифшиот искачам а знаеше дека се мрзиме тогаш. И ме гушеше секој ден И нему му кажав и тебе ти кажувам БОЛЕН СИ ИДИ ЛЕЧИ СЕ Преку кур ми е од вакви машки ко тебе Да ви ебам болните да ви ебам, еден нормален нема останато.Скината била, обработена била, ела ја да ти ја обработам фацата па да видиме дали ќе те сака некоја после обработен @Лудио ти може си луд ама ја сум полуда
Овој наместо пред спиење три пати да се прекрстува и оче наш да ја кажува пошо нашол девојче кое и покрај неговиве искази дека е скината, дека му го одзела она што него му припаѓа и све тоа, се туфка тука оти имала бивш. Човече си нашол уникорн што те трпи, да си ми мене нема да те погледнам а камоли нешто друго да направам. Речиси секоја девојка денес бара мажи со современи сфаќања и гледа да излезе од тие закрепостени и закоравени мислења. Или па не те знае што човек си и како овде на фемина (најголем женски форум у Мкд) ја кажуваш дека е скината. Чувај ја, затоа што ако ја изгубиш ради тоа што си силно опседнат со химени, бивши, кинење и слични глупоштини не знам колку ќе најдеш друго девојче што ќе те трпи. Ова најискрено.
Според ова изгледа дека уште не го преболела... Ама ако ти раскажала за првиот пат, по твое барање, треба да почитуваш и да се помириш со тоа. И престани да ја прашуваш за нејзиното минато како што спомна @brazilia повеќе ја тераш самиот да мисли на него. Наместо да ја потсетуваш на него пробај да изградите нови убави моменти. Ако не можеш да се помириш со тоа дека не си и единствен, најдобро е да ставите крај и да си бараш некоја која е "светица"... само што тогаш неа ќе ја копка како е со друг, па после може да ти забие рогови и да те изневери што со сигурност ти кажувам повеќе ќе те боли од ова дека си втор. Олади ако сакаш да бидеш среќен со девојкава што си сега.
Не се прај паметен. 100 пати кажав ме интересира иднината а не минатото, меѓу другото ти викаш дека си го мразела, а таја ми кажува не го мразам има разлика и причина. На почетокот не ми пречеше ич, ама сега кога почна таја да ми спомнува за него и ми дава чувства дека сеуште го сака не е сеедно, толку.
Не си размислил дека може те дупи у здрав памет?Ја така на оној му викав некад дека искачам со другарот со име ко бифшиот за да му дигнам притисок пошо знам дека се нервира, а си искачав со другарки. Ако си ѝ зборел ко шо нѝ збориш на нас овде, скината обработена не знам што и малце ти е ова шо ти го праи.Ја да сум има да го колнеш денот кога си ме запознал жими се ти кажувам.Пекол ќе ти го напраам животот. И не е паметен туку е паметнА и паметна нѝ е
A ти ѝ кажа да не ти го спомнува и дека тоа ти пречи? Разговараше со неа за ова? Не те читав од почеток и знам, можеби си пишал веќе
Кај шуто па и боде. Не наидел на некоја како @Feminka22 да виде кај се раѓа лебот Најискрено го сфаќам во тој дел со коментарите за бившите и тука нема оправдување за девојчето. Ама за останатите коментари и мислења, немам коментар, мислам стварно некој да се замара со такви работи треба да му фали нешто