И ти злато не зборај во име на сите. „сите мажи во Македонија“ Да беа сите ко тебе, одамна ќе се откажев од надежта и немаше да ги давам малите мачиња туку ќе праев мачкарник. Патем, да не ме сфатиш грешно, океј сфативме, не сакаш „возена“ (е*ате изразо), а колку имаш ти „возено“? Многу ме нервирало кога растев со татко Балканец и ми збора „И тие најдивите женкари после чесна жена барат, а нечесните жени не ги земат“ и онака го гледам дал е нормален. Ако едно важи за еден, нека важи и за друг или нека не важи за ништо зошто една кожичка плус не прај никакви забрани и нееднакви по сексуалност. И неможам да цитирам 5 страни уназад, ама знам дека напиша дека можиш да провериш дали била невина. Немора да значи. Кај некои нема крв. И ако досегашните девојки те лажеле за партнерите, не сме сите исти злато, нели - не зборувај во име на сите. И самиот го рече тоа. Патем ќе зборам ете од аспект жена кон маж, не ми смета со колку бил пред мене, ни сме се знаеле ни има некаква врска сега. И не зборам само за ова туку буквално за се. Шо ме интересира е сега и како ќе биди ситуацијата во иднина.
@anakonda88 , шо па се правдаш и кому му се правдаш, јас не знам. На темата, гајле ми е колку му значи на било кого мојот интимен живот пред него. Јас и секоја од нас е слободен човек пред се, мајка не може да ни господари со него што не носела во стомак, не па некој мочко од носот подалеку што не знае штом те условува со минато кое нема никаква врска со него. Мажите какви очајнички работи правеле за да легнат пред да бидат во сериозна врска, а откако ќе се пооделе со некоја за озбилно, какви прибрани и фини деца изигравале, повеќето де, да не им прогледувавме низ прсти и да добиваа нога по тој основ, увезување на невести или мењање ориентација ќе беше единствено чаре. За примери за принципиелни шови-фраери, знам многу, некои ептен се уникатни според брукање, подобро да не почнам да пишувам, не би било фер од моја страна. Само едно ќе речам, секој што плукал од прозор, се симнува во двор да си ја излиже плуканицата.
Pa jas sega imam 24 godini i 3-4 partneri mi zvuchat premnogu a koga kje imam 34 mozhe 4 kje mi bidat prifatlivi a i togash najverojatno kje mi bidat povazhni nekoi drugi raboti ali nemozham da znam kako kje razmisluvam togash. A za kurva se znae deka asocira na zhena so povekje seksualni partneri a za brojot na tie partneri sekoj ima svoe mislenje taka da ako za mene nekoja e kurva za nekoj drug mozhebi ne e i obratno.
Pa gi pominuvam najchesto so trchanje a ponekogash zaedno vozime velosiped pa i tamu chesto gi pominuvam taka da zavisi od situacija.
Дечко те читам и си викам, јас знам тешко се вклопувам во новиве сексуални текови и револуции ама ти брат бетер си бил од мене. Не ја напаѓај Анаконда бадијала, од прости причини што не викам дека е во ред промискуитет и постојано менување партнери ама друже, денешниве мажи не се невин цветичи што почитуваат, сакаат и чуваат жена, за што за возврат би го добиле истото и обете страни би биле лојани и ќе нема промени на партнери, која бега од арно ? Ова со "курвиве" е дискутабилна работа, еден тип вика курва за мажите е жена што не дава секој да ја ебава, друг да прашаш тоа жена што е ѓубре во душата, трет жена што ги трпи неверставата на мажот и ред др работи за својот комодитет и тн. Затоа остави поштена жена за да најдеш таква, а ако твојата не ја чуваш и не ги почитуваш жените нема на поарно да налеташ и да завршиш, арно ти вика Анаконда.
Aha znachi nekoj mazh pred da te zapoznae tebe mozhe bil ubiec i lezhel vo zatvor a ti kje mu velish ne e bitno shto si bil ubiec bitno e od sega pa natamu da bidesh dobar so mene. Smeshna teza e toa a treba da znaesh deka minatoto, segashnosta i idninata se povrzani taka da zhivotot na toj mazh ne zapochnuva koga ti kje go zapoznaesh tuku koga toj se rodil.
По ова што го пишуваш не вие мажите да не земате жени туку ние да не ги земаме, може за нечиј есап многу жени да "убил" и никогаш една нема да му биде доволна (има и такви и мажи и жени ама не се мнозинство среќа). Важно е минатото ама ако бидеш заложник на вчера ќе нема утре, и имај на ум во секоја врска учествуваат минмум во најдобар случај двајца, значи не е еден виновен за неуспехот или успехот. Ова со проверување невиност и шо ја знам ја разви платиката на химен и добар пазар си направја тие во таа бранша, благодарение на вакво размислување и сите се среќни, таа е невина, момакот е презадоволен, на тие џебот полн, подобар есап, здравје. Младо дете си, не се замарај со глупости туку најди си една девојка чувај ја убаво и ако и таа паметна ќе немаш потреба од вакви главолоблки.
И после ние сме оделе во крајности со примерите Се е индивидуално така и ова и темата на која бегаме оф топик со дискусија за маж убиец и иднина со него. На темата , ако дечко ми имал пред мене ни една врска и тон женски за онака не ми смета се дури онај е стабилен да гради иднина со мене. Не ме интересира дали е негибнат или бил со многу. Не ме интересира како ја поминал младоста зошто сите прајме и глупости и грешки.
Ај и Сашко и Пријателот и сите слични на нив да олабават со дрогите. Едниов запнал за невина e до тројца - а после тројца е калаштура, другион поделби на мачки и кучки прави. Дај бе луѓе, под кој камен живеете и од кај фаќате wifi?
Незнам на мажите колку и на каков начин им значи невиноста. Од искуство и примери околу мене, имало такви на кои им пречело, а имало и такви на кои им било „чест“ да бидат првиот, да се изразам така Јас не би сакала да сум со дечко кој секој викенд бил со различна, и неможе да ги преброи. Ми се гади од самата помисла. И иако на чело не им пишува, во поголем број на случаи се познава кои се таквите. Колку и да филозофираме, на крај и мажите и жените може да излажат во однос на бројката, така што... на крајот на краиштата секогаш секој самиот знае со кого сака навистина да остане, кога ќе го/ја најде.
Да ти кажам нешто. Овака генерациски, малце сум постара од тебе, рачунај тука сме си. Во животов, не по своја желба, израснав со машки, другарка си најдов тек во 5то одделение, и до денешен ден најмногу имам другари, помалку другарки. Истите тие. Ни еден од нив нема вакви примитивни размислувања. Ниту еден. Некои од нив се оженија, некои имаат девојки, некои се сингл. И ни еден не е сељак доволно да праша девојка за партнери, ти зборувам за мажи кои се ожениле и кои имаат деца. Како жена ти кажувам, ме праша ли партнер такво прашање, тука ни завршила приказната. И ми завршувала да знаеш, во време кога јас воопшто со никого сум немала секс, и сум била “чиста“ и “непипната“. Ама не се секирај. За секое лонче си има капаче. Во земјава сеуште има жени кои мислат дека мажот им е глава, ќе си најдеш и ти.
Значи напишав од моето искуство то е мој став, а ти можиш да го игнорираш. И ти можиш да се изјасниш на темата, нема шо да ми реплицираш за шо да зборвам. BTW гледам на секое мислење уназад имаш контрареплики, олабај дечко и своите фрустрации лечи ги на друго место, а не на женски форум.. Се регистрирал вчера па ајде сега..ако е за така јас сум против машки членови на женски форум, посебно кога се пердашат вака
Па убиваат во поим сите жени со свест дека не се своина на некое вчерашнопојавено вообразено и плитко мажуле. Не дека се претерува сега. Па уште таквите жени да земат да вршат мисионерска дејност на просветлување на попонизните моми, тоа веќе е масакр врз љубовниот живот на ваквите примероци. Aма и за нив ќе се најде нешто. Ако не е по нивен терк, барем за да им го дотера умот за што еден ден ќе бидат благодарни.
Сменети се времињата многу сега,девојчињава се сексуално активни уште на 14/15 јас лично знам милион примери.И нормално е дека ако еве таа имала долга врска пример на 15 и да трае таа врска некои си три години нормално е дека после таа врска девојката иде на следен партнер,тоа е природа,хормони.Ова не е само за девојчињата,неможе сите машки уште на 15 да ги форсирате девојките и после невина сакате да жените.Не е возможно.Греота е што од убави,паметни девојчиња стануваат некои што им се лепи етикета зошто потпаднале под влијание на некој неиживеан што неможе да почека. За мене девојка што е невина незначи дека е и "поштена",зошто има и многу други начини да се биде расипан ама машко ко машко само тоа знае.
Па гледам гледам сите женски си се бодрите тука и игледа не ви одговара различно мислење од вашето, а немам никакви фрустрации и нема потреба да ги лечам само си кажувам мои и размислувања на многу други машки што ги познавам и што мислат како мене а на кого му се свиѓа добро, на кого не пак добро .
Значи ние машките ги форсираме женските? Па тогаш сите ние сме силувачи а женските се светици кои не сакаат секс ама биле ''форсирани'' од машките. Добар изговор ти е ова.